20.10.2011, 18:56 Новинарите на А1 повикани во УЈП
Најмалку десетина новинари и уредници на веќе згаснатата телевизија А1 деновиве примиле покани од Управата за јавни приходи. Во поканите не било наведено зошто се повикуваат новинарите да дојдат во УЈП, но тие претпоставуваат дека се работи за даноците поради кои телевизијата се најде под лупа на даночниците. „Десетина мои колеги се повикани следната недела да дојдат во УЈП. Претпоставувам дека сега од нас ќе се бара дополнително да плаќаме данок, иако на поканите не стојат ниту изн��си на плати, ниту колку од тие средства се предмет на оданочување“, вели за „Утрински весник“ еден од поранешните вработени во А1. Според нашиот извор, не треба да се исклучи можноста вакви покани од УЈП да добијат сите некогашни вработени во телевизијата. На 25 ноември, лани, кога полицијата и инспекторите на УЈП влегоа во А1, првиот човек на УЈП, Горан Трајковски, изјави дека акцијата нема никаква врска со работењето на телевизијата. Кратко потоа на социјалните мрежи се појавија списоци со имиња на новинари и износи што тие, наводно, ги примале во кеш. (Љ.С.) |