Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Политика
17.10.2011, 18:09

Шеик во Скопје

Прва официјална посета на еден крал од арапскиот свет од независноста на Република Македонија

Димитар Чулев


Шеикот Хамад бин Калифа ал-Тани, вчера во точно предвидениот термин слета на скопскиот аеродром. Шпекулациите дека поради безбедносни причини слетувањето ќе биде тајност, не ��е остварија: Многубројни Тв-екипи и новинарски екипи беа присутни на аеродромот „Александар Велики“ каде што шефот на државата Ѓорге Иванов го пречека гостинот од Катар.

Ал-Тани, и покрај претпоставките дека ќе се појави во протоколарен европски манир, во костум, на скопскиот аеродром слета во традиционална облека од неговата земја. Впрочем, токму инсистирањето на традиционалното, но и високите стандарди што ги барал емирот за евентуален престој во Скопје досега се наведуваат како причина зашто земјата во која Македонија има амбасада од 2004 година не одговори на многубројните повици за посета. Фуад Хасановиќ, амбасадорот на РМ во Катар, беше дел од делегацијата.

Беа испочитувани химните на двете држави, дваесетина минути по слетувањето на суперлуксузнуиот „ербас 340“ со емирот Ал-Тани.

Многубројните новинарски екипи, сепак, не успеаја да дознаат дали специјално воведениот режим на дел од скопските сообраќајници беа дел од специјалните заштитни мерки на емирот или мерките за безбедност беа предимензионирани. Во јавноста се прошири веста дека емирот можеби и воопшто нема да се појави на скопските улици, туку со хеликоптер ќе бил пренесен во „Александар палас“.

Интересот беше особен поради фактот дека ова е прва официјална посета на еден крал од арапскиот свет од независноста на Република Македонија. Својата европска турнеја емирот на Катар ја почнува од Македонија, по што следат посетите на Албанија, Полска и на Украина.

Шефот на македонската држава и емирот на Катар во вилата „Водно“ одржаа тет-а-тет средба, на која биле разгледувани билатералните односи меѓу двете држави и разменети мислења за ситуациите во регионот, на Блискиот Исток и Северна Африка, како и на Балканот. На средбата биле поканети и министрите за надворешни работи Никола Попоски, министерот за информации Иво Ивановски, министерот за финасии Валон Сарачини... „Акцент ќе биде ставен на развојот и на унапредувањето на економските односи меѓу двете држави, односно зголемување на трговската размена како и можноста за директни катарски инвестиции во македонското стопанство“ јави агенцијата МИА, со напомена дека неколку билатерални спогодби во областа на културата, образованието, како и од економската сфера се очекуваше да бидат потпишани во текот на вчерашниот ден. Во најава беше потпишувањето на десетина договори во областа на економијата, здравството, културата и образованието.

Иванов, вчера го одликуваше неговото височество Шеик Хамад бин Калифа ал-Тани, со орден „8 Септември“. Во 2003 година Катар финансиски и политички го поддржа одржувањето на Самитот на шефови на држави од ЈИЕ на тема „Дијалог меѓу цивилизации“, чиј што иницијатор беше починатиот македонски претседател Борис Трајковски. Во 2013 година на десетгодишнината на Самитот Македонија повторно ќе биде домаќин на овој форум.

Со десетина новинари и со предвидени деведесетина гости се одржа средбата во просториите на хотелот „Александар палас“.

Кои бизнисмени беа поканети на вечера со Емирот

На свечената вечера во чест на емирот од Катар во хотелот „Александар палас“, синоќа се очекуваше да присуствуваат бизнисмени од трите комори во земјава, но организатор само на бизнис-делот беше Сојузот на стопански комори. Она што можеше да се дознае неофицијално пред почетокот на вечерата беше дека катарската делегација побарала фирмите да бидат од конкретни сектори за кои Катар е најмногу заинтересиран, за инвестиции и за соработка, пред се' во делот на вадење руда, минерални суровини, земјоделство, туризам, градежништво, месна индустрија особено производство на јагнешко месо, како и енергетиката. Претставници на околу 20 фирми беа ставени на списокот од Сојузот на стопански комори, не беше официјално соопштено кои компании ќе присуствуваат од Стопанската комора на Македонија. А, од комората на северозападна Македонија на вечерата со емирот беше одреден да земе учество само претседателот на оваа Комора, Мендерес Кучи. Од ССК, покрај претседателот на Комората Златко Калеников, требааше да присуствуваат и Венко Глигоров од „Логин системи“, сопствениците на „Пелистерка“, „Микросан“. Свои готови проекти за презентација подготвија од „Катлановска бања“, и „Маркови кули“. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 1551 пати.

Испрати коментар



Груевски испука торпедо кон Брисел
Почна изградбата на „Џонсон контролс“ во Штип
Патот кон ЕУ е тежок
Опозицијата бара Анкетна комисија за пописот
Заев го кани Бучковски на дебата во СДСМ
Хелсиншки



Istocna Makedonija, 18.10.2011 09:13:39
Da ima efekti na ekonomski plan od posetata na emirot od Kuvajt.Vo dalecnive,60-70-te godini na minatiot vek,duzina seici od Kuvajt i drugi arapski zemji doagaa vo Ohrid-Makedonija i imase golem efekt!Besprekoren,velicenstven Ohridski plivacki maraton vo format na neoficijalno svetsko prven stvo vo maratonsko plivanlje.Sigorno deka imase i znacaen,respektabilen finansiski-ekonomski efekt,koga svitite na seicite gi polnija togasneve hotelski kapaciteti,a turizmot,ugostitelstvoto i trgovijata cvetaa!
maja, 18.10.2011 10:50:32
A da ni izgradi eden hotel, onaka vo niven stil, ekstra super perverzno luksuzen, barem da ima kade da gi precekuvame specijalnite gosti na drzavava????

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 10°C

Облачно

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 18°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |