21.10.2011, 17:39 Должен како Грција
На Грција ова нема да и' биде првпат да банкротира, тоа досега го направила пет пати. Поговорката „должен како Грција“ почнува да се употребува од 1893 година, која влегла во историјата откако познатиот грчки државник и славен премиер во повеќе мандати Харилаос Трикупис, во грчкиот парламент извикал:„ За жал, банкрот��равме“. Инаку, Грција првпат банкротирала поради големи долгови направени во војната за независност и ослободување од Отоманската Империја во периодот од 1821 до 1827 година. Привремената грчка влада, кога завршила војната за независност во 1827 година, практично прогласила стечај и неспособност да ги враќа долговите искористени за купување на оружје. Новата должничка криза доаѓа по војната со Отоманската Империја 1897 година која завршила со пораз за Грција. После тоа нашиот јужен сосед уште два пати прогласува неможност да ги враќа заемите во 1921 година, и во 1932 година. Дали е на праг прогласување нов банкрот. (С.М.) |