Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
21.10.2011, 17:37

Банкрот лошо звучи, но што значи

Повеќе странски експерти сметаат дека Грција нема да може да избегне банкрот, нашите аналитичари ги објаснуваат последиците

Соња Маџовска



Додека европските лидери до последен момент ќе преговараат за да да постигнат „глобален и амбициоз��н одговор“ за кризата во Грција и Еврозоната в недела, шефот на втората по големина германска банка Комерцбанк, Мартин Блесинг, истакна дека евентуалното доброволно учество во банкарскиот сектор во помошта за Грција нема да биде доволно и ја повика Атина да објави банкрот. И не само Блесинг, повеќе експерти сметаат дека Грција веќе подолг период живее во хаос и затоа тие посочуваат дека земјата нема да може уште долго да го избегнува прогласувањето на банкрот.

Откако грчкиот парламент го изгласа Законот за мерките за штедење, со кој се намалуваат платите и се зголемуваат даноците, светот сега чека потег од Грција, а владата на Јоргос Папандреу смета дека оваа мерка ќе и' овозможи нова транша од спасувачкиот план и ќе ја извлече од банкрот.

Дали Грција ќе се извлече и овој пат или ќе мора да прогласи банкрот?

И она што ги става луѓето во дилема е што ќе значи тоа за Грција, за Европа, но и за Македонија?

Професорот Томе Неновски од „Американ колеџ“ ги кажува сите можни сценарија и смета дека има можност за спас на Грција, а со тоа и на сите други земји што се во слична состојба, но ги објаснува и другите песимистички сценарија за кои вели дека не сака ни да помисли дека може да се случат, бидејќи последиците ќе бидат далекусежни.

Ќе тргнеме од најоптимистичкото сценарио кое во никој случај не е безболно. „Оптимистичко решение за кризата во Грција може да биде прогласување на контролиран банкрот. Со тоа на земјата ќе и' се простат дел од долговите или пак ќе се направи репрограмирање на долговите со намалување на каматите. Во тој случај банките кредитори сигурно ќе бидат во загуба и ќе имаат потреба од докапитализација, што би се решило со помош од заедничкиот солидарен фонд на европските земји. Во ова сценарио Грција ќе мора да спроведе силна дисциплина, што е очигледно тешко“, објаснува професорот Неновски.

Тој посочува дека Грција, сепак, е помалиот проблем за решавање, со надворешен долг од 350 милијарди евра, но уште пострашно е ако треба да се решаваат Италија или Шпанија, кои имаат надворешни долгови од над илјада и 500 милијарди долгови. Тие се три пати поголеми балони, кои ако пукнат може да биде многу пострашно.

Прогласување целосен банкрот на Грција ќе значи и објавување мораториум на плаќањето на сите обврски на државата кон странство.

„Во тој случај, Грција нема да ги враќа ратите, ќе и' се намали рејтингот на најниско ниво, со што нема да има пристап до пари на надворешните пазари. Ќе се појави застој во исплатата на плати, пензии, што ќе ги продлабочи социјалните немири. И стопанството се' повеќе ќе ја губи кондицијата, а буџетот ќе се празни. Поради сето тоа државата ќе ги одлага обврските и ќе се обиде да се задолжува дома, или ќе бара средства од Народната банка на Грција. Но, тука проблем е што таа нема да може многу да и помогне бидејќи е дел од еврозоната. Решенија за ваквата ситуација може да бидат продажба на државен имот, но тоа Грција и досега можеше да го направи, а не го стори. Или пак да излезе од еврозоната. Враќањето на драхмата може да им помогне да закрпат некоја дупка. Централната банка во тој случај ќе може да и' дава на државата и да печати пари, но постои силна закана од висока инфлација. Тоа е ламја со многу глави“, вели овој аналитичар.

За Европа излегувањето на една земја од еврозоната ќе биде поразителен потег. „Тоа е земјотрес со неверојатен интензитет“. „Тоа е лош сигнал и за другите земји и ќе предизвика и големи проблеми кај европските банки кои се грчки кредитори. Тие ќе трупаат загуби. Банките ќе снемуваат капитал, можно е и некои од нив да банкротираат. Нема шанси во таква ситуација банките да останат здрави. Затоа европските земји се борат да го зголемат солидарниот фонд за помош“, додава Неновски.

За тоа како може да се одрази прогласувањето на банкрот од страна на Грција врз Македонија, аналитичарите велат дека се' зависи од од тоа во кое сценарио ќе влезе Европа. Според нив, негативни влијанија ќе има, бидејќи ние сме мала економија и немаме сила да се бориме против вакви лоши сценарија, кои можат да ја зафатат цела Европа.

Дел од странските експерти, пак, објаснуваат дека банкрот на суверените долгови води кон години и години ценкање меѓу банкарите и сопствениците на државни обврзници од банкротираната држава. Условите што ќе се договорат се често нефер и, во многу случаи, водат кон втор банкрот. Искуствата на Украина и Еквадор во 90-тите години од минатиот век се поучни. Русија е уште една земја која сериски ги има реструктурирано своите дол��ови, последен пат во 1998 година, кога беше спасена од повторен банкрот поради растот на цените на нафтата. Аргентитна и другите должници ја немаа таа среќа, а таа поради економската се најде и во тешка политичка криза. Сега на Грција и' се случува слична состојба, бидејќи економската повлекува и социјална и политичка нестабилност. Недела е, сепак, денот Д, по кој ќе се знае во какво сценарио ќе влезе Европа.


Статијата е прочитана 2938 пати.

Испрати коментар



СДСМ поднесе кривична пријава за прекинатиот попис
Како се спаси Ирска
Должен како Грција
ВМРО-ДПМНЕ ќе слави, СДСМ ќе бојкотира
Судирот Црвенковски - Бучковски стигна до фаза на жалење



pu pu ne vazi, 22.10.2011 01:32:41
Gledajte go na slikata, grchki seljak! Abe im kazal li nekoj deka farmerka i sako ne e u moda vishe. Pa ushte i mashna. LELEee! A se nadevam vie u Makedonija go znate toa vishe, ili?
Pero, 22.10.2011 14:59:48
Ti be pu pu vesnik ili slikovnica citas? Toa ti se vide najinteresno od celata vest? Daj ziti se prosvetli ne kaj ucese za gragjanin da ne slucajno se isposeljacime nesakakji.
Бојан, 23.10.2011 00:03:28
И вакви и задолжени за нас се запад. Сите се солидарни со грците за разлика од нас никој ниту го интересира, а камо ли да и помогне на Македонија.
Tina, 23.10.2011 06:49:58
EU i site vo toj klub, ne zasluzuvat da bidat ili postojat vo 21-vi, vek. Sram na site sto ja izlozuvat vakva nerazberlivost. I nas ne krivat? Starite mapi imat ine Makedonija. Starite mapi nemat ime Grcija. Starite mapi imat ime Makedonija. Starite mapi nemat ime Elada. Znaci Evropa im dade ime Grcija, i gi turna drugite samostojni naciji po ime na, Trojancite, Spartancite, Mikenite, Itaka-na tamo, pod eden nepostoen, novo izmislen sojuz, i gi istrebi Makedoncite, koji bea vistinski naslednici na se vo tie oblasti, oti sme krvno vrzani to Mikenite, Trojancite, Spartancite, Itaka-na tamo deka se preseluvale nekoi Makedonci. Grupa Makedonski eliti, se preselija vo denesna Italija, i vo nijnite anticki grobnici ima anticno pismo, koje oste ne e prevedeno. Istoricarite taka kazale. Grcite neznajat da go prevedat, oti ne se Makedonci. Jas go prevedov. Samo na nasite istoricari ke im go dadam prevedot. Ne pisuva nisto za nekoji Grci ili Rimjani. Samo za otk
коки, 23.10.2011 08:45:39
Анализата е површна и изгледа дека е препишана. Можеби грешам, но не сватив, какви ќе бидат ефектите ако Грција банкротира, а какви ако не.
slavka, 23.10.2011 10:10:46
a be koj ja odnese grcija vo bankrot narodot ili trite 666ke vidime

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 2°C

Облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: -2°C, Мин: -9°C

Сабота
Сончево
Макс: -1°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |