Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп

 

ОВЕН

Имате одлична соработка со околината, среќни сте и задоволни. Не е ни чудо, зашто по којзнае кој пат сте заљубени, ако не во некој друг, макар во себеси. Оздравувате од болеста која во последниов период беше дел од вашето секојдневие. Уживате во секоја нова минута.



БИК

Ќе остварите успех во професијата за која сте специјализирани, но и во преостанатите сегменти од животот. Ве очекуваат интересни контакти и познанства. Главата ви е полна со различни впечатоци. Некое ново лице полека ги освојува вашите симпатии...



БЛИЗНАЦИ

Активни сте и енергични, така што го остварувате сето она што ќе ви падне на памет. Конечно, сфативте дека одлично функционирате во тим, а не сами. Викендов ќе се впуштите во разни комбинации и од нив ќе извлечете корист. Не дозволувајте некој да ве вознемири без потреба.



РАК

Доколку не можете да се впуштите во авантура, ќе сонувате. И така, додека другите уживаат во животот, вам можностите ви минуваат пред очи. Поубаво ви е во светот на фантазијата, но мора да бидете поактивни и јасно да ги спроведувате идеите.



ЛАВ

Емотивно реагирате во погрешно време на погрешен начин. Сфатете ја ситуацијата и обидете се да ја пребродите кризата со сериозна акција. Нервирањето не води никаде, туку само ви штети, како на физичкото така и на психичкото здравје.



ДЕВИЦА

Бидејќи им помагате на другите, по обичај тоа го правите крајно несебично. Единствено што може да ве заболи е фактот што кога вам ви треба помош нема кој да ви помогне. Никој не ви е виновен, самите си создадовте таква слика за себе.



ТЕРЕЗИЈА

Ако имате здравствени проблеми, обидете се да гледате смирено на ситуацијата. Нема потреба од паника, најважна е дијагнозата - штом се постави, за се' има лек. Бидејќи сте идеалистички расположени, не ја сфаќате сериозноста на ситуацијата. Можеби е така подобро, а можеби и не е.



СКОРПИЈА

Припадниците на знаков ќе се соочат со дополнителни проблеми што ќе се одразат на сите животни сегменти. Нема сомнение дека успешно ќе ги надминете благодарение на трпеливото и смирено однесување. Не дозволувајте никој да ве изнервира со провокации.



СТРЕЛЕЦ

Идеалистички сте настроени. Се наоѓате во состојба на среќа за која немате конкретни причини. Бидете внимателни при работата со пари. Рационалното трошење е препорачливо, а влезот во инвестиции може да почека некои подобри времиња.



ЈАРЕЦ

Пред вас се релативно напорни денови во секој поглед. Само сталожена личност може да го извади максимумот од моменталните случувања. Зарем не сте вие такви? Рационални сте, трпеливи и се што правите го правите со максимално внимание.



ВОДОЛИЈА

Бидејќи ви треба многу поголем напор отколку што замислувавте за да ја пребродите кризата, не се чувствувате најдобро. Важно е дека проблемот ќе биде решен, а разјаснето недоразбирањето со спротивниот пол. Не настојувајте да ја истерате правдата по секоја цена. Оставете да помине малку време.



РИБИ

Бидејќи имате чувство дека околината се однесува свирепо коп вас, добивате желба да возвратите во иста мера. Мора да разработите тактика, зашто проблемите со кои се соочувате моментално се посериозни отколку што претпоставувате. Сакате да доминирате врз партнерот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |