24.10.2011, 18:50 Го оставила бебето за да скрие неверство
Драма во Кочани, спасено женско новороденче
Дваесет и петгодишна кочанчанка ризикувала смрт на своето новороденче за да не се дознае оти затруднела од друг маж, а не од сопругот. Драмата во кочанскиот Медицински центар се случи вчера околу 3,40 часот кога со обилно крварење била донесена Б.Е. (25). При извршениот преглед, лекарката утврдила дека пациентката се пород��ла непосредно пред доаѓањето во болница. Но, кочанката негирала дека воопшто била бремена. По едночасовно натегање, била повикана полиција. Во разговор со Б.Е. и нејзиниот вонбрачен партнер Д.Ќ., било дознаено дека кочанката се породила кај старата касарна во градот. Полицајците веднаш се упатиле таму и го пронашле бебето, завиткано во чаршаф и ставено во патна торба. Новороденчето било однесено во здравствена установа. На женското бебе, тешко 3.100 грама и долго 51 сантиметар, не биле утврдени знаци на насилство.
Полицијата го привела Д.Ќ., кој издржувал казна затвор, но тогаш Б.Е. признала оти затруднела од друг маж. Не сакала да каже кој е тој. Наводно, за да ја зачува вонбрачната врска, ја криела бременоста од сопругот и од соседите, па дури и сама се породила и го скрила бебето, но морала да побара лекарска помош оти се исплашила за сопствениот живот. Ниту соседите не знаеле дека жената е бремена. Кочанската полиција го расчистува случајот. (Г.А.) |