21.10.2011, 17:40 Како се спаси Ирска
Ирска е меѓу последните примери на банкротирани земји. Таа, сепак, успеа да се избори во целост со кризанта битка. Оваа земја, по колапсот на банкарскиот сектор ги надминала сите проблеми и продолжува понатаму. Уште пред неколку години келтскиот тигар беше со скршени заби и без долгорочна перспектива. Ирска заедн�� со Грција и Португалија, мораше да побара финансиска помош од стотина милијарди евра, а предвидувањата за раст не надминуваа повеќе од 0,5 отсто. Ирска на изненадување на сите, оствари раст од 1,3 отсто во првиот квартал од оваа година и вработи 14 отсто од невработените. Инвеститорите веќе подолго време ја разгледуваат и анализираат Ирска одвоено од грчкиот, португалскиот, италијанскиот и шпанскиот случај. Мерките за штедење, кредитот од Европскиот фонд за стабилност, претприемачкиот оптимизам и дисциплина се сметаат за врв кој го достигна Даблин. Но, кога Ирска во целост ќе го затвори кризното поглавје од нејзиниот просперитет, се зависи од надворешните фактори кои имаат големо влијание. (С.М.) |