21.10.2011, 15:35 Се земаа Бојан и Катерина
Точно пред една недела Бојан Василевски и Катерина Димитровска и официјално станаа сопружници
Од минатата сабота на младоженците Бојан Василевски и Катерина Димитровска им тече брачниот стаж. Црквената церемонија, со која почна веселбата, се случи во храмот „Пресвет�� Богородица“ во Скопје, а понатаму над 200 гости, меѓу кои и старосватицата Наташа Јанковска, се забавуваа до доцна во ноќта во ресторанот „Под Кале“. Младоженците се се' уште под импресии, велат се' беше совршено - од менито до забавата. Музиката беше разновидна, задолжена за добро расположение беше групата „Фортуна“ и на свадбата преовладуваше македонска традиционална песна, иако стартот беше со сентиш-темата на Елтон Џон „Can you feel the love tonight". За најинтересен момент го издвојуваат делот кога музичарите со зурли и со тапани, инаку изненадувањето на кумот Слободан Јаневски, го засвирија „Тешкото“, што посебно беше поздравено од гостите од странство. |