23.10.2011, 13:04 Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба
Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.
По тој повод, во свечената сала во Собранието на Република Македонија на пладне на добитниците ќе им биде врачена државната награда „23 Октомври“ за 2011 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.
Добитници на оваа награда се проф. д-р Томе Неновски, за наука и за образование, писателот Паскал Гилевски и ликовниот уметник Коле Манев.
Централната прослава на Денот на македонската револуционерна борба, на која ќе се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе се одржи вечер во Македонската опера и балет.
Во рамките на одбележувањето на 23 Октомври денеска во паркот „Жена“ во Скопје ќе биде откриен споменикот на македонските бранители кои загинаа во конфликтот во 2001. На откривањето на споменикот ќе присуствува владина делегација, претставници на Здружението на членовите на семејствата на загинатите, на полициск��от и на армискиот синдикат и други личности. Споменикот е изграден со одлука на Општина Центар, а идејното решение е на скулпторот Киро Мукаедов. На бронзената плоча на паметникот се испишани имињата на сите убиени припадници на вооружениети сили на Македонија во конфликтот во 2001 година.
Делегација на Владата на Република Македонија ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на Даме Груев и Гоце Делчев на плоштадот Македонија во Скопје.
По повод 23 Октомври во целата земја се одржуваат низа манифестации и одбележувања. Во Општина Илинден ќе биде отворено модуларно средно и основно училиште, а во прилепското село Беровци монтажно училиште.
Македонија годинава по петти пат го празнува 23 Октомври како државен празник. На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.
|
|
Статијата е прочитана 902 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Jaz, 23.10.2011 14:25:20 | Prvoto oficijalno ime na organizacijata zapishano vo dokumentite (prviot ustav) e Blgarski makedono-odrinski revolucionerni komiteti. |
| Kire, 24.10.2011 07:51:23 | Дали можете да објавите фотографии од оргиналниот текст од оснивачкото собрание на МРК, да видиме на кој јазик е напишан и што точно пишува. Тогаш на сите македонци ќе ни стане јасно за што се борела ВМРО. |
| zare, 24.10.2011 11:15:15 | Да ви е честит празникот на создаването на БМОРК (Бугарски македоно-одрински револуционарен комитет)! |
| didovan, 24.10.2011 12:24:01 | На Солунскиот конгрес на организацијата во 1896 е дадена задача на Гоце Делчев и Ѓорче Петров да подготват устав и правилник. Според првиот устав, организацијата е наречена Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Под ова име, организацијата постои се до 1902 година, кога го променува името во Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО). Во 1905 година, организацијата го променува името во Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО).
http://www.promacedonia.org/gd2/gd_galerija.html |
| kaktus, 24.10.2011 14:10:32 | Дајте еднаш кажете ја вистината за ВМРО.
По формирањето на Револуционерниот комотет во Солун, организацијата продолжи како Тајна македонско одринска револуционерна организација под чие знаме се дигна Илинденското востание. Името ВМРО го доби во 1905 на рилскиот конгрес кога за претседател е избран бугарот Тодор Александров експонт на бугарскиот двор. Од овај момент организацијата е ставена вво служба на бугарскиот двор што продолжи и во времето кога за претседател е избран профашистот Ванчо Михајлов кој спроведе терор до расформирањето во 1929 година.
|
| Goran, 24.10.2011 21:00:44 | Alo jaz i zare, vie ili nikogas ne ste procitale kniga, ili namerno provocirate so gluposti.
Vo vremeto koga TMORO se formirala, bila potpomognata od Bugarskata strana, so oruzja i informacii. Toa neznaci deka organizacijata bila formirana od Bugari... Bugarite si imale svoja cel koja sto ja vidovme za vreme na Balkanskite vojni i posle Blakanskite vojni.
Ako vo Makedonija ziveele Bugari, zosto togas ne gi precekale so otvoreni race vo Makedonija za vreme na Blakanskite i za Vreme na prvata i vtorata svetska vojna?
Eh... od lugje kako vas mi se gadi... |
|
|
|
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 7°C
Делумно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 6°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
|
|
|
|
|
|