Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
24.10.2011, 18:34

Мислења

Крај на капитализмот

Славој Жижек

Ние не сме сонувачи. Ние се будиме од сонот што се претвора во кошмар. Ние сме сведоци на тоа како се уништува системот самиот себеси

Сите ние сме губитници, но вистински губитници се оние што седат во канцелариите на Волстрит. Тие се спасени со милијарди наши пари. Не' нарекуваат социјалисти, но тука секогаш постоел социјализам за богати.

Велат дека не ја почитуваме приватната сопственост. Меѓутоа, во финансискиот крах во 2008 година е уништен многу повеќе тешко стекнат приватен имот отколку што тука сите заедно би можеле да уништиме ако деноноќно уништуваме.

Ви велат дека сте сонувачи. Вистински сонувачи се оние што мислат дека работите можат вака во недоглед. Ние не сме сонувачи. Ние се будиме од сонот што се претвора во кошмар. Ние ништо не уништуваме. Ние сме само сведоци на тоа како системот се уништува самиот себеси. Сите ја знаете класичната сцена од цртаните филмови. Мачката доаѓа до процеп, но продолжува да оди, игнорирајќи го фактот дена нема почва под нозе. Дури откако ќе погледне долу и забележи дека нема почва, таа паѓа. Тоа е она што сега го правиме. Им кажуваме на луѓето од Волстрит: „Еј, погледнете долу!“.

Кон средината на април, кинеската влада забрани прикажување филмови и продажба на романи во кои постои обработена алтернативна реалност или патување низ времето. Ова е добар знак за Кина. Тоа значи дека нејзиното население и понатаму сонува за алтернативи, па државата морала да ги забрани.

Тука не ни треба забрана, бидејќи владејачкиот систем во целост ни ги уништи капацитетите да сонуваме. Обрнете внимание само на филмовите што ги гледаме. Лесно е да се замисли крај на светот – некој астероид што го уништува целиот живот. Но, не можеме да замислиме крај на капитализмот.

Што тогаш правиме тука? Дозволете ми да ви кажам една прекрасна шега од комунистичко време.

Еден човек е испратен да работи од Источна Германија во Сибир. Знаел дека неговата пошта ќе ја читаат цензори, па им кажал на пријателите: „Ајде да смислиме некоја шифра. Ако писмото што го добиете од мене е напишано со сино мастило тогаш е вистинито, а ако е со црвено тогаш е лажно“. По еден месец неговите пријатели го добиваат првото писмо. Целото е во сина боја. Во писмото пишува: „Овде е прекрасно. Продавниците се полни со храна. Во кината се прикажуваат добри филмови од Запад. Становите се големи и луксузни. Единствена работа што овде не може да се купи е црвено мастило“.

Вака живееме. Ги имаме сите слободи што ги сакаме. Но, ни недостига црвено мастило, јазик со кој би го артикулираме нашиот недостиг од слобода. Начинот на кој не' научија да зборуваме за слободата – војна против тероризмот итн. – ја фалсификува слободата. И тоа е она што сите го правите овде, ни давате црвено мастило.

Меѓутоа, постои опасност. Не заљубувајте се во себе. На сите ни е убаво тука, но добро запаметете: карневалите се евтини. Она што е важно е денот потоа, кога сите ќе се вратиме на своите животи. Дали нешто ќе биде поинаку? Не сакам сите кога ќе се присетувате на овие денови, да кажете: „Ох, беше толку убаво и бевме толку млади“. Не заборавајте дека нашата главна порака е: „Дозволено ни е да мислиме за алтернативи“.

Долг е патот пред нас. Мораме да се соочиме со вистински сериозни прашања. Знаеме што не сакаме. Но, што е тоа што го сакаме? Која социјалистичка организација може да го замени капитализмот? Какви нови лидери сакаме?

Запаметете дека проблемот не е ниту корупцијата ниту алчноста. Проблем е системот. Тој ве тера да бидете корумпирани. Чувајте се не само од непријателите, туку и од лажните пријатели кои веќе на големо работат за да го „разредат“ овој процес и како што добивате кафе без кофеин, пиво без алкохол, сладолед без маснотии, ќе се обидат од ова да направат безопасен, морален протест – таканаречен процес на „декофеинизација“.

Причина за нашето присуство тука е тоа што ни е доста од свет каде што за да бидеме задоволни од себеси, ни е доволно да рециклираме лименки „кока-кола“, да дадеме неколку долари во хуманитарни цели или да купиме капучино „старбакс“ каде што еден отсто од неговата цена оди за гладните деца од третиот свет.

Не сме комунисти, ако комунизам значи оној систем што се урна во 1990 година. Запаметете дека денес тие комунисти станаа најефикасни и најсурови капиталисти. Во Кина денес имаат капитализам кој е подинамичен отколку американскиот, а не му треба демократија. Не дозволувајте да ве уценуваат дека сте против демократијата ако го критикувате капитализмот. Бракот меѓу демократијата и капитализмот е готов.

Промени се можни, но што сфаќаме како можно денес? Доволно е само да ги следите медиумите. На една страна, во технологијата и сексот се' е можно. Можете да патувате во вселената, да станете бесмртен со помош на биогенетиката и да имате секс со кого било или што. Од друга страна, кога подобро ќе ги погледнете општеството и економијата, речиси се' се смета за невозможно.

Сакате да ги зголемите даноците за богатите, а тие ви велат дека тоа е невозможно, затоа што ќе се загуби конкурентноста. Сакате повеќе пари за здравството, а тие ви велат: „Невозможно, тоа подразбира тоталитарна држава“. Дефинитивно нешто смрди во светот каде што ви ветуваат дека ќе бидете бесмртен, а не може да се издвои уште малку за здравствена заштита.

Можеби тука треба да ги одредиме приоритетите. Не сакаме повисок, туку подобар стандард. Една работа поради која сме комунисти е затоа што се грижиме за основните проблеми – природата, интелегенцијата, биогенетиката... За ова, и само за ова, вреди да се бориме.

Комунизмот навистина падна, но сите проблеми останаа.

Ни велат дека ние тука не сме Американци, но конзервативните фундаменталисти што тврдат дека се вистински Американци треба да се потсетат што е христијанство.

Тоа е Светиот дух. А што е Светиот дух? Тоа е егалитарно друштво на верници што ги поврзува меѓусебна љубов и кои така се однесуваат само на сопствена одговорност. Во оваа смисла, Светитот дух е овде сега со нас. А таму долу на Волстрит се пагани што богохулат и обожуваат идоли. Се' што ни треба е да бидеме трпеливи. Ме загрижува ако се случи сега само да си одиме во своите домови и во иднина еднаш годишно да се состануваме, пиеме пиво и носталгично се сеќаваме како ни беше убаво тука.

Ветете си себеси дека тоа нема да се случи. Знаеме дека луѓето копнеат за нешто, но, всушност, тоа вистински не го сакаат. Не плашете се вистински да го сакате она за што копнеете!

(Авторот е словенечки филозоф, културен критичар и теориски психоаналитичар. Тој е еден од најплодните филозофски автори на денешницата. Ова е дел од обраќањето пред приврзаниците на движењето „Окупирај го Волстрит“ пред десетина дена во Њујорк)


Статијата е прочитана 1468 пати.

Испрати коментар



Епидемија на патриотизам
Погрозно, покрваво, најморбидно
„Уа скопјани“
Баксузна опрема



jovan, 25.10.2011 00:24:23
Svetot vo koj zivotot bese poopusten go snemuva. Drzavite kako Kina, Indija... nametnaa edno tempo so koe gi prisilija lugeto da se trkaat. Ednostavno pocnuva da snemuva mesto na planetava, ili potocno, mesto mozebi i ima, no resursi, voda, bakar, gorivo, ...nema veke dovolno za sekogo.Posebna prikaska e i problemot so zagaduvanjeto koj od den na den e se postrasno. Pa zatoa svetot i lugeto vo nego pocnaa da razmisluvaat kako da se na natprevar. Ako ne stignam jas prv da zemem, ke go zeme nekoj drug. I se stana napnato, neizvesno. Covestvoto za prv pat se sudruva so ovoj problem, i tuka veke ne e kriv tolku kapitalizmot, socijalizmot, kumunizmot ili bilo koja druga ideologija/religija. Ednostavno nemoze veke naselenievo da se prehrani soodvetno i pokraj toa sto tehnologijata napredna i naprednuva se poveke. Problem e prostorot i resursite.
USA, 25.10.2011 00:44:12
Occupy Wall Street sobraa $500,000 pomos. Veke pocnaa da se raskaruvaat deka parite se delat nesrazmerno (za istoto sto go obvinuvaat Wall Street). Trebalo odborot da se sostane za da odluci koj i kolku ke dobiel. Hahahaaha, a koj e vo odborot zema prvo za sebe, pa posle za drugite. Covecki faktor e problemot, NE SISTEMOT.
граѓанин, 25.10.2011 00:52:21
Ве молам продолжете да објавувате статии за оваа актуелна тематика во светот. Исклучително е битно да се шират овие идеи. Знам дека звучи утописки па и паранои��но, но наскоро дури и во македонската заостаната духовна и опшествена свест ќе има промени како дел на неминовните глобални промени на подобро.
Martin, 25.10.2011 01:10:44
Sekoja cest za napisanoto gospodine Zizek. Za zal kolku li lugje gi razmisluvaat, procenuvaat i sogleduvaat rabotite kako Vas. Veruvam mnogu malku. Tragikomedija koja ja ziveeme, kade najgolemite monstrumi i kreatori na tn demokratija se velicani, a nekoi od niv duri i nagraduvani so nagradi za mir. Kakva tragikomedija, kakvo licemerie?!Gebels e novorodence za denesnava fasisticka propaganda, a lugjeto kako lugje veruvaat vo podobro utre.So urivanjeto na Istocniot blok samo lugjeto od Zapadot mislat deka Istokot podobro zivee denes.Se soglasuvam no toa se samo onie 5% koj so kriminal dojdova do kapitalot (pomognati od tajnite sluzbi od Zapadot sekako) i istite gi imaat pod svoe mediumite. Realnosta e sosema poinakva.
Ljubotan-Trade Name, 25.10.2011 05:49:52
Ne e vreme, da mnogu Glagolisem!Jas sum Hriscanski Komunist!Znam mnogu od Citatelite Mislat ;Komunizam e izmislotina na Marx ! Ne,ne,ne;Komunizam e Latinska rec-Zbor od Mmogugodisno Ljubicasto cvece Komunus Yuperus!,i ima latinsko Znacenie predi Hristos. i Noviot Zavet! Zapadniov svet,Propagira Sakame:Zdrav Komjuniti-Naselba-Opstina-Selo [Podelba na;Dobro i Loso,Da imane i Nemane,da gi delime i imame zaednicki;Radostite i uspesite zaednickli,pa zartem ova ne Hrascanski] Ooo,a zapadniot kapitalizam cini-pravi mnogu ubava Anti propaganda za Komunizmot,a za svetskata Komuna sve Najloso! Za nivnata Komjuniti se najubavo!Svetov, vece saka Global Latinski Komjuniti-Zam,a ne Judedo-Papski ,,Hrscanski Komuniti~!
Трпе, 25.10.2011 07:33:30
Да.да башпроблемот е во тоа што нема црвено мастило.Сигурно некој го крие за себе.Кога ке дојде време за да го користи.И кај нас кој сака да дојде на власт сите лажат.Ама оваа сегашнава власт што лаже не се разбира што е тоа бесконачно.....Комунизам не е имало никогаш и нема да има,имаше само една фаза која се нарекуваше СОЦИЈАЛИЗАМ.Ама овој на СФРЈ,каде се наоѓаше и РМ беше нешто измеѓу.ИМаше и приватно и државно.А во најблиските соседи не постоеше ЧАСНО.Ајде прекинувам мора да работам 24/7 за нашиот владетер,да не му падне Рејтингот.
P.Petar, 25.10.2011 08:57:05
Jas bi gi simplificiral rabotite i bi rekol: Vo golemiot Zapad odnosot na zarabotuvackite e 1:1000.Vo poranesniot nas socijalizam prosecniot odnos bese 1:5,6,.7 No tie sto se secavaat znaat deka i toa go smetavme za golema razlika! Direktorite nitu mozea da kupat nitu da prodadat proizvodstven objekti sl. /I sega vo tranzicijata se sluci tokmu obratno,se rasprodade se i sesto no nikoj ne prasa od civ POT toa bese sozdadeno ! Postavuvam prasanje na onie koi od svoeto staro JUGO go gledaat nekogo kako vozi Jaguar da razmislat /koga se tolkavi zaljubenici na Zapadot/ dali toj NEKOJ e 1000 pati popameten i povreden od niv?? Vo niedna svetska filozofija i nauka pa i religija ne e napisano deka nekoj treba vo mesec Oktomvri da primi 170 evra a nekoj 100.000!! Kalimero nema pravda!Sisemot MORA da se evoluira....
Istocna Makedonija, 25.10.2011 10:33:02
Da,komunizmot padna i promenite na op[testveno ekonomskite formacii,sistemi i ureduvanja se ne- minovni.No,koja e pespektivata na kapitalizmot, koga uste pred poveke od 70 godini velikiot Hen- ri Miler napisal:Amerika e otelotvoruvanje na propasta na svetot.Ta go turka svetot vo dlabo- ka bezdna i dno...?!.
Коста Стоименовски, 25.10.2011 11:40:38
По уривањето на Берлинскиот ѕид, на светската политичка сцена (на)стапи НЕОЛИБЕРАЛИЗМОТ, кој превисоко ја крена главата и почна да се занесува со „Крајот на историјата“! Неолиберализмот постана зло кое само ќе се уништи! Во февруари 2009 година, Џ. Сорос најави „Крај на ерата на либералниот капитализам“. С. Жижек сега преоптимистички најавува крај на капитализмот. Во Програмата на германската Левица, која е усвоена пред два дена, се заговара: „Социјализам наместо капитализам, национализирање на банките, распуштање на НАТО, запирање на воените интервенции на Бундесверот...“. Разузнавачката служба на Британската армија предвидува дека Марксизмот ќе се врати на политичката сцена во 2043 година. Неизвесно и опасно време за живеење!
Marks, 25.10.2011 12:12:11
Bravo Zizek! Za stosot ne znaev ama navistina e dobar i podudara so denesnata demokratija vo RM. Inace za sodrzinata, pa toa se opstestveni zakoni koi gi utvrdil germanskiot genij Karl Marks, spored koi komunizmot neminovno ce dojde i toa najprvo vo najrazvienite zemji. Nasiot i komunizmot na SSSR bese nekoja imitacija i pokusaj da se ignoriraat upravo tie opstestveni zakoni, pa ni drzea predavanje kako Mrks zgresil. Ne toj ne e zgresil i kako neverovaten germanski um ednostavno ne e mozel da zgresi.
Strovjan, 25.10.2011 13:45:34
Ако текстот беше објавен од Македонец ќе му прилепеа етикета...Додека светот се тресе се раѓаат глувци особено во Арапскиот свет кои ќе глодаат од ковчињата кои ќе ги остават големите мачки од Вол стрит...Имено што е демократија?Она што ни го сервираат големите мачки?(Дека нивниот плен е недделив,дека тие најубаво мислат,нивните закони се најдобри и дека за нивната бл��госостојба треба целиот свет да пропадне?)ГОЛЕМА ЛАГА!!!Нивните долгови се огромни кон арапските земји каде ги менуваат режимите,а Грција е само нивно мало огледало...Зошто НАТО не испрати бомбардери на Вол стрит,во Рим или Париз-па и таму не се омилени лидерите!!!
Maja, 25.10.2011 22:10:42
Konecno i makedonskata medija da objavi nesto od Zizek. Zizek go predvide padot na kapitalizmot i vtorata finanskiska kriza uste pred dve godini. No kako sto i samiot si kazuva nikoj ne sakase da go svati seriozno, odnono zapadot se plasese od negoviot interesen pristap na predavanje na kritickoto mislenje i se obiduvaat da go prettavat kako Joker, shegadzija, sarkasticna i neseriozna licnost. trasno e sto ja potcenuvaat negovata intelegencija a e vbrojuva vo 10te najintelektualni i najvlijatelni licnosti na denesnicava. Se nadevam deka ke se najdat i nekoi drugi negovi statii za ekologija, religija ili kinematografija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |