25.10.2011, 17:29 Виктор на музичкиот канал Ем-Ти-Ви

Младиот Виктор Апостоловски, финалистот на првиот „Македонски идол“, веќе четврта недела е дел од топ-листата на музичкиот канал Ем-Ти-Ви со спотот од песната, неговото првенче - You were mine. Првите две недели одеше како предлог за потоа да влезе во официјалните 20 најдобри музички видеа во регионов, а оваа недела е на 14. место. По овој успех, голем е интересот на радиостаниците од регионот за песната, за која музиката и аранжманот се на Валентино Скендеровски, а текстот е дело на Виктор Апостоловски.
|