25.10.2011, 17:30 Тарабунов и Миске промовираат спот

„Промоција, промоција!“ Така повикуваат младите претенденти на статусот поп-ѕвезди, Александар Тарабунов и Андреј Миске, за да и' го претстават на јавноста видеозаписот за нивната дуетска песна „Лажев“. Промоцијата се случува вечерва, во клубот „Парадизо“ во Скопје, во 21 часот. Автори на песната се двајцата млади изведувачи, кои вредно се трудат за своето место на естрадното небо.
|