Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
25.10.2011, 16:01

Пет минути интервју

Белград е моја судбина

Борис Режак -

пејач

Катерина Шекеровска

Бевте дел од изведувачите во специјалната емисија на РТС „Балкан – сеќавање на Тоше“ каде што имавте одличен настап. Какви се Вашите впечатоци по завршувањето на проектот?


- Атмосферата сигурно не беше весела... Не беше воопшто лесно да се издржи целата емисија, да се помине низ се'... А истовремено и да се обидете да се сконцентрирате на изведување на песните... Не беше ни малку лесно.

Го познававте ли Тоше, имате ли заеднички спомени?

- Искрено не верувам дека до крајот на мојот живот ќе се појави некој како што беше Тоше... Неколку пати имавме можност да се дружиме заедно. Главно, тоа беше на вечери што ги прередуваа најчесто по завршувањето на некој фестивал. Беше прекрасно момче, голем талент... Сите изгубивме со неговото прерано заминување... Тој беше единствениот човек што ги спои сите народи на бивша Југославија.

Зад себе имате безброј фестивалски настапи, но ретко доаѓате во Македонија. Кога ќе биде Вашиот прв солистички концерт во Скопје?

- Навистина не знам. Имаше покани, но, ете, така излезе се' уште да не сум дошол во Македонија. Верувам дека наскоро ќе го исправам тоа и ќе дојдам... И ќе ја поделам својата емоција заедно со Македонците...

Во последниов период живеете и работите во Белград, каде што неодамна снимивте спот за последната нумера „Воли ме“ на интересна локација, во геронтолошки центар. Зошто баш таму?

- Пред четири години се доселив од Бања Лука во Белград. Белград е сега моја судбина. А зошто токму во геронтолошки центар? Па не знам, веројатно ми се допаѓаше идејата, а и самата песна бараше некаква ретроприказна.

Што подготвувате на музички план, работите ли на нов албум?

- За неколку дена ќе пуштам на слобода една нова песна која се вика „Тако лако“. Албумот ќе го оставам за наредната година...


Статијата е прочитана 774 пати.

Испрати коментар



Рецепт на Билјана Беличанец-Алексиќ - Пилешко со ѓумбир
Тарабунов и Миске промовираат спот
Виктор на музичкиот канал Ем-Ти-Ви
Новата љубов се вика - тенис
Дискретната двојка стапи во брак
Што прават денеска
Откриен градникот од 2,5 милиони долари
Татко и' сакал да и' „купи“ син?!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 16°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |