19.10.2011, 16:51 Делчево нема пари, ама градоначалникот купи автомобили
Наместо водоснабдување и проширување на градинката, градоначалникот Горан Малешевски купил две луксузни возила
Иван Бојаџиски
Штип – Делчево го тресе нов скандал. Наместо да инвестира за потребите во водоснабдувањето и за поголем опфат на децата во градинка, градоначалникот Горан Малешевски, со поддршка на Советот на Општината, купил две луксузни возила, едно за себе, другото за потребите на Општината, за што од буџетот се издвоени 37.500 евра. Од опозициската СДСМ сметаат дека се работи за неодговорен однос кон парите на граѓаните и на нивните темелни потреби од страна на градоначалникот и Советот на Општината, во кој односот на силите е 15:4 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, од чиишто редови е и градоначалникот Малешевски.
„Овој неразбирлив чин на луксузирање Малешевски и Советот на Општината го направија во време и во услови на блокада на сметката на Општината за 50 милиони денари и тоа без пресметана камата. Поради таквата финансиска состојба општина Делчево не влезе во втората фаза на децентрализацијата, а на седница на Советот е донесена одлука за ребаланс на буџетот за 9,3 милиони денари бидејќи не се извршува проектираниот буџет “, вели Горан Трајковски, претседател на Општинската организација на СДСМ. Од опозициската партија го обвинуваат градоначалникот дека наместо за суштински потреби на градот и на граѓаните тој потрошил големи пари на возила, иако автомобилите што ги наследил пред две години кога дошол на функција биле сосема нови и употребливи.
„Дел од парите од буџетот требаше да се употребат за изградба на пречистителна станица на браната „Олшана“, но на предлог на градоначалникот и со амин на советниците од ВМРО-ДПМНЕ таа потреба е одложена по вторпат.
Покрај оваа, една од најголемите потреби на градот е проширување на детската градинка, бидејќи Делчево има потреба од сместување на уште најмалку 70 деца, но сегашниот капацитет на градинката не го дозволува тоа. Но, за Малешевски и за вмровските советници поприоритетни беа луксузните автомобили отколку децата и потребите во доменот на квалитетното водоснабдување“, потенцира Трајковски.
Градоначалникот Малешевски купил возила „пасат“ вредно 25.000 евра,е' но и „форд“ вреден 12.500 евра иако на располагање имал „форд фокус“ од крајот на 2006 година, а за потребите на Општината имало уште две возила „поло“ и „тико“, кои биле во сосема добра состојба. Овие возила, според опозицијата, биле повеќе од доволни за Општина со 17.713 жители од кои 10.454 живеат во градот. Во врска со овој случај се обидовме да ја слушнеме и другата страна. Десетина пати, на сите можни начини го баравме градоначалникот Малешевски, но тој не најде за потребно да одговори на обвинувањата.
Николчо Трајановски, претседател на Општинскиот совет и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ прво кратко ни рече дека барањето за набавка на автомобили дошло од градоначалникот за потоа да го прекине разговорот со ветување дека по е-пошта ќе ни го испрати својот став во однос на обвинувањата што доаѓаат од страна на опозицијата. Чекавме и подолго од закажаниот термин, но од првиот советник во овој град не добивме никаква информација. |
|
Статијата е прочитана 2078 пати.
|
Испрати коментар
|
|
LIDER, 19.10.2011 21:58:25 | Многу убав текст од СДСМ само уште да кажеа кој ја задолжи општината, кога и зошто? Дали претходно општината ги имаше истите возола па набавија ФОРД пред избори и каков? Што тир направија за време на нивниот мандат во Делчево(вработија 30 луге во општината). Нека каже Горан Трајковски зошто тој и од каде пари си купи пасат пред 10 дена аи тој си имаше шкода што е во одлична состојба?
Тогаш ке имаше смисла целиот текст.
Може д а каже на граѓаните дека само оваа година се изградени10 улици во градот и5 во селата, 5 детски игралишта , се реконструира пола Делчево со водовод и канализација толку колку што направија последните 20 години на власт СДСМ и ја задолжија односно уништија општината уште 1996. |
| UK, 20.10.2011 04:14:32 | Seljak so tapija avtomobilot mu e vazen kako parite da se od tatko mu. Debil. |
| Asan od Krivolaka, 20.10.2011 06:55:40 | Уште едно расипничко дело на дпмне-евската разулавана перјаница. И таткому на овој потврден експонент на груевскиот режим, јуниорот Малесевски, правесе раѕно-раѕни збрки, но не во овој туку во „комуњарската диктатура„. Тој во Здравствениот дом правесе разни збрки. Е сега неговиот син, денесниот градонацалник на Делцево, моѕе да се каѕе дека за многуте злоупотреби сшто секојдневно ги прави, има потврдено ПЕДИГРЕ. Нека Господ не цува од такви како него. |
| aleks, 20.10.2011 07:40:11 | predlog za nov zakon do sobranie:
neiziveani i neobrazovani i gradsko kafanski mangupi nikako nesmeat da bidat kandidati za gradonacalnici ili bilo koja druga funkcija gruevski posle da ne se cudi zosto SDSM od mizerni dvaeset i kusur sega ima solidni cetirieset i kusur pratenici i pokraj toa sto se trudi od vakvi ljuge mnogu vladi padnaa narodot gleda i se polni frustracii nikoj nisto ne im moze a za zal gi ima vo sekoj grad. |
| Istocna Makedonija, 20.10.2011 07:48:50 | Dajte ne ne tormozirajte so tavtoloski,apsurdni
repliki i tiradi!Se vo konotacija,a vie koga bevte
na vlast,napravivte ova i ona.Znaeme deka ne
cinite,i vie i tie,ama nemame dobra opcija.Koj go
prasuva graganinot-narodot,koga si na vlast sa-
mo grabaj i taka se ovci,pak ke ne glasaat vo ona
vreme.Koj kogo da zatvori,site,izgleda,kradat-
pardon zemaat.Vo pravo e gradonacalnikot na
Delcevo!Sega mu e majkata,,,taka se kalese ce-
likot,,.Ne trebaat vodovodni,kanalizacioni mrezi,
gradinki!I bez leb i voda mozeme.Vozila trebaat! |
| Александар М., 20.10.2011 08:18:08 | До LIDER. Без разлика кој ја задолжил општината, господинов кога молел за гласови не им ветувал на граѓаните дека ќе си купува нови коли, туку дека ќе ја подобри инфраструктурата и дека ќе работи за интересот на граѓаните. |
| M.T., 20.10.2011 09:46:20 | По смешен и по беден Градонацалник Делцево немал во својата историја.Може новата кола да му ја побарало своето дете(сигурно повеке не сакало да го води со старата кола во градинка).Претходниот Градонацалник вработи стручни и компетентни луѓе,а овој ги избрка по налог на Грујо.Малешевски е одговорен за уништувањето на стотина семејства од Делчево и се надевам дека во скора иднимна има да плати са сите глупости и гревови што ги направи.Да побегне нема каде ... |
| Delcevec, 20.10.2011 10:24:51 | Znaci liderot od pogore e definitivno prviot sovetnik Nikolce ili dezurniot propagator na DPMNE vraboten vo opstinata specijalno za ovaa namena. Se pravdaat so nekakvi si ulichki koi se nistozna investicija. Sramota za Delchevo koj dosega trebase da cveta, vprochem takvi bea i vetuvanjata na nepismenite vmrovcinja |
| Straso, 20.10.2011 11:22:53 | Pa dobro be Delcevci zarem tolku brzo go zaboravivte grabezot na gangsterot Tafrak i negovata mafija,zarem ne gledate koi vo Delcevo otvori privatni firmi so drzavni pari vo koi lugeto rabotat za 4 000 denari a tie tolku davaat za edno kafe vo egipet ili tunis.Vremeto na Mirko nikoj ziv nema da go zaboravi zatvoranjeto na fabrikite i stecajcite sto ostanaa na ulica,kupuvanjeto glasovi za 5 l zejtin ili 1 vreka brasno,vraboruvanjeto na nesposoben kadar,reketot,korupcijata...Ednostavno tajfunot Mirko nema da go zaboravime i vo slednite 20 god. ne barajte gradonacalnik od vasata partija vo Delcevo.Toa ke vi ostane samo pusta zelba koja nema da vi se ispolni se dodeka vo Delcevo ima luge koi se grizat za gradot kako gradonacalnikot .Vo meguvreme uzivajte vo kamatite sto gi zemate od nelegalno zarabotenite pari.Pozdrav od Ex Komunistickoto Delcevo. |
| kegi, 20.10.2011 11:40:04 | Коментарот наликува на утешителна приказна ЗА сите неуспеси на опозициската СДСМ колку е само контрадикторно да се даваат коментари за нешто што е сосема несуштествено во споредба со се она што го направи владеачката партија во досегашниот мандат за градот Делчево кој со години наназад сонуваше за изгледот што го има денес.��чигледно не го знаат значењето на зборот приоритет,жално но вистинито .колку само проекти се завршија во изминатата 2010 год финансирани од општината и јавното комунално претпријатие од сопствени с-ва кое реконструираше водоводни и канализациони мрежи со највисоко специјализирана опрема .Средствата што се користеа од опшината и комуналното претпријатие по основ на завршените проекти се неспоредливи во однос на средствата што се потрошија за последно набавените афтомобили за кои зборуваат.Граганите знаат кој колку направи за општината ја направија и согледаа компарацијата навреме и затоа изгласаа пофторна подршка а на сдсм и останува и понатака епитетот минато |
| До„LIDER„, 20.10.2011 12:28:24 | Доста со зборење за ланскиот снег.Граганите ги интересира што се случува денеска. |
| Kiko, 20.10.2011 12:39:00 | Овој текст напишан од почитуваниот новинар Иван Бојаџиски во целост е неточен базиран на паушална изјава наведена во текстот, од страна на Претседателот на СДСМ во Делчево, која е во целост паушална и неповрзана со остатокот опд теккстот. Новинарот изведува сопствени заклучоци без никакви факти,, со директни лаги и злонамерни инсинуации. Односот на силете во советот на општина Делчево не е 15:4. Инвестициите во градинката направени од 2009 година до денес од страна на општина Делчево се неспоредливо големи во однос на сите претходни мандати на било кој градоначалник на општина Делчево. |
| Лагите на СДСМ немаат крај, 20.10.2011 12:56:14 | ЛАГИ ЛАГИ ЛАГИ. Неаргументирани, лаги од страна на СДСМ, кои во небулоза од нивната безидејност и внатрепартиски превирања, немаат апсолутно никакво решение на ниту еден проблем во Делчево, туку окупирани со нивната дневно политичка борба за превласт во партијата, нижат, лаги и невистини со цел за доведување во заблуда на населението во Делчево. Немаат храброст да излезат пред ТВ камери, па сега почнаа и по пишани меиуми(без дисреспект за медиумот). Во Делчево во последните 2,5 години направени се неспоредливи инвестиции во сите сфери на работата на општината, вклучително и за водоводната мрежа како и за детската градинка. ОВА НЕ Е СЛУЧАЈ СО ВРЕМЕТО НА ВЛАДЕЕЊЕ НА СДСМ ВО ДЕЛЧЕВО, кога немаше ниту една видна инвестиција поврзана со споменатата, проблематика. СРАМНО и БЕЗОБРАЗНО.
П.С.Текстот како да го пишувал некој друг, а не потпишаниот новинар, во вашиот весник...ПРОВЕРЕТЕ го изворот на информации. |
| Igor, 20.10.2011 15:04:00 | Mnogu im e tesko sega na ovie od sdsm sega treba vistinski da gi zarabotat parite t.s. platata ili dnevnicata za razlika od vremeto na carot Mirko koga preku razni proekti bea ukradeni eden kup drzavni pari so koj nekoj faci od partijata stanaa milioneri i vistinski robovladeteli.Sega gospoda ke se naucite kolku tesko se zarabotuva za leb,isto kako i tatko mi i majka mi i kako mene sto odam vo stranskite drzavi da zarabotam nekoj denar za zivot
na cesen nacin so cesna i fer rabota.Ako ne vi se raboti na ovoj nacin povelete vo Idrizovo tamu ke ve naucat na mnogu finti. |
| RACHAELA, 20.10.2011 17:07:55 | Исто као што во државата како никогаш досега животот не бил подобар, побогат, послободен така и во Делчево. Делчево цвета, се развива со невидено темпо, ако продолжи така којзнае кај му е крајот ))). Ако, ако, така и ни треба, никој не ни е крив, не ни паднаа од небо овие што се на власт, сами си ги избравме. Каков народ таква власт! Сега го плаќаме цехот за не вклучувањето на способните, докажаните и писмените луѓе во политиката.А на опозицијата и препорачувам само така нека продолжи, да спие, да ќути, да мижи! И победата сама ќе си дојде!Само којзнае кога? И 20 години малку се, вака, со ваква кукавичка политика само после 120 години СДСМ ќе се врати! На здравје нека ни е бричење на суво! |
|
|
|
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 5°C
|
|
|
|
|
|