Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп

 

ОВЕН

Околината ве прави несигурни. Чувствувате емотивно ограничување во врската. Бидејќи многу се разочаравте од едно пријателство, размислувате да го прекинете. Не оптеретувајте се со одлуката, туку, концентрирајте се на паметните предизвици.



БИК

Не сте во дилема. Одлично се соочувате со суровата реалност. Трезвено размислувате, јасно знаете што сакате и што ви треба, а воедно сте свесни и за фактот зошто не можете да реализирате нешто. Затоа што ве очекуваат успеси на сите страни, тргнете во напад.



БЛИЗНАЦИ

Подготвени за уживање и забава, денот го поминувате во добро расположение. Ќе добиете можност за работно унапредување. Иако редите успеси на работен план, не можете да се пожалите ни на емотивен план. Посебна радост ви носи партнерот и личностите кои ви значат.



РАК

Ќе се нервирате доколку губите сила на работите на кои тешко можете да влијаете. Можно е вашите имагинативни моќи да бидат нагласени, затоа, занимавајте се со уметност или оние нешта на кои им неопходна доза од вашата имагинација.



ЛАВ

Очигледни се вашите настојувања да изнудите невозможни работи од колегите. Идеите ви се премногу очигледни, но бараат значителна флексибилност, својство, за кое, многумина само може да сонуваат. Здравствената ситуација ви наложува да излезете на воздух и да прошетате заедно со партнерот.



ДЕВИЦА

Работен успех, емоционална нестабилност. Дали се радувате или плачете? Радувајте се бидејќи љубовните недоразбирања се минливи, а смирувањето дополнително ќе ја зацврсти врската. На емотивно ниво се појавија ограничувања предизвикани од вашите неконтролирани постапки, главно од љубомората.



ТЕРЕЗИЈА

Пред вас се прекрасни моменти. Сите планови се реализираат, па можете да бидете задоволни. Постои мала тензија заради вашата променлива природа. Не брзајте со активностите и чувајте ги личните работи, посебно вашиот паричник. Емотивно сте задоволни благодарение на некој Јарец или Овен.



СКОРПИЈА

Одличен бизнис период, проследен со финансиски успех. Ќе ви се исплатат сите ваши нервирања и смелите инвестиции. Можни се здравствени проблеми, лоша крвна слика, па пробајте на некој начин да ја поправите. Сето тоа ќе се смени со адекватна исхрана.



СТРЕЛЕЦ

Променлив период во кој давате различни идеи и уште поразлични заклучоци. Вашата променлива природа може лошо да дејствува врз соработниците и најблиските пријатели. Сетете се дали и тие постојано ве торпедираат со нелогични нешта? Бидете разумни и приземни.



ЈАРЕЦ

Концентрирајте се на работата. Земате премногу време за себе и за своите задоволства. Вашите колеги ја чувствуваат вашата несигурност. Време е за голем потфат кој ќе им го сврти вниманието и ќе ја добиете посакуваната доверба.



ВОДОЛИЈА

Време за љубовни моменти. Некој Рак веќе подолго време ги набљудува сите ваши постапки. Бидете решителни, пријдете и разговарајте со личноста која може долг временски период да биде покрај вас. Водолиите кои се во врска ќе имаат пријатни моменти со партнерот.



РИБИ

Мала доза на имагинација причинува неизмерна радост. Пријатните мигови ќе донесат и шлаканица од реалноста. Не е лошо да танцувате и со разумноста. Финансиски успех на повидок, а љубовта ќе цвета доколку бидете искрени кон партнерот.













"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |