25.10.2011, 17:31 Рецепт на Билјана Беличанец-Алексиќ - Пилешко со ѓумбир

Потребно е: 1 пиле, 3 главици кромид, 3 домати, 2 чешниња лук, магдонос, 2,5 дл суво бело вино, 6 лажици маслиново масло, дафинов лист, 1 гранче рузмарин, сол, свежо мелен црн пипер, парче сварен ѓумбир или во ќесичка.
Измиените домати прелијте ги со зовриена вода, па лесно ќе ги излупите. Исцедете ги и исечете ги на коцки, притоа вадејќи ги семчињата. Излупете го и исечкајте ��о кромидот. Пилето исечете го на помали парчиња, истријте го со сол и зачинете со црн пипер. Загрејте 4 лажици масло и пржете парчиња пилешко на средна температура. Вртете ги од сите страни за да добијат боја. Извадете го месото и излијте го зејтинот на што сте го пржеле. Во истиот сад налејте 2 лажици свежо масло, па во него пржете го кромидот, за да стане слаткаст. Во меѓувреме, исечкајте ги лукот и магдоносот. Додадете го во кромидот и пржете колку да замириса, па веднаш додадете го пилешкото. Залијте со вода. Замешајте го дафиновиот лист со рузмаринот, па исто така додадете го во пилешкото. Посолете и зачинете со црн пипер. Кога ќе проврие, покријте го, намалете ја температурата и динствувајте 25 минути. Потоа замешајте го доматот и половина лажица ѓумбир. Продолжете да динствувате непокриено околу 10 минути додека не се згусне сосот. Уште еднаш дотерајте го вкусот. Ова јадење можете да го послужите со широки резанки или со ориз. |