25.10.2011, 17:28 Новата љубов се вика - тенис

Тенис е новата љубов, страст и физички тренинг на Калиопи. Веќе извесно време нашата најмила оди на часови, најредовно, најревносно и има голема желба да ги скротува топчињата. Всушност, тоа не е само желба туку и, како што вели нејзиниот тренер - дарба.
Калиопи е талентирана, што би се рекло - има материјал во неа бидејќи првите „бекхенди“ ги има направено уште во детството. Знаејќи ја нејзината предаденост и упорност, оче��уваме резултати.
Ако ништо друго, добра форма за пред концерти.
|