Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
19.10.2011, 17:26

Цела Влада по инвестиции во Лондон

Груевски до британските бизмисмени: Дојдете во Македонија!

Висока македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски се наоѓа во Лондон каде ја претставува нашата земја како добра за инвестирање пред британските бизнисмени на конференцијата наречена „Инвестицискиот форум ’Обединето Кралство - Македонија’.

Груевски имаше настап на форумот, а неговите зборови беа дека Македонија е добра земја за водење бизнис. „Тоа најдобро го потврдува Светската банка која преку листата на Doing business неколку години по ред ја става Македонија на врвот на листата на реформатори и поволни бизнис дестинации“, рече македонскиот премиер.

Она што им го објаснува Владата на бизнисмените во Лондон е дека таа, како што рече Груевски, во континуитет работи на подобрување на бизнис климата.

Премиерот Груевски рекол и дека последниот извештај на Европската комисија е уште една потврда за добриот начин на кој Македонија се справува со предизвиците на економската криза. „Извршена е либерализација на девизното работење, подобрена е ефикасноста на банкарската супервизија, има долгогодишна макроекономска стабилност со ниска инфлација која во просек изнесува 2 отсто во последните 10 години“, им рече Груевски на Британците.

Аргументите на Владата со која настапи на вчерашната средба во Лондон се и дека во изминатите години во Македонија се спроведени реформи во пазарот на труд. „Во делот на даночната политика воведовме ниски и рамни даноци од 10 отсто, ја ослободивме од оданочување задржаната добивка која не се распределува во дивиденда, етапно ги намалуваме социјалните придонеси за една третина“, рече Груевски.

Премиерот ги наброи и странските фирми кои инвестираа во Македонија - Џонсон Контролс и Џонсон Мети кои отворија свои капацитети уште пред светската економска криза. „Значајно е да истакнам дека по најновото економско закрепнување, во последните четири месеци во Македонија има своевиден мини инвестициски циклус, при кој што Џонсон Контролс отвора уште една втора фабрика, а влегоа и инвестициите на Текнохозе од Италија, Кемет Електроникс од САД, Протек Груп од Русија и Мадерсон Груп од Италија“, истакна македонскиот премиер. Тој ги спомена и трите технолошко- индустриски развојни зони во Штип, Тетово и во Скопје.

Македонската Влада им нуди на британските бизнисмени, ако дојдат, ослободување од данок на добивка и персонален данок на доход за првите десет години од работењето. Други поволности се даночно ослободување на нераспределената добивка, ослободување од ДДВ, царина и акцизи за промет на добра кои се користат за производство наменето за извоз, како и ослободување од комунални и административни такси. „Во зависност од висината на инвестицијата, Владата може да учествува во трошоците за изградба на градежен објект до 500.000 евра“, рече Груевски.

На инвестицискиот форум присуствуваа претставници на околу 150 британски компании. Покрај Груевски, обраќања имале и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за економија Ваљон Сарачини, министерот за странски инвестиции Веле Самак.

Груевски во Лондон се сретнал и со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој Јан Фишер. (С.К.)


Статијата е прочитана 1291 пати.

Испрати коментар



Пример за двојни аршини во судството
Ни треба ли кризен штаб за ЕУ
Македонија да добие датум за преговори
Роди ќерка, дома донесе машко
Ќе заборавиме на Извештајот додека да дојде пред Собранието
Има ли виновници за хеликоптерската несреќа?
Кој си игра со зрачната терапија за болните од рак?
Обвинителите ќе имаат пари за кирија, но не и за новата улога
„Утрински“ на Света Гора



neopredelena, 20.10.2011 02:22:39
Nema sansi Gruevski kaj Britancite, e duri tamu epten nema sansi, tuku aj pak ke trosat narodni pari i ke si pravat bajram na mozokot.
vladimir petrovski -dejure! schepanovic-xarizanov, 20.10.2011 07:05:50
zosto vo london primierot im se obrati na cist skotcki jazik ,a london e vo anglija?????jas zborvam irski!!!
malo crnice, 20.10.2011 07:41:45
„Во зависност од висината на инвестицијата, Владата може да учествува во трошоците за изградба на градежен објект до 500.000 евра“, рече Груевски. A ja ke dodadam - OCAJ!
patriot, 20.10.2011 09:36:55
Pa bitno e da se raboti nesto i da se zalazuva narodot. Se dodeka po vesnici izleguvaat natpisi, narodot ke sedi kako ovca i ke se nadeva na podobro utre, ili sto bi se reklo Ne umri magare za zelena treva. Vaka super i odi na vladava, kucinjata lajat - karvanot si vrvi, toj sto si e na vlast ke si go prozivee zivotot vo ubavini, makedonskiot narod naviknal da zivee vo beda i nema da mu smeta, pa site zadovolni i ovcite na broj.
mile, 20.10.2011 10:04:28
Dobro e sto Makedonskava vlada se trudi da donese po bilo koja cena stranski investitori vo Republika Makedonija.Tesko e ali mora da bidebe uporni ako treba i da bideme zrtva na odredeni ekonomski celi mora da uspeeme za podobruvanje na ekonomijata ,makedonskata vlada e ma dobar pat.
od ostrijot, 20.10.2011 10:19:55
grujevski me potseka na selski pop cim zaladi pocne daprosi taka i grujo trgna da moli-prosi
Realist, 20.10.2011 11:01:09
Gos.Gruevski sto oci baras vo London Anglicanite odma ke se strcat nakaj Makedonija.Gos.Gruevski dojdi vo Avstralia i daj gi istite uslovi na nas Makedoncite,i vrati ne nazad nas i nasite semejstva koi imame po nekolku kuki vredni nekolku milioni dolari,napravete konkurs za dodeluvanje na zemjiste samo za gasterbajterite po 1 evro na kvadrat i 1 Dolar investicija 1 dolar od Drzavata pa da vidis,a ne kako do sega Gospodata policajci i carinarnici na Aerodromot da mozat i vo gakite ke mi poglednat i ne gledat kako volovi bez nikakva milina sprema nas,toa treba cistka ili kurs za da se opismenat na nivoto na ostanatuiot svet.
helga, 20.10.2011 15:01:29
se soglasuvam so ostriot neka pocnat da razmisluvaat da vospostavat svoi domasen kapital ....otkako nitu po 20 god ne uspeaa da gi vovedat evropskite zakoni pravila evropskite zemji zavisat ot svojot domasen kapital samite se sto im treba proizveduvaat ne e samo da se trca po svetot i da se baraa pari .... nie ke specalime ot tolku peaci ipeacki ke gi pratime po svetot ke ni donesat

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 16°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Ситен дожд
Макс: 18°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |