Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
27.10.2011, 17:09

Нема да попуштам, во „Идризово“ ќе завладее ред

Новиот директор на затворот воведе нови правила, кои предизвикаа бунт кај затворениците осудени на доживотен затвор

Даниела Трпчевска


Новите мерки што ги воведе директорот на затворот „Идризово“ предизвикаа револт и бунт кај осудениците во затвореното одделение. Деведесет и четворица затвореници осудени на доживотна казна и за тешки кривични дела за к��и ќе мора да поминат од 12 до 15 години зад решетки, завчера, веднаш по соопштувањето на новиот куќен ред, одбиле да ја земат храната и доставиле листа на барања до новото раководство на казнената установа. Револтирани од укинувањето на дел од привилегиите што ги имале досега, тие бараат да им се подобрат условите за сместување, се жалат на затворската храна, но бараат и зголемен број посети и слободно шетање меѓу затворските крила. За среќа, според надлежните, ситуацијата се држи под контрола и засега немало инциденти внатре во затворот.

Директорот на затворот Тони Јакимовски е дециден во разговорот за „Утрински весник“ дека нема да отстапи од новиот куќен ред што се воведува во согласност со затворот. Според него, ситуацијата е веќе смирена и затворениците ќе мораат да ги почитуваат правилата што владеат во институцијата. Во согласност со нив, осудените на доживотен затвор и за тешките кривични дела повеќе не ќе можат по цел ден да шетаат по останатите затворски крила. На нив ќе им биде дозволена двочасовна прошетка во дворот, која, според директорот, е доволна за средби и за комуникација меѓу осудениците. Секој од нив ќе добие можност за една посета од фамилијата и за една интимна средба со брачниот партнер. За добро поведение, ќе бидат наградувани со уште една дозвола за посета од најблиските.

„Нема да попуштам, ќе работам во согласност со законот. Не може некој да биде обесправен, а друг да користи поволности на негова сметка. Сите затвореници ќе бидат ставени под ист аршин. Не може за некого да бидеме мајка, а за друг маќеа“, вели Јакимовски. Тој објаснува дека поволностите што ги добиваат затворениците мора да се „заработат“ со добро однесување и со работен ангажман. Доколку социјалните работници и психолозите дадат позитивно мислење за поведението на некој затвореник, тој ќе биде соодветно награден. Само на тој начин, според директорот, ќе се поттикнуваат затворениците да го почитуваат куќниот ред.

Токму новите правила што ги вовел директорот пред два дена го предизвикале бунтот кај затворениците во седмото, осмото и во деветтото крило. „Незадоволни од новите процедури, тие одбија да ја примат храната. Потоа почнаа да се жалат дека менито не е добро, дека нема доволно вода, ниту струја. Сите нивни барања ќе бидат разгледани и доколку има основа се' ќе направиме за да се подобрат условите“, вели Јакимовски.

Најголем проблем, според него, настанал при обидот да им се објасни на затворениците дека не можат да ги напуштаат крилата во кои се сместени кога ќе посакаат.

„Осудениците мора да бидат затворени во крилата каде што има по 30 затвореници. Досега тие шетале по другите крила, дури и по 10 часот, кога веќе треба да легнуваат. Од безбедносен аспект ќе мора да се воведе некаков ред“, вели Јакимовски.

Во најголемиот затвор во земјава во моментов има 1.289 осуденици, кои се сместени во објекти што не ги задоволуваат ни приблично потребите. Пренатрупаноста на затворот и недоволниот број персонал многупати досега беа посочувани како едни од главните причини за инцидентите и за тензиите што се случуваат зад затворските решетки. Според најавите, во март идната година ќе почне изградбата на новиот затворски комплекс, кој ќе треба да ги реши проблемите што се наталожуваа со години.

Беџети: Во „Идризово“ нема штрајк

„Во затворот  во Идризово нема штрајк“,  изјави вчера министерот за правда, Блерим Беџети. Тој смета дека е нормално во услови на поголемо воведување ред и правила да има обиди за штрајк од лица кои не се навикнати на такво нешто.

„Моите информации не велат дека има штрајк во Идризово. Ако директорот на затворот ’Идризово‘, во соработка со директорот на Управата за извршување санкции повеќе сака ред и правила, нормално е  оние што до вчера не ги почитувале тие прилики да се обидат да штрајкуваат“, рече Беџети.


Статијата е прочитана 3696 пати.

Испрати коментар



Судски вештак затворен во подрум
Апелација ја укина пресудата за „Пензискиот столб“



jimmy1, 28.10.2011 07:16:47
Zatvor e zatvor a ne HOTEL so 5 zvezdicki. Ako ne im odgovaraat zatvorskite pravila togas neka se vovede smrtna kazna. Ne mozi ubiec, siluvac ili kriminalec da pravi sto saka, toa trebase da razmisli pred da go napravi deloto i treba da znae sto znaci zborot zatvor.
citatel, 28.10.2011 12:19:59
sto trpopas gluposti be immy1 , ako ubil ako siluval treba kon nego kako stoka da se odnesuvaat, podobro se odnesuvaat so ulicnite kucinja nego li so niv, odi vo zatvorot da vidis vo koi uslovi ziveat tamo i kakva im e hranata, to ni na svinjite ne im go davaat da go jadat, ako vo vojska gravot bese so crvri, vo zatvorot gravot sto im go davaat e so krokodili, za sramota,A ti ko da si najneviniot covek, nemas napraveno ni e dna greska
stipjanec, 28.10.2011 13:23:46
Do citatel,ako ubil ili siluval,kako treba da se odnesuvat sprema nego,kako sprema cveke?sto zasluzil toa i dobiva,i ne mesaj babi i zabi,vojska ova ona.razmisli sto zboruvas,ne si dete.
do citatel, 28.10.2011 13:27:55
ako nekoj e osuden za siluvanje, pogotovo na deca togas i toj gravso krokodili mu e premija

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |