Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
24.10.2011, 18:38

Едиторијал

Епидемија на патриотизам

Слободанка Јовановска

ЕУ го избриша јазикот на Македонија во јануари 2009 година. Тогаш место „македонски“, во правилникот како да се нарекуваат јазиците во документите на Брисел беше впишано „јазик на БЈРМ“. Освен „Утрински весник“, сите други медиуми тој факт преферираа да го одмолчат, бидејќи ваквиот неуспех не и' одеше во прилог на владејачката гарнитура. Три години потоа не зафати невидена епидемија на праќање писма до еврокомесарот Штефан Филе за неправдата што и' ја прави на нашата држава. Се најдоа засегнати и оние што вообичаено не им пречи да играат под чиј било дрес, па и на Грција, спортистите. И оние чии јахти стојат закотвени под грчко знаме, и кои наголемо купуваат апартмани кај јужниот сосед. Грција, всушност, сега и не ни е проблем. Наш проблем е ЕУ, која од наша стратегиска цел се претвора во наше најголемо страшилиште.

Од каде одеднаш толку политички загрижени и национално освестени граѓани, организации, асоцијации, факултети, декани, писатели, студенти, кошаркари, фудбалери, и кој уште не? Каде беа претходните три години кога ЕУ ја спроведуваше одлуката, иако не толку ревносно како сега, откако почнавме да го браниме јазикот? Оваа патетика е нова потврда за Брисел колку е силна контролата на владејачката партија врз сите сегменти во државата и колку таа не е во функција на решавање на проблемите, туку на некоја друга агенда која се' уште не се открива. Да беше во функција на решавање на спорот за јазикот, Владата сигурно ќе го испиташе искуството од последниот ваков излив на патриотизам во времето на СДСМ, акцијата „Не фиромизирај ме“,кога Стразбур беше претрупан со писма, а именувањето потоа беше полошо од претходното.

Без да се потценува разочараноста од непринципиелниот став на Брисел и несфатливата потреба да се меша таму каде што нема што да каже, добро е да се потсетиме дека единствениот ваков ирационален проблем околу македонскиот јазик го реши експремиерот Љупчо Георгиевски, практично и без да најде решение. Тоа веќе подолг период од нас за спорот со името го бараат ЕУ и САД, односно форма која ќе ја тргне блокадата за евроинтеграцијата, а во суштина ќе опстои името Македонија.

Место тоа, минатата недела нашите преставници во Брисел сакале да го напуштат состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација, кој е подготовка за дијалогот на највисоко ниво што го има нашата држава со Унијата, бидејќи не добиле гаранција дека ќе се користи македонскиот јазик.

Ако продолжи свесното подгревање на нетрпеливоста кон ЕУ со писмата на адреса на ЕК и ако се оствари најавата дека шефот на дипломатијата, Никола Попоски, ќе бара од Филе објаснување за неупотребата на македонскиот јазик, тоа ќе значи дека јавноста свесно или не ќе помогне во донесувањето на одлуката да се симнат или прекинат односите на нашата земја со Унијата. Со олку соучесници никој не ќе може да биде посочен како одговорен за загрозувањето на стратегиската определба на земјата, од која досега формално не се откажавме.

Минатите денови премиерот Никола Груевски маестрално ја замени пораката на Филе дека, и да го решиме спорот, ќе ја изгубиме препораката ако не продолжиме со реформите. Според премиерот, и да ги спроведеме реформите, поради спорот со името нема да добиеме датум. Македонскиот јазик е последниот аргумент што може да натежне во носењето на одлуката. Не зашто е толку нерешлив, не зашто е толку битен, не зашто Брисел е неправеден, туку затоа што концептот и филозофијата на ЕУ се неспоиви со тоа што го сака нашиот владејачки естаблишмент, но тоа не смее да го каже јавно.


Статијата е прочитана 2224 пати.

Испрати коментар



Погрозно, покрваво, најморбидно
Крај на капитализмот
„Уа скопјани“
Баксузна опрема



jovan, 25.10.2011 00:11:23
Toa sto treba da bide, ke bide.
Itar Pejo, 25.10.2011 00:12:53
Sto ce ni e EU, koja sto propaga. Alternativata e najdena. Spored Latas qatarskiot emir ce ni frli stotici milioni. Ce gradel rafinerija za snabduvanje na Balkanot. Predpostavuvam deka so avioni (ili mozda helihopteri ili pak postenski gulabi) ce ja noat naftata kaj nas, a potoa so kamioni ce trgna za Kosovo.
deko, 25.10.2011 00:35:04
Nikoj do sega javno ne sakase da priznae i javno da kaze pa i vie takanareceni vo novinari deka grcija nikogas nemala problem so naseto ime tuku NEMA NIKOGAS DA PRIZNAE DEKA POSTOI NAROD MAKEDONSKI koj zboruva makedonski i pisuva na makedonski jazik.Na vas novinarite toa dobro vi e poznato samo nemate hrabrost da napisete deka grcija nikogas pa ni togas nema da priznae deka na severot od niv, zivee makedonski narod.Pa zatoa najlesno vi e da plukate po nasata vladata demek nisto ne storila a sto trebase da stoti da ne izbrise so moliv.Ili se uste naivno veruvate deka grcija saka razumen kompromis se lazete ako bese taka do sega ovoj spor ke bese resen.Pa zatoa ve molam bidete razumni ovoj spor nema nikogas da se resi a nie da ostaneme MAKEDONCI.Se ima svoja cena treba da se izdrzi pritisokot od GR i EU bez razlika kolku i da treae. Ovoj narod izdrzal 5 veka pod tursko zasto sega ne bi izdrzal bez razlika sto imame mnogu predavnici od tursko do denes.
USA, 25.10.2011 00:37:10
Zosto samo makedonskiot patriotizam e sekogas pod znak prasalnik??? Sto e so grckiot, koga sami si gi palat gradovite samo zaradi licniot matrijalen interes. Nie ne barame pari. Barame da sme toa sto sme.
respekt, 25.10.2011 04:27:37
Маестрално кажано, само за кого. Филе рекол: вашата држава, па за јазикот и.т.н.Па како сакаме поинаку да се изразува ПОЛИТИЧАР на ЕУ?(основен приiцип е солидарност) Сетете се само на французинот Бадентер што напиша за Македонија.А кога го прашаа новинарите, како може француските политичари да не ја признаваат Македонија, тој едноставно одговори Јас сум ПРАВНИК не сум ПОЛИТИЧАР, ако сум политичар, вероватно и јас така ке постапувам.ОД ова јасно произлегува дека Филе само си ја врши работата за која е платен. Народе Македонски време е да се освестиме, да бараме и нашите политичари да си ја вршат работата за која се платени(пристоен живот на народот) а не да билдаат рејтинзи со ефтин патриотизам.Мислам дека на секој на планетава(вклучително и на Грчките политичари) им е јасно дека не може никој да ни го избрише ни ИДЕНТИТЕТОТ, ни ИМЕТО, ни ЈАЗИКОТ. Едноставно е НЕВОЗМОЖНО.Отука, сосема е очигледно, дека и Грчките политичари и нашите, остануваат на власт единствено со ,,патриотизам,,.
Tajming, 25.10.2011 05:44:55
Ne razbiram samo zosto ne pocekavme prvo da vlezeme vo NATO i EU, a potoa da se aktuelizira naseto anticko minato. Zosto morase tokmu sega?
Sefadin, 25.10.2011 07:13:51
Ne e najgolema opasnost vrakanjeto na pridavkata makedonski,toa sekako deka ke se sluci,najgolem problem za drzavata e vrakanjeto na ukradenite pari od narodot i drzavata.Dali toa eden den ke go docekame-veruvam deka nikoj ne veruva deka toa ke se sluci...!?
mark do USA, 25.10.2011 07:47:58
Aj bogati i ti izigravas patriot sto mnogu ja sakas zemjata kako lanskiot sneg ne se gl... ako sakas da pomognes dojdi vrabotise ovde i deli pamet so nikakva ili 150 eu plata togas da ti go vidam tebe i na mnogu kako tebe patriotizmot a ne si fatil djenem i ke ni delis soveti.
ivan, 25.10.2011 08:32:31
Eve i nie zagrizenite sahisti i tabladjii od Karpos4 mu isprakame pismo na toj FULE.Naseto ime i Makedonski jazik nema on da ni go promeni znae li on kolku godini nie sedime pred zgrada i igrame SAH I TABLA, a pritoa ubavo si diskutirame i za za rabotata sto sme ja izgubile za siromastijata,eve sega i za ubavite spomenici i za penziite koj nekoi gi grickaat,a nekoi bogami i ke gi docekaat na klupite pred zgrada. I se toa na nasiot ubav MAKEDONSKI jazik.
Спасе, 25.10.2011 09:27:03
Ние си ја сакаме нашата Македонија, а Бранко и СДСМ нивната - Србија или Грција.
Istocna Makedonija, 25.10.2011 10:28:49
Statijata moze da ima i supstitutiven i alterna- tiven naslov kako,Epidemija na kvazi patrioti triotizam.Aklamativno,nikoj na zemjinava pla- neta nema eksluzivno pravo da go negira ma- kedonskiotidentitet,jazik,kultura,istorija,nasledstvo.Nitu od pozicija na velesila i mok.I sega, ubavo kazano,sitepatrioti vo nasava negira na i marginilizirana drzavicka.vo serija i orkes- trirano se transformiraat vo skribomani.Pisuva at pisma i manifestiraat rodoljubie!Ne znam, neka me izvinat,ne sme gi slusnale na ovaa te ma aktivite na stari fudbaleri,drustvata na pcelari,generacijata na maturanti 1972 god... Neli,komunizmot bese retrogradno opstastvo nazadno,konzervativno i zosto sega vo 21 vek kopirame od nego?!Pa,uste vo 60-te godini na minatiot vek,cela eks Ju i normalno Makedonija kako federativna edinka,pisuvase pisma i odrzuvase protesni mitinzi po povod ubistvoto na Patris Lumumba od rezimot na Combe vo Kongo.Ili,pismo 1999 g. od Djaik do Bekembauer za bombardiranjwto na Ju
do respekt, 25.10.2011 10:53:21
Pred se, neli respekt za samiot sebesi. Tocno e deka nikoj nikomu nisto ne moze da mu zeme, no ima nesto sto sepak nikomu ne moze da mu se dade, covecko dostoinstvo, i pravo na samoopredeluvanje, temel na EU kon koja stremime i koe tamu odamna go nema. Zasramete se, i vie i progrckata novinarka.
ФЕЛИКС, 25.10.2011 11:07:40
Како прво грешка во старт,нема бришење на јазикот со додавката БЈРМ оти во таа додавка го има зборот Македонија.Е сега се поставува прашањето во обратна насока.Ако вие и вашите тогаш сте реагирале за ,,јазик на БЈРМ,, зошто сега не напишавте текст барем половина од овој и да ја запрашате и ЕУ и Филе,,зошто неиндетификувани,,вашата и вашиот,, или ,,Скопје-Скопјани и јазикот на вашата држава,,.Зошто пак сега сте адвокат на ЕУ и Филе,зошто одсаство на реакција за потоа да го апострофирате виновникот. Реагирајте како и сите што имаме ,,напад епидемиолошки,,а птоа истурете му се на премиерот.Но немате сен за такво нешто,подбра е адвокатурата која за среќа е во огромно малцинство.
Bumerang, 25.10.2011 12:41:51
Sto se pravat iznenadjeni i uvredjeni ovie vmro-vcite. Pa kolku im se zborese ne rabotete taka, ne provocirajte, ne go vredjajte toj sto treba da go molite itn. a tie bile hrabri i ce im go plesnale v lice. Epa eve ni sega, ama najlosoto doprva sledi.Istite tie vmro-vci ce mu go storat na Grujo ona sto libijcite mu go storija na Gadafi. I tie bea patrioti i se voodusevuvaa na Gadafi, ama preku noc se se smeni. Doduse Grujo vece obezbedil baza(stan) vo Praga, ama prasanje dali ce go primat,. Zatoa Grujo otrezni se ako uste imas moznost ili begaj dodeka e vreme.
Goce USA, 25.10.2011 13:48:36
Do Feliks i onie kako nego: Dosta gi izvrtuvate loncinjata gospodo! Se odnesuvate i zboruvate kako da EU dosla kaj NAS da bara clenstvo a ne obratno, pa sega NIE ke diktirame uslovi. Na kraj na kraista mnogu e ednostavno resenieto-moze da se otkazeme od sclenstvoto vo sekoe vreme... bez gajle, nikoj nema da place ili da ne moli. A posle koga site komsii ke vlezat tamu (a ke vlezat!) TOGAS so site ke si imame po eden vakov spor pa za site ke treba da menuvame ili da se otklazeme od nesto. Samo kade ke bidete vie togas da ne odbranite?
Beti, 25.10.2011 14:47:05
Makedoncinja, vasite sasavi problemi ne mu se najvaznite na svetot. Zatoa cukajte si gi po glava i tonete vo siromastijata. A kilavite komentari koj za sto sluzat. Covek sto si prvi sam si pravi, od umot e.
Tarzan, 25.10.2011 14:49:19
do FELIKS Abe Feliks ,abe aj odi ,.....legni si
do Goce USA, 25.10.2011 17:27:32
Prvo,nema site komsii da vlezat tamu.Vtoro,nie nema da popustime nikomu i nema da davame nisto nase.
Револт, 25.10.2011 18:18:57
Целта на сите тие загрижени патриоти е дефокусирање на јавноста, што мора да се признае успешно го изведоа. Сега повеќе не се зборува за лошиот извештај, туку за името, јазикот итн.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |