Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
25.10.2011, 17:27

Дискретната двојка стапи во брак

Бившата министерка за култура, Ганка Самоиловска, и директорот на Клиниката за кардиологија, Сашко Кедев, и официјално станаа сопружници

Валентина Тодоровска

Една од најдискретните двојки кај нас, бившата министерка за култура, Ганка Самоиловска, и актуелниот директор на Клиниката за кардиологија, Сашко Кедев, се решија да ја официјализираат својата врска. Сосема тивко и без голема помпа, тие двајца почнаа да го бројат брачниот стаж.

Нивен познајник, кој инсистира на анонимност, вели дека зад оваа двојка стојат години на преиспитувања, надмоќно владеење над сите законски ливчиња за на крај успешено да изманеврираат над средината и официјално да станат сопружници. Одвреме-навреме Сашко и Ганка се појавуваат заедно, обидувајќи се приказната да ја зачуваат само за себе иако и на двајцата ова им е втор брак - Ганка има една ќерка, а Сашко две ќерки.

Што се однесува до професијата, оваа двојка има завидни биографии - Ганка (43) е магистер, работела како доцент на Факултетот за музичка уметност. Во биографијата е наведено и функција директор на Македонската филхармонија. Во времето на премиерувањето на Љупчо Георгиевски беше министерка за култура. Музиката и политиката можеби немаат никаква врска, но успешноста во една, многу лесно може да ве искачи на тронот, на другата професија.

„Прилично доцна се вклучив во светот на политиката, вели Ганка во едно интервју. Пресвртница во мојот професионален живот беше понудата да станам директорка на Македонската филхармонија, иако дотогаш бев доцент на Факултетот за музичка уметност. Ми беше понудено да раководам со една сериозна национална институција која во тој момент се соочуваше со многу тешкотии. Тоа се случи во 1999 година кога имав 31 година. Од една општествена функција, директно станав министер за култура“.

Сашко Кедев во својата лична карта ја има заведено 1962 како година на раѓање, а Штип, каде што завршил и средно образование, како негов роден град. Во Скопје е од времето на студиите на Медицински факултет, по што има импресивна кариера на кардиолог, доктор на медицински науки и доцент на Медицинскиот факултет. Бил директор на Клиниката за кардиологија од 1999 до 2003 година а претходно, две години, од 1991 до 1993 година престојувал во САД, на специјализација во клиниката во Бетезда, од каде што се враќа со лиценца за работа во САД. Има едногодишна специјализација и од клиниката во Бергамо, Италија, и повеќе куси стручни престои во земјите на ЕУ.

Во 2006 година Ганка е претседателка на Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, и оттогаш започнува нивното дружење. Во тој период двајцата беа во брак.


Статијата е прочитана 11644 пати.

Испрати коментар



Рецепт на Билјана Беличанец-Алексиќ - Пилешко со ѓумбир
Тарабунов и Миске промовираат спот
Виктор на музичкиот канал Ем-Ти-Ви
Новата љубов се вика - тенис
Што прават денеска
Белград е моја судбина
Откриен градникот од 2,5 милиони долари
Татко и' сакал да и' „купи“ син?!



neopredelena, 26.10.2011 02:00:04
Licenca za rabota vo SAD - pa normalni li ste sto zborite? Aj prasajte go Kedev da vi ja pokaze licencata. Licenca za doktor vo SAD se dobiva so 8 plus 2 najmalku godini ucenje i najmalku 5 godini staziranje. Se do togas vo SAD si priemen lekar sto nemoze da pisuva recepti - resident. Kedev bese vo SAD vo vremetraenje od edna godina i dobi licenca - e bravo. Takva licenca NEPOSTOI bidejki nikoj vo SAD NEDAVA takva licenca. Kedev e odlicen doktor za Makedonski usluvi, no MORE KOLKU SE PRAVAT NASITE MAKEDONCI STUCNJACI SVETOT, NEZNAAT LI DEKA IMAME LUGE VO SAD STO SE DOBRO INFORMIRANI.
Ана и Петар Трајкови, 26.10.2011 07:27:48
ЧЕСТИТАМЕ и ви пожелуваме среќа и успеси во понатамошниот заеднички живот. Анкица и Пеце
Nikolce, 26.10.2011 08:56:58
Со среќа и да трае вечно!
meri, 26.10.2011 09:27:45
Cestitki, prekrasen par!
Ekspert, 26.10.2011 10:01:59
Утрински треба да ги проверува податоците. Кедев нити бил на специјализација во САД нити има лиценца за работа во САД. Точно е дека престојувал во САД меѓутоа за време на специјализацијата на неговата, сега веќе поранешна, сопруга итоа во траење помалце од една година али тој самиот не специјализирал таму. Исто така, импресивната кариера во Скопје му ја должи на таткото на неговата поранешна сопруга кој беше многу познат медицински стручнак. Сепак, лично сметам дека е одличен доктор за Македонски услови.
Istocna Makedonija, 26.10.2011 11:02:38
Neka im e cestito!Gospod da im dade since!Vo zi- votot se izvesni sekakvi merlodrami,bumovi i pa- dovi.Ama,deka se najdiskretna dvojka?!Zaedno bile vo Izborniot stab,druzele..A,sto e bitno!Neka im e so sreka i neka imaat imaat miren semeen zivot!
SARA, 26.10.2011 12:34:44
So sreka i Kedev i Ganka se prekrasni licnosti
deni, 26.10.2011 14:04:18
Честито и нека им е со среќа! Убави и успешни луѓе се двајцата. Добар пар, морам да признам.
ELENA, 26.10.2011 14:49:31
cestitki do sopruznicite, a do novinarot edno prosvetluvanje za da si gi azurira podatocite. Ganka e doktor po politicko-socioloski nauki, promovirana e vo 2007 godina. Nekoj ne si ja zavrsil do kraj domasnata zadaca
Itar Pejo, 26.10.2011 15:22:14
Bravo, vrvni kadri na VMRO. Ona na 31 godina vece bila docent! Sigurno ima objaveno znacajni trudovi vo svetski casopisi od nejzinata oblast. On direktor na klinika na 38 godinai. Vtor brak na dvajcata, spored moralnite principi na nivnata samonarecena demohristijanska partija. Bravo!
somnicav, 26.10.2011 17:56:39
Utrinskine gi pisuvaa biografiite,samo gi preneseuva kako sto gi napisale samite Kedev i Ganka. Toa ne e vazno za da imaat uspesen brak. A za ona sto go kazal gKedev,slicno kaza i eden domasenkompozitor velejki deka negovite dela se izvedeni vo poznati svetski metropoli.Toa,isto,go objanija togasnite vesnici.na ova komentirase eden dirigent ,koj,parafraziram rece:a mozebi propustil da kaze deka i na Mesecinata se izveduvaat negovite dela.Vie proverivte-go upati prasanjeto do novinarite.Tie,pak,samo prenesuvaat...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |