Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
25.10.2011, 18:07

Едиторијал

Белата прав во затворите

Даниела Трпчевска

Неодамна во дворот на еден наш затвор од преку ѕидот пристигнала ненајавена пратка. Каменот околу кој била замотана марихуана, а потоа завиткан во најлон, бил фрлен од надворешната страна, и се стркалал пред нозете на чуварите. Да не била откриена, не е тешко да се претпостави каде ќе завршела марихуанската пратка - директно во р��цете на осудениците, кои со душа чекаат да им пристигне „поздравот“ од надвор. Овој обид за да се внесе дрога зад решетките е можеби еден од најбаналните примери како белата прав влегува во затворите.

Печено месо со вкус на хероин, пиперки полнети со кокаин, марихуана спакувана во амбалажа за смоки, ореви со бел прав, кечап и мајонез помешани со дрога...Ова е дел од менито кое осудениците зависници со години наназад го добивале зад затворските решетки. Нивните најблиски, пријатели, родинините, па дури и нивните адвокати некогаш се обидуваат да го протнат скапоцениот прав преку најсофистицираните детектори и системи за набљудување.

Претпоставките се дека околу 500 затвореници во неколкуте поголеми затвори во земјава користат дрога, за која смислуваат најразлични начини за да ја шверцуваат зад решетките и да дојдат по потребната доза. Но, само 164 од осудениците примаат метадонска терапија, што е само уште еден показател дека наркоманијата во затворите е тешко и да се спречи, но и да се лечи!

Според невладините организации, бројките се далеку подраматични и се тврди дека дури една третина од затворениците се всушност навлечени на некаква дрога. Ако се земат предвид европските искуства, каде во некои од затворите процентот на зависници се искачува дури и до опасните 70 проценти, сосема јасно станува дека со овој проблем тешко се справуваат речиси сите затворски системи.

Затворите страдаат од истите проблеми со кои се соочува и општеството. Како што влегува дрогата преку државните граници, така доаѓа и во затворите - е објаснувањето кое го изнесоа деновиве надлежните од Управата за извршување санкции, обидувајќи се да дадат одговор зошто толку дрога и од каде дрогата влегува во македонските затвори.

Во услови кога бројот на бројот на наркозависниците рапидно расне, веројатно нема начин кој што не бил испробан досега за да се достави дрогата. Но, за волја на вистината, колку што фантазијата на осудениците нема граници, толку и чуварите некогаш го имаат главниот збор во шверцот.

За жал за ваквите случаи само се шушка со години, затвореници испраќаа анонимни писма до медиумите, но и до надлежните во затворите, укажувајќи на кошмарот кој се случува во ќелиите, далеку од очите на јавноста.

Во недостиг на докази, само мал дел од случаите добија разрешница. За изминативе години, на рака можат да се избројат затворските чувари кои што беа откриени дека дилале дрога, или замижувале при обидот таа да се внесе внатре.

Ниту детектор врати, камери, претреси и кучиња трагачи нема да помогнат да се спречи протокот на дрогата во казнените институции, се додека не се разоткријат „инсајдерите“ кои овозможуваат тоа глатко да „тече“. Во спротивно, дрогата не само што не ќе може да се искорени, туку се чини секоја година ќе зема се поголем замав, оти кругот на доставувачи, дилери и корисници се повеќе се шири. Колку што ќарот од бизнисот е поголем, толку ќе расте и притисокот во затворите.


Статијата е прочитана 379 пати.

Испрати коментар



Дигитално судење
И Господ бил Македонец
Денот кога се сади дрво



Istocna Makedonija, 26.10.2011 11:04:35
Pa,javna tajna e deka vo zatvorite se ,,dila,, droga,cesto pati i so mesetarenje na,,vnatres- ni,,!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 16°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |