21.10.2011, 17:32 ВМРО-ДПМНЕ ќе слави, СДСМ ќе бојкотира
Остри реплики си разменуваат власта и опозицијата околу претстојниот празник 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба
Жаклина Хаџи-Зафирова
Како и претходните празници така и 23 Октомври, Денот на македонската револуци��нерна борба, нема да помине без искричења и поделби меѓу власта и опозицијата. Социјалдемократите нема да учествуваат на манифестациите по повод празникот што беше воспоставен пред четири години. СДСМ уште од самиот почеток ја бојкотира прославата на 23 октомври, кој го идентификуваат како празник на владејачката партија и за кој велат дека ниту го славеле, ниту имаат намера да го слават. Оттаму и' порачуваат на ВМРО-ДПМНЕ да го смени името на партијата, ако сакаат да се покаже единство на прославите. Во спротивниот табор, пак, реплицираат дека однесувањето на СДСМ личи на детска работа и затоа им порачаа „да пораснат“. на социјалдемократите
„Ниту сме го славеле, ниту имаме намера да го славиме овој празник бидејќи мислиме дека тој е востановен со цел да врши партиско-политичка манипулација со граѓаните. Најдобро би било партијата ВМРО-ДПМНЕ да си го смени името само во ДПМНЕ и да каже дека наследството на историското ВМРО им припаѓа на сите граѓани, а не само на една партија. Тогаш сите заедно ќе го славиме овој празник“, изјави Гордан Георгиев од СДСМ, порачувајќи дека ќе ја продолжат досегашната практика и нема да се појават на активностите кои ќе се организираат на државно ниво.
Годинава, организатор на манифестацијата за Денот на македонската револуционерна борба е Собранието, кое ќе ја организира свечената академија што в недела ќе се одржи во Македонската опера и балет. Претходно, во 12 часот, во кристалната сала во Собранието ќе се доделува државната награда „23 октомври“ за 2011 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија. Оваа награда годинава за остварување во областа на науката и образованието му се доделува на професорот д-р Томе Неновски. Додека, за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на писателот Паскал Гилевски и на ликовниот уметник, Коле Манев.
Најавеното отсуство на опозицијата на овие настани, координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева го искоментира со порака дека СДСМ треба да порасне и да не се однесува детски.
„Еднаш одат на положување цвеќе пред споменици, а велат нема да одиме на академијата. Мислам дека треба да помине повеќе време за СДСМ да порасне и да прави разграничувања за тоа што е државен, а што партиски интерес“, рече Бонева. Таа смета дека не може да се поистоветува партискиот празник со државниот празник на Македонската револуционерна борба, па затоа е неоправдано отсуството на СДСМ. „Тоа е Ден на македонската револуционерна борба кој е посветен на жртвите за денешната слободна, самостојна и независна Македонија, а не е празник на партијата ВМРО-ДПМНЕ и не треба на тој начин да се понижува празникот. Никаде не е кажано дека е ден на ВМРО-ДПМНЕ, па да не присуствува СДСМ“, вели Бонева. За изјавата на Георгиев дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го смени името за да се слави заеднички, таа искоментира: „Недопустливи се коментари на луѓе кои не припаѓаат на некоја партија, а кажуваат кое име таа треба да го носи“.
На 8 Септември, СДСМ не присуствуваше на централната прослава на дводеценискиот јубилеј од независноста-8, што се одржаа на плоштадот. Недоразбирања меѓу двете партии имаше и на 11 Октомври, бидејќи опозицијата ја обвинува власта дека не им го дава потребното значење на НОВ и на Денот на востанието. (Ж.Х.З.)
|
|
Статијата е прочитана 2939 пати.
|
Испрати коментар
|
|
za priznanieto na Boneva, 22.10.2011 01:18:54 | So izjavata na Boneva deka Недопустливи се коментари на луѓе кои не припаѓаат на некоја партија, a кажуваат кое име таа треба да го носи“ taa PRIZNA deka e NEDOPUSTLIVO i VMROVCITE da kazhuvaat dali vo SDSM treba da se smeni Branko Crvenkovski, bidejki toa e neprimerno i skandalozno meshanje vo tugja partija.
|
| zik, 22.10.2011 02:40:37 | dobro be luge na mnogu stranici na internet se
veli deka vmro bila bugarska organizacija koja
makedonija ja smetala kako del od bugarija. |
| jimmy1, 22.10.2011 04:14:19 | Od koga 23 Oktomvri stana praznik na denot na revolucionernata borba na Makedonija. Dali e toa po vistinskata ili po VMRO-ovskata istorija. Ovie VMRO-ovski huligani ne napravija kako da sme padnati od Mars i deka neznaeme nisto od istorija.
Sve glupak do glupak, a tie sto gi izbraja se beter. |
| Tina, 22.10.2011 07:12:30 | Trojca od napred na slikata
---------------------------------------------------
Oh lele ne Ma nemij Se predavam
sakam da ajde be, sakam da odam
bidam mi, ako. doma.
tuka.
ljuge od pozadi na slikata
---------------------------------------------
Ej, nekoj Ajde, i toa Sto sakat
tamu ke pomine. sega od mene?
pravi
kapochino.
Ha,ha,ha,ha, politicari. |
| aleks, 22.10.2011 08:45:21 | svesno sraboteno od strana na eden dvajca ljuge od SDSM za podelba na makedonskoto tkivo vo oci na strancite kako uste eden argument plus za podelba na makedonija ovie drugite se kako ovci i slepo go slusaat grobarot a ne se svesni deka vo ovaa drzava ke ziveat oni i nivnite deca nemaat pari nafatirano kako grobarot da pobegnat vo nekoja druga drzava ovde ke ostanat. |
| bale, 22.10.2011 09:06:25 | sdsm sekoj den slavat,a na praznik odmaraat. |
| НЕДОВЕТНИ, 22.10.2011 09:16:42 | ВМРОвциве е навистина многу паметни.Бонева вели никаде не било кажано дека 23 октомври е ден на Македонската револуционерна борба,а не е ДЕН НА ВМРО-ДПМНЕ?!Ова е уште еден бисер,заедно со тој дека споменикот е ВОИН НА КОЊ,а не Александар!На 23 окт 1893 е формирана Македонската Ревулуционерна Организација од македонци кои се чувствувале Бугари и кои во Уставот од 1896 кој го напишале Делчев и Петров,името е променето во Бугарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети,а целта е заштита на Бугарите во Мк. и член на таа орг.може да биде СЕКОЈ БУГАРИН.Гледате ли што слави ВМРО-ДПМНЕ? |
| verle, 22.10.2011 10:46:38 | Na To - me za TAT mu davat nagrada. |
| Adem, 22.10.2011 13:45:56 | Samo cirkusi i blamazi od taa nedokvakana vlada. No izgleda deka del od narodot posasavel i ponatamu ja podrzuva. Zatoa nikoj veke ne ne racuna za seriozni raboti. Ekonomskite investicii/stranci se isto taka lakrdija za pari. |
| Од редовен читател, 22.10.2011 16:29:19 | Може ли некој да каже што се случило на 23 октомври, освен што тоа е датумот на формирањето на ВМРО? Па и на 19 март 1943 година се формирала една друга партија, но тој датум не се ни одбележува, а токму таа партија го предводеше македонскиот народ до слободата и до формирањето на неговата прва држава. Со селективен приод не се остварува толку посакуваното единство, кое и понатаму само ќе го сонуваме. |
| маак2011, 22.10.2011 18:00:58 | Како може датум на формирање на партија и тоа со бугарска провиниенција, да претставува државен празник на денешна повеќепартиска Македонија. Дури и во комунистичка Македонија 19 март ,ден на создавање на КПМ не беше празник. Некои едноставно се неиживееани!!!!! |
| Nikola - Kumanovo, 22.10.2011 18:28:20 | E moi Makedonci pogodile ste ga datum na proslavu ali mesto ste ga utnale. Treba svi do ednoga da dojdete na Zebrnjak kude pred tacno 99 god. na 23-24 okt. srpska vojska pod vodstvo na Aleksandar I Karadjordjevic gu e pobedila tursku imperiju i sas toj e zapocnaja I Balkanski Rat. A Vasa Makedonija e onolko golema dokude e stignala srpska cizma (da e stignala do Solun i on bi bija sga Vas). Nikoga Vi ne ste pobedile u istoriju , samo ste cekale nekoj drug da vi donese slobodu ili neprijatelj sam da se povlece. Istorija se cita medju redovi ali toj na Vas ne vi odgovara. Pozdrav od Kumanovo |
| Mike London, 22.10.2011 22:26:38 | A za praznikov na VMRO se sprema li nesto posebno,pa na primer STAFETA NA DPMNE za Grujo,ili nekoj slet na gradski stadion,uups prostete na Arena Filip 2 ? |
| До zik, 22.10.2011 23:34:09 | A прошетај во Бугарија секој трет е со македонско потекло. Пред сто години мало повеќе Македонци и од Грци и од Срби. |
| BitolaHamiltonCanada, 23.10.2011 03:42:02 | Samobendisaniot Bokser so tri srca i negovata marionetka povtorno ke slavat.A sto da ne koga nikoj nisto ne im mozi.Sve e nivno,sve e pod nivna kontrola.Tie te tuzat tie te sudat.Nikoj nisto ne smee da zucne.Eve jas ke se osmelam da zucnam kolku sto mozam poglasno oti sum daleku i ne mi mozat nisto.
SLAVETE IDIOTI KOLKU STO SAKATE !!!! TRI DENA I TRI NOKI OCI VADETE!!!!NA VASA SMETKA SLAVETE SO VASI PARTISKI PARI LUMPUVAJTE KOLKU VI DUSA SAKA NIKOJ NEMA ZBOR DA VI PREFRLI!!!NARODNI PARI ZA PARTISKI SLAVI NE SMEETE DA TROSITE,TOA E KRIMINAL!!! VO SEKOJA ZAPADNA DEMOKRATIJA SE ODI VO ZATVOR ZA TAKVA ZLOUPOTREBA NA NARODNI PARI!!!
No vas oko ne vi trepnuva,nikoj nisto ne vi mozi se e pod vasa kontrola,tolku ste zaneseni duri mislite ste vecni.I eden drug,isto kako vas ,poveke od 42 god. mislese deka e nezamenliv. Vidovme sto go snajde. |
| Pero Micevski Melburn, 23.10.2011 11:30:41 | Pocituvani MAKEDONSKI patrioti vi go cestitam denesniov praznik na VMRO .A na MAKEDONSKITE izrodi koi ne gi pocituvaat delata na nasite velikani koi gi dadoa svoite zivoti za nasata MAKEDONIJA im posakuvam tivko da umiraat od bes sto povece nikogas nema da go teroriziraat sopstveniot narod.A na denesnovo VMRO koe go dodade DPMNE im pozeluvam da prodolzat kako i dosega bravo NIKOLA GRUEVSKI LEGENDO MAKEDONSKA. |
| Реалист, 23.10.2011 16:14:43 | Па добро бре, овој Томе Неновски пред неколку години лежеше во затвор затоа што беше осуден како заменик-гувернер на Народна Банка на Македонија за крадење пари од ТАТ и прикривање на работата на ТАТ, а сега добива награда??? Кои се следни да добијат награди на ДПМНЕ? Даравелски? Георгиевски? Ламбе Арнаудов? Све лопов до лопова. |
| Boshko, 24.10.2011 03:41:22 | Postoenjeto na partija V.M.R.O. vo ova deneshno vreme,apsurd na vekov i zoshto takva partija i sega da postoi.Takva organizacija beshe potrebna za vreme na Osmanliskata imperija,da,za da se bori protiv Osmanliskata okupacija,Taa beshe sveta mnogu zrtvi padnaa,se gordeam so nivnata borba i pozrtvuvanost i se poklonuvam pred nivnite spomenici i spomenicite od Ilindenskata Epopeja.
No V.M.R.O.vo ova mirno vreme ZOSHTO protiv kogo ke se bori?Ili samo za pravenje svoe volie na vodachite i krienje zad ova sveto ime. |
| Donco, 24.10.2011 08:44:33 | Vrovskata vlast e golem rezil za narodecot, a toj izgleda sakat vo umot i ponatamu ja podrzuva. Tolku zavean narod nikade nemaaaaa. I se tamu e plateno od gastarbajterite, osven piperkite, gravot i lubenicite. Mizerii. |
| Бојан, 24.10.2011 08:54:23 | Во врска со коментарот на „Nikola - Kumanovo“ би сакал да кажам дека: наш македонски народ и к’д е бил под најтешко турско политичко-економско, и грчко духовно ропство, ник’д не се е предавал на околности. Народ с’с најмного востанија, непокорен народ. Наша официјална историокграфија још не говори за борбу на ВМРО на Александров и Михајлов против српски државан тероризам у Македонију, ама ке прозбори. Да, од име ВМРО или Ванчо Михајлов сви српски државници су се тресле. Вечна слава на историското ВМРО. Да живее Македонија!!! |
| slavka, 24.10.2011 20:02:50 | a be neka slavi neka nie na zdravje od egipet ke im poracame odela da pominat niz triufalnata kapija |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Слаби снежни врнежи
|
Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
Сабота
Сончево
Макс: -1°C, Мин: -7°C
|
|
|
|
|
|