23.10.2011, 13:08 Уапсен и најстариот син на Гадафи, Саиф ал-Ислам
Најстариот син на Моамер Гадафи, Саиф ал-Ислам, е фатен жив и неповреден, соопштија претставниците на новата власт во Либија.
За Ен-Би-Си телевизијата изјавија дека Саиф бил фатен во градот Несим, во близина на Бани Валид, заедно со Муса Ибрахим, поранешниот портпарол на режимот на Гадафи.
Претходно, Саиф ал Ислам се обрати до приврзаниците со порака во која вели дека е жив, се наоѓа на територијата на Либија и дека планира да продолжи отпорот против бунтовниците
|