21.10.2011, 17:29 Судирот Црвенковски - Бучковски стигна до фаза на жалење
Лидерот на СДСМ возврати на критиките од некогаш блискиот соработник
Владо Бучковски, поранешен премиер и лидер на СДСМ, а сега најгласен критичар на актуелното раководство на партијата, му порачува на Бранко Црвенковски да излезе на непосредни внатрепартиски избори, ако е убеден дека е неприкосновен меѓу социјалдемократите. Реакцијата следи откако Црвенковски изјави дека го жали Бучковски што дошол во ситуација постојано да повторува едни исти работи за матичната партија.
Пак пламна судирот меѓу некогаш блиските соработници, што почна да се разгорува по предвремените парламентарни избори. Тие двајцата се виделе последен пат на 7 септември, на средбата што ја организираше премиерот Никола Груевски по повод Денот на независноста. Неколку часа подоцна Црвенковски го нарече Бучковски „омилен опозиционер на Груевски“, а потоа, речиси месец и половина, ги игнорираше забелешките што тој му ги испраќаше преку медиумите, залагајќи се за реформи и критикувајќи ги политиките на матичната партија.
Сепак, лидерот на СДСМ, деновиве, не го поштеди Бучковски од критики, туку во интервју за Алсат, му порача, меѓу другото, дека немаат смисла неговите барања за непосредни избори во партијата, бидејќи во 2004 и тој бил избран за лидер на СДСМ од делегатите на конгресот. Црвенковски напомена дека не се чувствува загрозен од Бучковски, бидејќи во сите партиски форуми атмосферата била мирна и работна. Освен тоа, тој е убеден дека и да излезе на непосредни избори, повторно ќе биде избран за лидер на социјалдемократите.
На лидерот на СДСМ му пречи што вниманието на јавноста се насочува кон опозицијата, во ситуација кога во државата врие од проблеми што ги предизвикува власта. Не му е сеедно ниту што Бучковски незадоволството го изнесува јавно, и покрај тоа што, како што рече, партиските тела биле отворени за дебата на која било тема, па и за смена на кормилото.
Одговорот на Црвенковски стигна до Бучковски, кој деновиве е во Црна Гора, каде што, како поранешен премиер, учествува на конференција за Балканот. „Црвенковски продолжува со очајните настапи по изборите, со кои само потврдува дека не знае што да прави и дека му е најлесно да си измисли внатрешен непријател“, возвраќа Бучковски.
Според него, нормално е опозициска партија по избори да се занимава со себе и да се фокусира на внатрешни реформи. Тој тврди дека истите забелешки ги изнесувал и на седниците на партиските тела, додека беше член на Централниот одбор, ама дека и тогаш му велеле дека пред избори не е вистинско време да се зборува за тоа. „Ако Црвенковски е толку сигурен во себе, јас го охрабрувам да свика вонреден конгрес и да распише непосредни избори за да си го тестира легитимитетот кај целото членство. Јас, пак, сум убеден дека никој од неговото опкружување нема да помине на непосредни избори“, вели Бучковски.
Идејата на Бучковски за непосредни избори датира од есента 2006 година, откако СДСМ ги изгуби изборите и почнаа барањата за негова смена од лидерската позиција. Истиот предлог сега е ставен во оптек повторно , како една од формулите за демократизација на партијата. Во меѓувреме, се сменија уште двајца лидери во СДСМ, Радмила Шекеринска и Зоран Заев. Црвенковски се врати на партиското кормило во мај 2009, кога му заврши мандатот како шеф на државата. На конгресот во јули годинава во Битола делегатите безмалку со консензус му изгласаа доверба, повикувајќи се на поправениот изборен резултат, во споредба со изборите во 2008 година. (A.M.M.)
|
|
Статијата е прочитана 5229 пати.
|
Испрати коментар
|
|
ФЕЛИКС, 22.10.2011 09:53:02 | Ако се врви најдобро како што вели лидерот-губитник во нивните редови тогаш зошто не се прашува обичното членство што мисли за неработата на партиското раководство.Па нели се овие од врвот на некадарните се демократ до демократ.Едноставно се игнорира обичното членство оти знаат ептен добро кој тоа таму им ја загорчи петкратно партиското опстојување а членството ќе побара за тоа одговорност.Вака им е најкомотно да се расправаат со неколцина кој бараат одговорност за изгубените јунски избори кој лидерот-губитник им ги представи како успешен пораз.Исходот од пресметката меѓу овие двајца ќе биде неважен се додека членството не се освести и се ослободи од оние кој партијата им ја урнисаа. |
| krle, 22.10.2011 11:29:49 | A be Crvenkovski moze e ocaen ama Bucko e us..n od strav, kradel batkata ama dokazlivo! Sega se vitka levo-desno, odlaga, ama tesko da se izvlace... |
| Димитар, 22.10.2011 12:02:14 | Многу ме потсетува овој Б.Ц. на Чавез и (бог да го прости) Гадафи ... вечен,најпаметен,најомилен,нај...каков синдром би се викал овој Najov sindrom ;-))) |
| b5l2, 22.10.2011 18:29:27 | Господа први меѓу еднаквите сте биле и сега сте.Престанете да се препукувате и да го делите членството, ова ептен им одговара на противниците, ако имате нешто да си кажете седнете и кажетеси.Но водете барем малку сметка и за малку останатото лојално членство кое е изложено на туртури и деградирање.Неопходни се реформи во партијата и истите сега нека почнат одоздола па нагоре бидејќи имаме катастрова раководители и раководства по ОО. |
| atanasija, 22.10.2011 19:33:38 | Proverka na avtoritetot?Ajde ,ednas neka povika Buckovski da se sobere narod i da pojde pred Vladata (neli tamu i se kroi sudbinata na Drzavata i na narodot) da bara odgovor zosto,na primer,vo Evropskiot izvestaj za Makedonija e izostaven zborot makedonski jazik...narod...drzava,a toa go imalo vo vremeto na g.Crvenkovski,na primer,toa e i najaktuelno,ili zosto Vladata tolku siroko ke dava krediti za mladi bracni dvojki,no ne pomisluva da dade krediti da se otvorat rabotni mesta za tie dvojkiili nim da im pomogne sam ite da pocnat sopstveno proizvodstvo...Ima uste mnogu temi ,sto mozat da motiviraat bilokoj opozicionen vodac da trgne vo baranje na odgovor od Vladata.No,ne:g.Buckovski ,iako pred dva-tri meseci povtorno bese prifateno vodstvoto od g.Crvenkovski na SDSM,to bi sakal odnovo da testira.Znaci,ne zavrsuva politickiot serijalvo Makedonija-sekoj ima nesto da kaze.Aj,za promena,napravete nesto... |
| aleksandar, 22.10.2011 20:39:13 | Ej aman od komentarite od tipot se plasel bucko od sudskiot proces, pa pravel ova pa ona!Centarot za spekulacii na sdsm na celo so natka piratka malku da ne odmori od ovie gnasni i nefer obvinuvanja. sto vi e kriv covekot za javno iznesena kritika Covekot bar za razlika od tie uplaseni rakovod
iteli na partijata javno i jasno zboruva za realnite problemi na sdsm aloooo! A ako bese uplasen sigurno ovie 4 godini ke molcese a ne taka javno da ja napaga vladata na gruevski! |
| Mike London, 22.10.2011 22:14:58 | Do Dimitar:
A mene Grujo me podseka na Hitler,ili poubavo na Staljin,a so vikas Dimitar,neli? |
| zedorf, 22.10.2011 22:45:38 | a be koe clenstvo ke ve bira vie ni jazik priznavate ni drzava . se gleda deka ste za sfrj uste i kazuvate deka imate clenstvo ,kazetem na clenstvoto deka ste za promena na imeto i da vidite kako ke pominite. |
| Кристина, 22.10.2011 23:06:06 | Моментално нема подемократска партија од СДСМ во земјава.
На конгресот во Битола членовите барем сто пати беа повикани да излезат и кажат што да се прави со партијата. Бучковски беше присутен, но тоа не го стори.
Гласањето се одвиваше тајно (демократски).
Мнозинството изгласаа доверба, ама имаше и некои што не изгласаа доверба.
Е, сега - што да правиме што таквите ги има во мал број?
Ние сме партија што се води по препораките на МНОЗИНСТВОТО членови, а не од некое ситно малцинство. |
| Dragica Lapajkoska-belchevska, 23.10.2011 01:27:06 | Interesno e deka na mnogu gradonacalnici,ministri itn megju koi i Buckovski vokoj Crvenkovski najmnogu veruvase i go forsirase isto kako i so Ljupco Georgievski i Nikola Gruevska vozvracaat so posebna blagodarnost.
No najmnogu sto me iznenadi od Buckovski e sto kako Gruevski pocna kako zenite na rekata.
Ako Grujo e nevospitano stvorenje,kaj Bucko seuste veruvam deka sum go ocenila kako umen covek.
Dajte,frlete gi sekirite vo voda.
Makedonija e vo prasanje,a ne suetata. |
| slavka, 23.10.2011 10:05:07 | a be ne gi zalete zalete se sami zasto ja zadolzivte zemjava sto ni vulkan da izbije ne ja vadi od dolgovite |
| seirdzija, 23.10.2011 13:49:20 | Kako e Buckovski se poglasen vo kritika na B.C.,taka i stivnuva sudskiot predmet koj se vodi protiv nego.Ova go pisuvam kolku da ne se zaboravi....,a eve i uste edna prilika da se procita nebuloznoto macence za pobednicite za koi istite spisoci za izbori i za popisot ne bile isti...straoten lopovluk...i vo glasovi i vo gotovina....so ogled deka maceto vrti edna te ista ploca ocigledno e deka i toj ima zaglaveno so menici..... |
| Bule oladi, 23.10.2011 17:47:49 | Abe Bule, daj oladi.Zarem ne gledas kako se vmro-vcite sladat. Ke si odi Brane ne se sekiraj, ama koga ce bide pogodno. Ne moze da mu gi ispolnuva zelbite na Gruevski, koj popoat e sitna riba za Brane, iako toa momentno ne izgleda taka. Vremeto ke pokaze, a ne ti. Uste ednas, ajde oladi! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Облачно
|
Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: -3°C, Мин: -6°C
|
Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|