25.10.2011, 15:52 Татко и' сакал да и' „купи“ син?!

Родителите на една од најпопуларните пејачки на денешницата, Бијонсе, се разведоа во декември 2009 година по 29 години брак. Потоа, татко и' Метју со својата љубовница добил син. ДНК-тестот потврдил дека детето е негово.
Метју Ноулс (60) ја изневерувал мајка и' на Бијонсе, Тина (57), подолго од една и пол година. Неговата љубовница забременила, па настанал вистински хаос. Тој ја наговарал Александра Рајт да абортира, а т��а не сакала. Метју се развел, а Александра го родила детето.
„Кога ме праша дали своето дете би и' го дала на Бијонсе и на нејзиниот сопруг Џеј Зи, веднаш помислив дека е луд. За сите пари на овој свет не би го дала своето дете. Не знам зошто го предложи тоа. Верувам дека Бијонсе ништо не знаеше за тоа“, рекла љубовницата на таткото на пејачката. |