25.10.2011, 18:00 Мислења
И Господ бил Македонец
Нано Ружин
Од прашањето околу името, власта не ги гледа или не сака да ги согледа вистинските проблеми на системот
Точно пред еден месец нацијата беше во транс. Најнапред се случи промоцијата на контроверзниот споменик на Александар Македонски со фонтаната. Потоа, присуствуваме на еуфоричната еднопартиска кич претстава на одбележувањето на Денот на независноста. Патриотизмот ни протече и низ ушите. Бевме и сити и напиени и среќни и духовно исполнети по победата на кошаркарите врз репрезентацијата на јужниот сосед. Набргу следеше најголемиот собир на граѓаните на плоштадот „Македонија“ по победата врз Литванија. Тогаш народот македонски преку референдумското „не“ и' порача на Европа: „Едно име имаме на никого не го даваме“.
Потоа кошаркарите ни го продолжија летото и убавото време. Ги кренаа рацете, се качија на балконите и го загосподарија Солунското Поле, иако таму не успеаја да го одржат конгресот на ВМРО-ДПМНЕ како што ветуваше Љупчо во 90-тите години на минатиот век. Црномурестиот Мекејлеб се наметна за нов претседател на државата, а Груевски радосно ги триеше рацете задоволен од картите што му се наместија и порастот на рејтингот. Во овие пијани денови на патриотизам помисливме дека и Господ е Македонец.
Дека таквата асоцијација не била обична метафора, потврди и Извештајот на Европската комисија. Македонија распната како маченик пред Европската унија, слично на Христос, остана без јазик, исто како и Исус за кого никој не знае на кој јазик зборувал. Можеби и тој зборувал македонски. Клетите Евреи на ЕУ, како што еден баритон на ДПМНЕ ги нарекува еврократите, не ја признаваат Македонија исто како што пред 2000 години не го признавале Христос. Веќе почнувам да верувам во блефот на Ѓорге Иванов за свети Павле и Паљурци. Конечно, Христос станал и жртва на тогашната најразвиена цивилизација –Римската Империја, како што денес Македонија е жртва на европскиот аутизам, што би кажал премиерот.
Политичката екстаза на премиерот ја расипа прецизниот и неумолив Извештај на ЕУ. Тамам и тој почна да верува во својата идилична приказна за Македонија, лошите и наметливи еврoкрати му го расипаа сонот. И ние, како и тој, под притисокот на медиумската кампања почнавме да веруваме дека сме една од најнапредните, најдемократските најстранспарентните држави во Европа, подобра барем од половина членки на ЕУ. Разбирливо, кога нешто се повторува 100 пати во етерот во тоа почнувате да верувате и вие и вашата околина. Французите тоа го нарекуваат митоманство. За жал, Европејците не ги гледаат ниту ги разбираат нашите медиуми, така што „нашата апологетска слика за самите нас“ не им допре до срцата. Скапите реклами на Си-Ен-Ен и на Евроњус се добри, но недоволно убедливи. Впрочем, таму рекламираат и Иран и Казахстан и Азарбејџан, кои не можат да се пофалат со некој демократски дострел, а и кандидатски статус во ЕУ и во НАТО.
Разбирливо, како што тропа срцето на секој Македонец за името така и македонското раководство „храбро и аргументирано“ се спротивстави на европското раководство по ова прашање. И како што вообичаено бидува со домашното сфаќање на дипломатијата, наместо со комесарот Фуле да комуницира неговиот македонски пандан потпретседателот Теута Арифи или министерот за надворешни работи, тоа го направи премиерот Груевски, чијшто пандан е Баросо. Со Баросо комуницираше и го искара претседателот Иванов иако негов пандан е претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј. Ван Ромпуј им го оставија на Кошаркашкиот сојуз, Боксерскиот сојуз, „невладините“ владини организации, на дијаспората, синдикатот.
Во критиките и протесните писма кон еврократите се инсистира на нивните грешки за изостанувањето на јазикот македонски од Извештајот. Околу ова прашање нема сомнение дека премиерот ќе добие силна поддршка од сите граѓани Македонци. Умешноста на секоја политичката манипулација е токму истакнувањето на дрвото за да не се види шумата. Индијанците велат дека заслепениот поглавица „од својот видокруг не можел да ја забележи преријата иако се наоѓал во неа“.
Сличен е и односот на владејачката елита кон реформите. Од прашањето околу името, власта не ги гледа или не сака да ги согледа вистинските проблеми на системот. Доколу внимателно го прочитате Извештајот ќе констатирате дека Европејците освен околу името ни забележуваат неколку фундаментални рабови кои се капитални и врз кои се потпира идејата за демократијата од двете страни на Атлантикот. „Наместо со три срца се добива впечаток дека владата овие реформи ги правела само со левата преткомора“, би го парафразирале европскиот комесар Фуле. Пазарното стопанство, според методот на власта, треба да е еднопартиско, односно на владејачката коалиција. Сите останати се непожелни, оневозможени, казнети и дестимулирани. Тоа ЕУ не го голта.Сличен е и впечатокот за битката против корупцијата. Според актуелната практика, произлегува дека таа битка е „антиопозициска бидејќи во редовите на власта нема корупција“. Таквиот „првоаприлски сом“ тешко е да се проголта кога е јасно дека на сите клучни коруптивни места во државата како вертикално од локалната власт нагоре, така и хоризонтално, и' припаѓаат на владејачката коалиција. Според методот на македонската Влада, власта не би требала да е поделена, а судството би морало да и' е потчинето на владејачката коалиција.
Новиот партнер на власта, Синдикатот, наместо да се занимава со статусот на работниците, нивното малтретирање и уцени, многу се загрижил за Извештајот на ЕУ каде што било игнорирано прашањето за македонскиот јазик. Студентите наместо да се запрашаат околу нивниот социјален статус и невработеност и да ја запрашаат власта за нејзината миопија, слично на нивните колеги од Мадрид преку Лондон и Париз до Загреб и Атина, се загрижиле за Извештајот и за расипаноста на еврократите. Интелектуалците наместо да се однесуваат како вистински интелектуалци со критичен тон кон демагошката демократија и тие предноста ја ставиле кон Извештајот. Никој не е против тоа да се протестира против тие што не' понижуваат и фрустираат од Брисел, но да се молчи за аномалиите на демократијата, истовремено да се подржува Владата во се', тогаш таквата демократија има сериозни проблеми. Чудно што не ги чувме и жртвите на транзицијата, можеби се чуваат за расчистувањето на внатрепартискиот спор во СДСМ.
Како и да е, Европската унија ни одржа лекција која треба да ја прифатиме најсериозно и критички во поглед на нашите домашни реформи.
Сличните критериуми важат и за Алијансата. Ајде да кажеме дека Европа не' мрази, но дали е слично и со НАТО, каде што е доминантно мислењето на САД, нашиот најголем стратешки партнер? Политичкиот и безбедносниот комитет-КОПС во кој се делегирани државите членки на НАТО и на ЕУ е составен од претставници на истите дипломатии што го составуваа Извештајот на Европската комисија. Нема сомнение дека истите квалификации фигурираат и во Извештајот за напредокот на РМ во Алијансата. И во Алијансата, исто како и во ЕУ, Црна Гора сигурно напредува кон поканата за полноправно членство која се очекува да ја добие на Самитот на Алијансата следната година. Членството на Македонија во НАТО зависи од решавање на спорот со Грција. На последниот Самит на НАТО во Лисабон беше потврдена одлуката на Алијансата во однос на Македонија во точката 14 од Декларацијата со која во согласност со одлуката на Самитот од Букурешт од 2008 година, на земјата ќе и' биде упатена покана за членство штом ќе биде постигнат компромисот со Грција.
Со оглед на тешката финансиска криза кај јужниот сосед, ќе мора да се причека најмалку половина година до предвремените избори на кои е можно да победи Нова демократија на чело со тврдиот Андонис Самарас. Алијансата и натаму ги поддржа реформските процеси и изрази благодарност за зголемената контрибуција на РМ во ИСАФ (Авганистан), но и забелешките за стопираните реформи. Нема да бидеме изненадени доколку идната година добиеме нови задачи за членството, како што најавуваше натократот Боб Симонс.
Денес Македонија не е добар ученик. Ние сме тригодишен повторувач. На Балканот во 2004 бевме лидер во евроатланските интеграции. Денес, седум години подоцна, Груевски покажа дека во една димензија успева, но во останатите димензии потфрла. Не' претрчаа и последните што на Македонија и' завидуваа. Таквата недефинирана состојба со РМ не е одржлива и веројатно ќе се случи нешто. Токму таа неизвесност е најголемиот предизвик и опасност за Македонија.
(Авторот е универзитетски професор
и член на ЛДП) |
|
Статијата е прочитана 3956 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 26.10.2011 00:43:12 | Mnogu hrabar i krajno kriticen tekst, poradi koj pretpostavuvam lom ke te napravat. No za zal kakov i da e, nemoze da se ospori kako netocen. Mozebi zloben, no nikako lazen.No za site tie nivni entuzijasticki proslavi ima i objasnuvanje. Svesni se deka se dovedoa vo beznadezna situacija, i im ostana samo da dobivaat vo vreme so nadez deka ke im padne bingo.Dodeka cekaat, moraat da zabavljaat narod, a i da razmisluvaat sto ponatamu ako ne im padne bingo. Mozebi ke vovedat patarina za setanje po trotoar, ili pa prodazba na trotoarite na stranski investitor. Nemaat veke sto da pravat, pa zatoa neznaat sto pravat. Tragicno e sto toa nivno neznaenje i site nivni propali proekti ke gi plakame so godini. I toa so kamati. |
| neopredelena, 26.10.2011 02:20:01 | Kako i sekogas od ovoj avtor odlicno sodrzan tekst. Ubava metafora Makedonija da se sporeduva so macenikot Hristor.
- do avtorot: Hristos go zboruval stariot evrejski/hibry jazik.
- do site makedonci: koga ke svatite deka na Grujo i Familijata ne im e vo prolog Makedonija da vleze vo Evropa, bidejki duri togas nema da mozat Grujo, Familijata i poltroncinjata da si perat paricki i ke treba da gi pocituvaat Evropskite zakoni, a vaka bez Evropa si caruvaat kolku tolku nad 2 milioni narod. Malo carstvo, no ima uste sto da se iscica od ovoj narod.
- do site onie CITATELI koi isprakaat komentari: bi ve zamolila - da ne davate komentar na mojot komentar, tuku komentar na gorenavedeniot tekst od gorenavedeniot avtor. Zatoa i postoi opcijata - Isprati Komentar - da se dade komentar za tekstot, a ne na komentarite od luge kako vas koj samo sakaat da go komentiraat tekstot! |
| BgMak, 26.10.2011 06:26:48 | Европската граница не може да се мине со фалсификуван пасош http://www.youtube.com/watch?v=ANpe0hwnYhA |
| Zagor, 26.10.2011 08:17:30 | kolku se validni doktorskite disertacii kaj nas,poznato e.a,taka i sto i kako bil Gospod.arno ama ete ne bil turcin. |
| Jordan, 26.10.2011 08:28:53 | Predavnik!!!! |
| Makedonec vo EU, 26.10.2011 09:48:30 | Za resavanje na problemot se potrebni vizija, liderski kapacitet, hrabrost i znaenje kako da se postapi so ogromnoto nezadovolstvo koe neminovno ke nastapi po eventualno resavanje na imeto. Za toa e potrebna strucnost i mnogu rabota - pred i po promenata. Za zal, Makedonskata vlada nema nieden od ovie kvaliteti, i sto e uste postrasno, ne go ni priznava ovoj problem za svoj i go narekuva tugj... |
| dupli, 26.10.2011 09:52:35 | abe, nano ruzin! ti,shema,makarduli,b.c. onoj zalizaniot od veles,vo zivotot nemate iscepeno po eden kubik drva,vasite soprugi zimnica nemaat staveno,a na pak ajvar da napravat.samo ustitte vi funkconiraat ne prekorno.nato- mato, sin ti da go ispratis vo vojska,pa potoa ka imash kredibilitet da zboruvash za aspiraciite. |
| Do DPMNE: Preminite od zborovite vo akcija!, 26.10.2011 09:58:03 | Primenite strategijata na Igor Janev i iniciraj vo Generalnoto sobranie isfrluvanje na nelegalnata referenca FYROM, ednash i zasekogash, so vospostavuvanje ustavnoto ime vo ON. Ti treba prosto mnozinstvo za promena FYROM vo RM. Znach, ako za Srbite vo kosovskiot sluchaj glasanjeto beshe 77 Za, masproti samo 6 protiv (vo salata bile 83 drzhavi-chlenki na ON), togash i za menuvanje referenca, ako od 100 zemji i 20 se Protiv, ke imame 80 Za vospostavuvanje RM vo OON!! Sega imame 131 drzhava shto ne priznala pod ustavnoto ime. Mnogu lesno se pravi matematika za nashiot sluchaj. Edinstveno, ne se potpiraj mnogu na istorijata da nemame pogolemi shteti! Ova ne e istorijsko prashanje tuku prashanje na principite na samoopredeluvanjeto sopstven identitet i prashanje na chlenskite prava (pravoto na nediskriminacijata i pravnata ednakvost). |
| Загрижен Македонец, 26.10.2011 10:08:34 | Македонија е земја со грчко име, српска црква, бугарски народ и јазик, 25,7 отсто Албанци од кои 120.000 фалсификат?! Ич не ни е лесно! :) |
| perica, 26.10.2011 10:29:46 | Samo eden zbor vo komentar koj kazuva se. Ednostavno anonimno se lepi etiketa bez i malku razmisluvanje.Niti go cenam mnogu mislenjeto na Nano niti go pocituvam mnogu kako intelektualec. Ona sto go kazuva se opsti konstatacii koi mu se jasni na sekoj i malku trezven i mislecki covek.E sega tuka e problemot. |
| Санто, 26.10.2011 11:39:08 | Зошто, сите од опозицијата намерно проблемот со името и сега веќе јавно проблемот со идентитетот намерно го минимизираат, бидејки тој е наметнат и суштински.Повторувачот се казнува за нашето неслагање со промена на идентитетот и името на државата, а не поради реформи.Сепак имаме препорака замислете си за ПОЧЕТОК на преговори.Всушност се работи за добивање на тапија на куќата во која живееме.Каде ке одиме како бескуќници во етаблирано друштво на народи национално и идентитетски, кое не го прифака нашето име и идентитет.Тамо ке биде гарантирана нашата независност, но како ке се снаогаме ако, тоа друштво доброволно се растури.До полноправно зачленување ни претстои долг пат и време од минимум 5-7 години па макар би биле и шампиони во иполнување на реформи, а кој ни гарантира дека ова е последна уцена од евробирократите.Одговорете на овие прашања па после бранете тези на прогрчки лобисти на кои единствена цел им е да ја снема нашата држава и нарид. |
| Ciko, 26.10.2011 11:45:47 | Mnogu dobar tekst.Osobeno poslednata statija i pretposlednata recenica. |
| ФЕЛИКС, 26.10.2011 12:00:06 | Уште еден ,,забезегнат од дрскоста ,,да се реагира кога некој некого негира.Нас ни тече на многумина за разлика од неговите малкумина патриотизам во елементарен облик,и низ уши,и низ уста и низ перо.Но каде вашиот, вие сте испелцувани против ваквото нешто.И на крајот дајте еднаш да ве чуеме или да ве прочитаме како тоа вие мислите да треба да се реши проблемот со името,со прецизно,,вака и вака,,.Доста со совети друг да го реши проблемот.Се знае менталниот склоп на опозициските политичари кој секогаш бараат друг да решава за да после имаа шлагворт за критика за ,,национално предавство,,.Е затоа ви се случи и ,,змијата и магарето,,топтан со вашата политичка опција. |
| Regan, 26.10.2011 12:26:41 | Добро е што во ЕУ не ги пратат нашите медиуми инаку ќе се скинеа од смеење кој се’ се потпишува како “универзитетски професор“ кога ќе го прочитаа писаниево на Н.Ружин(Трендафилов,превод од српски). |
| Janakiev Nikola, 26.10.2011 13:50:35 | Kole26.10.2011god.
Goso.Nano pesni za Aleksanar i Komitire se peani i za Tursko.Pesnite za Solun Pirin Krivolak se peani posle zaminuvaneto na Turcite postavuvaneto na granicite od edna na na tre dominacii Nano ako imas obras napisi istina.
Santo.Nasiot proble sakate da ni go resete so
trikovi,taka besi i za Jurieto Versaj Sanstefano. |
| milan, 26.10.2011 14:25:11 | Koga nekoj se pravi gluv pri zdravi usi badijala e da mu vikate dobarden.Felikse i na tebe slicni;koga Ruzin bese vo Brisel /a tamo go isprati predsedatelot Trajkovski/ a SDSM bese na vlast go dobivme kandidatskiot status bez nikakvi precki.Po se izgleda za vladeenjeto na DPMNE ke go izgubime.Togas na briselskite birokrati na pamet ne im pagase da ja menuvat imenkata na nasiot MAKEDONSKI JAZIK. a sega? neznam kako nekoj moze bez argumenti da go kritikuva avtorot na kolumnata i pratenicite od opozicijata-onaka drsko. |
| do feliks, 26.10.2011 15:36:26 | Sto se cudite Felikse, kako opozicijata i tie kako NANO bi go resila problemot. Mnogu jasno , onaka kako sto toa go bara vozljubenata, nepogresiva, preubava, sakana i soldarna EU.So prifakjanje na promenata na imeto i identitetot na sopstvenata nacija i jazik. Toa bi bilo za nase dobro, bidejki vedas bi dosle investiciite.Uzivajte vo siluvanjeto. ne vikajte of koga ve tepaat. |
| pile, 26.10.2011 17:44:07 | Sostojbata so Republika Makedonija, kako sto znaete G-din Ruzin,oddamna e nedefinirana i vreminjata bile teski i za vremeto na ilindencite, preku kolonizacijata pomegju dvete vojni,za vreme na antifasistickata vojna,inforbiroto,se do 90-tite godini, koga nekoi Makedonski sinovi i kerki so sojuznicite, kazaa jasno NE za drzaven udar na diktatorot Milosevik, a podocna i obidot na dvoecot Milosevik Micotakis za podelba propadna.A za slucuvanje nesto pozitivno,imala i ima majka Makedonija BUDNI sinovi i kerki, koi ne se rakovodat od sitni partiski a najmalku licni interesi,a fala mu na Gospod imala i ima, partneri i prijateli, koi zaedno znaele vo vistinsko vreme da napravat vistinski cekor napred, vo interes na sopstvenite gragjani. |
| XML, 26.10.2011 18:35:43 | Е професоре, професоре. Како што власта не сака да ги види внатрешните проблеми, проблеми со партизираната администрација, судство, корупција и сл. и ти не можеш да го видеш двојниот стандард на ЕУ. Како што вели народот ние може вода да им носеме и капа да им сметнуваме на европските земји, за корупција, за нарушување на грагански и малцински права, за лажни и фалсификувани званични државни извештаји и ред др,работи. Твојата колумна со голема иронија према сопствената нација и народ не заслужува баш ништо. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C
|
Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|