Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
21.10.2011, 17:49

Анализа

Бројки и букви

Радмила Шекеринска

Следниот пат кога ќе дремеме пред шалтерите... треба да си цупкаме и да си ги пееме стиховите на Марк Нофлер: „Money for nothing… and chicks for free“

Дали Европејците претеруваат? Дали Брисел користи лупа да ги засили нашите слабости? ��али македонските маани лажно се дуваат како балон, додека оние на нашите соседи се кријат под тепих? Многу теоретски прашања кои деновиве стануваат реторички. Далдисани по „најпатриотската“ мисија – да ја убиеме европската ламја – не се ни обидуваме да направиме своја дијагноза. На теоретските прашања не нудиме практични, уште помалку рационални одговори.

Во обид од некаде да почнам, тргнувам од позната тема: македонската администрација. Европското „огледало“ (тоа е Извештајот, според зборовите на македонскиот вицепремиер) не дава симпатична слика. Реформите се оценуваат како стохастично движење без никаква стратешка рамка. Законите се носат брзо и лесно за да пополнат ситни дупки, но вистинските проблеми зјаат како кратери. Нема јасни правила за вработување, унапредување, уште помалку за отпуштање. Владата не доставува податоци ниту за вкупниот број административци, ниту пак за нововработените.

И покрај официјалните барања на Комисијата (да не зборувам за прашањата на „овдешните“: новинари, пратеници, експерти). Вработувањата во полицијата се вршат и без конкурс (да, да, меѓу нив се и оние кои „пустошат“ низ Скопје со „дозвола за убиство“ и да, за тоа никој никогаш не е виновен). Онаму каде има конкурс, огласите изгледаат „нацртани“ за конкретниот кандидат кој веќе си купил одело за на работа, иако „формалностите“ од типот конкурс, документи, испит, интервју... не ни започнале. На што ли алудираат „клетите“ еврократи? Можеби на оној конкурс на Кабинетот на претседателот (со уставни ингеренции во одбрана и надворешни работи) со кој вработуваа биолог? Или на конкурсот во кој за статистичар за попис се бараше дипломиран музичар? Кој да ги знае – се' ќе измислат само да ни кажат „не“!

Заради сево ова, Извештајот заклучува дека бројноста на ваквите нелогичности и слабости „создава загриженост дека принципот на неполитичко вработување според заслуги не се почитува“. Вау, шокирани сме! Како не им е срам да се толку „груби“ со нас за такви „ситници“!

На толку многу букви, редно е човек да се спротивстави со неколку бројки. И тука се случува првиот проблем. Ресорниот министер налутено тврдеше дека сите податоци (за бројот на административците и на оние кои од временовработени станаа вработени „за век и веков“) им биле пратени навреме на европските службеници, ама наеднаш замолчи кога рековме нешто во стилот „Овде е Родос, овде скокни“ – и бројката остана тајна. Ако ги пратиле податоците како и нашата номинација за Оскар, долго време ќе ја следиме нивната маршрута, но тие тешко ќе пристигнат во нашите сандачиња. Нејсе, ја немаме клучната бројка; но нема да се обесхрабриме, нели?

Имаме резервна опција – ќе го консултираме буџетот. Ако не знаеме колкава војска плаќаме, може да видиме барем колку чини. Се откажуваме од „ситничарење“ и ќе ги погледнеме бројките само на дел од администрацијата. Имено, Буџетот не може да ни „шепне“ колку чинат службениците во општините и нивните јавни претпријатија ниту пак вработените во здравствените институции. Буџетот, исто така, ги одмолчува и сите оние неброени, вработени во државните јавни претпријатија и фирми со државна сопственост. Значи, без здравство, општини и државни фирми, македонската „административна армија“ не' чини цели 36 МИЛИЈАРДИ денари. И тоа само за плати и надоместоци. Без канцелариски трошоци, обуки, службени патувања и слични дреболии. Во споредба со овие џиновски 36 милијарди, парите кои одат за програмата за реформи на администрацијата (610 милиони) и за ресорното министерство (632 милиони) – изгледаат неважно и занемарливо.

Тоа се првите бројки. За мала држава, богами скапа администрација! Но, ајде да не бидеме ситничави и да признаеме дека секој државен апарат чини доста пари. Тука, во равенката влегуваат вторите бројки – што квалитет добиваме за тие пари?

Последната анализа на Европската банка за обнова и развој „Живот во транзиција“ ги анализира состојбите во 28 држави од Централна и Источна Европа, Русија и Централна Азија и, меѓу останатото, и задоволството на граѓаните од јавните услуги. Да ги предупредам сите оние кои веќе се наежија од уште еден извештај од уште една европска институција – ЕБРД е онаа банка од која евроскептичната македонска Влада секој втор ден зема кредити и тоа со пристојна камата. Кога е кредит во прашање, на Груевски наеднаш престанува да му пречи „европското лицемерие“.

Резултатите на оваа анализа не се пријатни. Македонската администрација се наоѓа на самото дно што се однесува до задоволството на граѓаните од квалитетот на услугите кои таа ги пружа. На пример, во делот на социјалната заштита, македонските граѓани се најнезадоволните од целиот ЕБРД регион (граѓаните во Монголија и Киргизстан се позадоволни од нас). Истото, последно место, го имаме и во делот на јавното здравство (далеку по Ерменија и Таџикистан). Претпоследни сме кај администрацијата за издавање на лични документи, трети одзади за стручното образование, четврти одзади за помош на невработените...

Одеднаш, „ситните“ 36 милијарди и не би биле најстрашниот дел од приказната. Маката е што даваме многу пари... за никакви услуги.

Затоа, следниот пат кога ќе „дремеме“ пред шалтерите, кога ќе чекаме на обично пусулче со месеци, кога ќе „збеснуваме“ поради самоволието на некои од „војската“ и кога ќе ја „колнеме“ Европската комисија за непринципиелност и лицемерие... треба да си цупкаме и да си ги пееме стиховите на Марк Нофлер: „Money for nothing… and chicks for free“. И евентуално да го препееме: „Пари за ништо... и овци за џабе!“

(Авторката е пратеничка)


Статијата е прочитана 1307 пати.

Испрати коментар



Гадафиеви како Романови
Разумен компромис - неодложно решение
Лидерите не влечат поуки од минатото
Министерот и фудбалот



македонец, 22.10.2011 00:25:07
Дваесет години Македонија е независна... се менуваа влади, но неефикасноста остана... како и овие сега, така и вие порано бевте на власт и можевте да направите позитивен исчекор (колку ЕУ и Бриселски ова звучи) и да ја реформирате администрацијата, но не го направивте тоа... дали не сакавте или не знаевте тоа допрва ќе се анализира... бидејќи имавте шанса а не ја искористивте да направите коренити реформи во таа област, самите докажавте дека не сте компетентни, па дури ни да полемизирате...
Blue fighter : The best, 22.10.2011 00:57:32
Nema sto da se dodade na edna brilijantna (kako i sekogas) analiza od sekogas top- podgotvenata politicarka Radmila.Samo sto iznesuvanjeto na brojkite od denesnata tragicna realnost na nasava drzava ne doagja do onie koi se najpogodeni od nivnata razorna mokj po nivnite sekojdnevni cekorenja so maki i patila.Ne citaat vesnici,ne koristat internet ,a gi posetuvaat emisari od tipot naVlatce,Ilce i ostanatata blagonadezna vmrovska bulumenta,koi im prodavaat magla ili vo podobra varijanta im podaruvaat rozevi ocila za razubavuvanje na nivniot crn zivot.Se e taka kako sto e napisano pogore,sekoj malku poumen i emancipiran ke sfati se,no malcinstvo se.Za ova da go razberat mnozinstvoto najpogodeni i najpodatlivi za manipulacija so potkup,vetuvanja i korumpiranje,treba nesto drugo ,nesto sto ke gi razbudi od losiot son i grdoto sekojdnevie.Sto e toa ? I ima li sila denes vo Makedonija sto ke gi otrezni da ne podlegnuvaat na lagite i zakanite od bolnite za vlast desnicari? Cekame vo nadez !
jovan, 22.10.2011 01:12:41
Dovolno e da napravime sporedba pomegu Kosovarite i nie. Denovive mnogu drzavi od EU, javno izjavija deka nema da go primat Kosovskiot premier, deka Kosovo e mafijaska drzava, deka Premierot im e mafijas, deka ima trgovija so drogi, covecki organi...od crno pocrno gi kritikuvaat. No Kosovskata Vlada ne i objavi vojna na EU. Mudro slusaat i balansiraat. Istoto moze da se kaze i za Srbija. Vo oci i kazuvaat da se otkaze i priznae Kosovo, no Srpskata Vlada ne objavi vojna, nego i oni mudro balansiraat i iznaogaat resenija.Kaj nas veke e jasno deka nekoj saka ovoj privaten pasaluk da si go cuva samo za sebe i da divee kako saka.Ako e potrebno so cel svet ke vojuvame, pa i so Mars ako treba, samo i samo nie da ostaneme gazdi. Nasiot slucaj se sveduva na ova, pa najverojatno ako nesto se promeni ovde, toa ke dojde od nadvor i so sila.
perica, 22.10.2011 01:39:17
chicks=ovci ????
ФЕЛИКС, 22.10.2011 10:36:29
На премиерот му пречат критиките кој се на место и тоа не е во ред,треба да молчи и да ги исправи пропустите со судството, администрацијата и делот за медиумите без А1 како пример за неслобода.Но треба да викне и провикне кога некој од ЕУ ни ја негира државата,нацијата,идентитетот и јазикот.Тука од -гѓа Шеќеринска нема еден единствен збор на протест за ваквото однесување.Зарем не и пречи Скопје,Скопјани,јазикот на државата и др.Зошто се труди од петни жили да тоа не го коментира и застанува во одбрана на нејзиниот и нашиот негатор.Е затоа членството ваше поинаку мисли од врвот на вашата партија која во недостиг на партиско делување со идеи и начини како да се заштити дигнитетот на сопствената држава посега по критика на негираниот а не по негаторот.Е затоа сте таму сега каде што и припаѓате,неавторитетна опозиција разјадена внатрешно.
od mene, 22.10.2011 11:17:29
Nikoj seuste ne se bavi so seriozna analiza na administracijata koja sto vo poslednive godini otkoga vmro i dui se na vlast, taa metastazira. Luge veruvajte, ova nikad ne bilo vaka. Vraaboteni eden kup, zemaat plata, ne doagaat na rabota, doagat koga sakaat, koga sakat si odat, pred nikoj ne odgovaraat, vo dzamija sekoj petok po cel den, ne 2 saati, se plasam iskreno deka mnogu brgo ke dojdi bankrotot, kako nasite komsii grci. ne moze da trosis poveke otkolku sto zarabotuvas. toa eden dn mora da se naplati, nikad nema besplaten rucek, samo sto site ke stradame, mekedonce, osvesti seeee, aloooo, spies vo tikvite, a utre ke nemas i od niv da jades.
MKD, 22.10.2011 14:03:49
a ti pak si dremela pred salter .. pfff ..
Nikola, 22.10.2011 16:52:59
Za prevodot na chicks (kokoski ili prenosno zenski): i Sekerinska veli da go prepeeme a ne da go prevedeme. Pretpostavuvam deka vo prepevot samo dodala uste edno mozno politicko znacenje. Jas barem taka go citam i razbiram :-)
Bitolcanec za Makedonija, 22.10.2011 17:05:32
Aman Rado, Ne sum za vas, a ushte pomalku za onie drugite sho se sega kaj sho se. Najdobro e Rado da ne pisuvash toa sho go pishuvash, oti do preku glava mu e na asli bitolcani od filozofii kako ovie tvoite sega. Pomina Rado vremeto koga na pismenite raboti po makedonski jazik uchitelite-profesorite ni zadavaa temi za kokicheto, pticite, i proletnite sonchevi zraci koi ja budat prirodata i ja toplat chovekovata dusha. Nema zaebancija poveke. Do preku glava ni dojdovte i vie i onie drugite, edno kazvaj - drugo praj. Lesno vi e vas Rado, so zaebancija kupvate apartmani, vozite djipoj, ojte na modni revii, prvi ste na Manaki, a Manaki duri beze ziv nikoj ne go shmirglashe. A nie tretite so 2 x 40 godini rabota, so dva fakulteta, so edna specijalizacija, so edna magistratura, i so eden doktorat, nie odime na pazar i kupvame piperki od 10 denari oti tie od 20-25 ni se mnogu skapi. Imajsi dobar den Rado, ama poarno ni ti ni nekoj drug da ne ne ladite sred kasna esen so takvi mudrosti.
Janakiev Nikola, 22.10.2011 20:00:36
Kole23.10.2011god. Gospa.Sekerinska ke ve molam ako znaete napisete nesto za privatizacijata.Sto Makedoncite dobija i zosto bez rabota bas oni ostanaja.Objasnini sto vie mislete koe ime da prifateme ako morame.Sekoj prvo treba da si go znae svojo koren i za nego da zbore.
Goce Delchev, Pitu Guli, 23.10.2011 07:31:34
Do Felix - Druze, pak begas od temata :), u skolo pak kec bi dobil - nedovolen (1). Denesnata tema e administracijata i partiskite vrabotuvanja, imeto na drzavata ne e tema koja se obrapotuva vo kolumnava. A koga vekje tolku miluvas da zboruvas za imeto, koe ime vie vmrovcite go branite? FYROM? Republika Makedonija (Skopje) ili nekoe drugo? Bidejkji tvojot Ofcar vo Bukurest vekje prifati promena na imeto, ako si zaboravil......

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Понеделник
Ситен дожд
Макс: 18°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |