16.10.2011, 17:46 Мислења
Доста со Европа, ќе газиме националистички!
Ивор Мицковски
Груевски ја има вкалкулирано или ја има пресметано отворената конфронтација со Западот и со ЕУ
Како е можно секогаш кога државава губи и е понижена, секогаш кога институциите ја покажуваат својата неспособност и нефункционалност, ВМРО-ДПМНЕ да добива и да се обидува да поентира? Кога нашиот народ ќе ја разбере оваа болна и тажна логика на функционирање кај власта?
Се' може да се стави на жртвениот олтар, секоја неодговорност е прифатлива, секоја штета и секој срам на македонската држава е поднослив доколку ВМРО-ДПМНЕ се повика на својот лажен патриотизам и обвини некој друг за сопствените грешки.
Зар можеше да биде поинаку и во последните два случаи поврзани со неуспешниот попис и по извештајот на Европската комисија за катастрофалните состојби во земјата?
Ќе почнам со ред. Пописот е одговорност на актуелната власт, на администрацијата која таа ја регрутира, на договорот кој Груевски го има направено со Ахмети. Внимавајте, Груевски и Ахмети направиле договор слично како и за хашките случаи (кои народот не ги заборава), се договориле попишувањето да се одвива фалсификаторски, со приложување на фотокопии, наместо со оригинални документи. Фалсификатот кој требал да биде диригиран, одеднаш се претвора во фалсификаторска трка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кој повеќе ќе попише. На Груевски и Ахмети им беа потребни речиси две недели и 14 милиони евра фрлени во ветер за да сфатат дека претерале со фалсификатот и дека Македонија ќе испадне земја со приближно 4 милиони жители.
И тука настапува херојскиот момент. Груевски ја согледува можноста по којзнае кој пат да ја спаси Македонија и државните интереси. За потврда на искрените намери, Груевски го прекинува пописот на ден кога се слави државен празник (кој и онака не го слави) и на само еден ден пред извештајот на Европската комисија, извештај кој и онака не го признава. И погледнете колкава е расипаноста на нашиот премиер. Вели, прекинавме фалсификат! И како може да му се забележи што било, човекот е апсолутно во право. Но, потоа следува и спинот!
За фалсификатот виновни биле Албанците и некои други фактори, за потоа ВМРО да се нурне во минатото, нивна вечна инспирација за бегање од одговорноста и за да ја обвинат опозицијата дека направила фалсификат во 2002 година. Неколку работи не се јасни во целата работа. Ако Албанците се виновни, а Груевски е патриот, тогаш зошто ВМРО не излезат од коалицијата со фалсификаторите? Втора работа, ако опозицијата навистина направила фалсификат во 2002 година, зошто власта не направи реален попис за да ги докаже таквите тврдења и зошто не презеде мерки против наводните одговорни во овие 6 години колку што е на власт?
Опасноста од оваа власт не лежи само во бегањето од одговорноста или во лажните и паушални обвинувања до сите останати, во повикувањето на минатото. Тоа што суштински е драматично е што оваа власт е подготвена да ја понижи државава, да ја направи нефункционална, да ги жртвува меѓуетничките односи, да ги загрози законите и државните интереси, само за да се претстави како патриотска и народна.
Уште пострашно е тоа што допрва ќе произлезе по Извештајот на Европската комисија за состојбите во Македонија. ЕУ повеќе не може да замолчи пред систематското уништување на критичките медиуми и на слободата во земјава. Повеќе не може да се премолчат катастрофалните состојби во судството, полицијата, администрацијата, недостатокот на владеење на правото и безочната партизација на општеството. Не случајно името беше оставено за на крај. Името одамна не е ексклузивен проблем за Македонија, ниту пак повеќе е најголемиот и затоа се смешни тезите на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзините медиуми дека Европа зборува за реформи заради притисок околу името. Вистината е дека сите помали проблеми станаа огромни и дека денес Македонија е земја која не исполнува минимални стандарди за да се нарече демократска или европска држава.
Македонија на Груевски предолго време беше во пат-позиција, позиција на декларативни реформски политики и на тивка шестгодишна конфронтација со Европа и со светот. Таа позиција стана неиздржлива и најдобар доказ за тоа е нервозната и непријателска реакција на премиерот до еврокомесарот Филе. Јас повеќе пати сум тврдел дека лошите политики на власта дополнително ќе се радикализираат и дека Груевски ја има вкалкулирано или ја има пресметано отворената конфронтација со Западот и со ЕУ. Очигледно, дојдено е тоа време. Сега прашањето е дали ДУИ е подготвена да го следи премиерот преку тој Рубикон? Мислам дека нема, сакам да верувам дека нема, но тогаш се отвара еден уште поголем проблем.
Кога еднаш ќе се отворат картите и маските ќе паднат, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде приморан повторно да се надева на 2008 година и да заигра најотворено и единствено на емотивната и на националистичка карта. Тогаш нема да има повеќе декларативни европски напори или мизерни договори со коалицискиот партнер. Тогаш, Груевски ќе го повика македонскиот народ на обединување и на конечна пресметка со внатрешниот непријател, со опозицијата и со Албанците, како и со надворешниот непријател - Грција и Европската унија. Токму затоа, веќе во подолг период, се гради евроскептицизмот и забележуваме драматичен раст на националниот адреналин. Затоа секој ден слушаме дека ЕУ се распаѓа, дека Грција ќе банкротира, дека Европа е грчки зет, дека сакаат да се промениме. Јасно е дека овој ирационализам не може да трае вечно, но во кратко време може да произведе огромни политички поентирања и огромни долгорочни штети.
Крајниот ризик е да дојдеме во ситуација каде најголемата албанска партија нема да сака повеќе да соработува со мнозинската македонска партија. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да оди на избори, но без шанси за албански партнер. Тогаш Груевски ќе го врати дискурсот и расипаната теза - дајте ни 61 пратеник за да не владее СДСМ кој би им дал се' на Албанците. Внимавајте, тие тези би излегле од партијата која со Ахмети го договори затворањето на хашките случаи, која го договори знамето и јазикот, која договори пописен фалсификат, која секојдневно дава концесии заради партиски интереси.
И покрај тоа, Груевски е подготвен да ги жртвува и да ги расипе меѓуетничките односи, исто како што свесно ги жртвуваше нашата демократија и институции, а со тоа и нашата европска идина, со единствена цел да се прикаже како патриот и, нормално, да остане на власт. Ова сценарио дека Груевски ќе одбере најдиректно да се исконфронтира со Европа и да бара виновници во ЕУ, да го направи соживотот невозможен, е нешто што не знам кога, но евентуално ќе се случи. Нормално, под услов електоратот да не ги пресмета или да не ги сфати ризиците од влошување на меѓуетничките односи и ризиците од напуштање на европската агенда.
Комбинацијата на Груевски меѓу декларативни заложби за пат кон ЕУ и големиот националистички проект за исправање на македонскиот р’бет, за рестартирање на неговиот идентитет, е нешто што до сега му успеваше и му одеше во прилог. Две во основа спротивставени идеи, едната декларативна, другата реална, се вкрстуваа во политиката на власта. Европска иднина со ретрограден национализам. Разумот и здравата логика со ирационалното и со виртуелното. Сите крајности добиваа еден чуден микс. Но, веќе реков, на таа фаза и доаѓа крај, маневарскиот простор на власта се стеснува, таа ќе мора да одбере еден пристап.
И мојата надеж лежи во следното. Кога конечно ќе паднат маските, кога секој ќе мора да пресмета што долгорочно добива или губи, дека тогаш е можно расположението на електоратот нагло да се промени, народот да се освести и да изигра многу помудро и позрело од потребите и од пресметките на Груевски. Можеби тоа ќе биде моментот на будење, наглото освестување кое денес ни е потребно повеќе од што било друго. До тогаш, секој наш државен пораз, секој срам, неспособност и неуспех наместо да ја повикуваат власта на одговорност и промена, ќе го градат нејзиниот лажен патриотизам и ќе повикуваат на поголема неодговорност.
(авторот е аналитичар од СДСМ) |
|
Статијата е прочитана 2555 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Реална слика на состојбите, 17.10.2011 00:43:13 | Колумнистот мошне реално ги прикажува состојбите во државата. Меѓутоа, изненадува тоа што политиката на ДПМНЕ ја поистоветува со нејзиниот лидер!? Стратегијата и политиката на оваа партија, за огромни народни пари, ја прави огромен тим составен од домашни и странски експерти за „Паблик релејшенс“! Во центарот на таквата политика е манипулацијата! |
| Hari, 17.10.2011 00:44:53 | Mora da dojde krajot na ovoj rezim i ludilo, problemotb e sto ovoj pat Makedonija ke plati mnogu skapo, ova ke bide beter od cunami. |
| Neno, 17.10.2011 00:53:37 | Пореална анализа на сегашнава политика на владата од оваа колумна нема.
Лажен патриотизам, градење назионализам но од друга страна велепредаства за задоволување на Ахмети, и дежурни медиумски спинери кои треба да не убедуваат дека на некаков чуден начин шест години по ред за се што не чини во државата не некој друг виновен, но никако не пастирот вечен-овчарот на глупаците Грујоки! |
| el ce, 17.10.2011 08:35:54 | bravooo!!!!!!!
odlicna analiza ja pogodi srcevinata na celite na gruevki i vmro dpmne. gruevski sekogas ima aduti kako da go podigne nacionalizamot i da gi izmanipulira graganite a posebno srednata klasa koja e gladna za patriotska senzacija od tipot pismo na fule, napad na sdsm, i se taka do nedogled.
|
| Bube, 17.10.2011 08:47:22 | Одлично напишано и анализирано, вистината за сегашната политичка состојба. Секоја чест. |
| ОБРАТНО, 17.10.2011 09:00:21 | Однесувањето на Груевски и Иванов само покажува дека во брзо време ќе биде прифатена промената на името.Ова што сега го прави Груевски ќе претставува само изговор дека,ете и по овие негови „тешки борби“ со западот,моравме да го решиме проблемот со името,но секако тоа го направивме најдобро можно и со најмали последици. |
| Mirko, 17.10.2011 09:26:48 | Treba da svatime, deka e cel na vlasta da se zbogati, a za drzavata, kako ke bidne. Posle mene potop, a vo dzepot pari. |
| wd40, 17.10.2011 09:46:58 | Djabe komentirame koga samiot avtor veli e ANALITICAR NA SDSM....... |
| Marija, 17.10.2011 10:24:37 | Редно беше да се потпишеш со целосниот назив на твое звање - аналитичар од СДСМ....и понатаму е сосема разбирлива твојата колумна, исполнета со многу глупости на кои и мало дете неможе да им поверува. Имаш ли ти претстава што е државен интерес, зарем пописот од 2002 за тебе е во ред..заради тој попис се вработуваат само албанци а нашите дипломирани чекаат на биро или бегаат во странство. Еден е условот за ЕУ..сами да се откажеме од името и идентитетот, што за тебе и таквите како тебе е во ред, ама за мене и 90 % од Македонците тоа е неприфатливо!!! |
| gragjanin, 17.10.2011 10:41:30 | NI se povtoruva Srbija pod Miloshevic, samo srekja nie sme mala i siromashna, nemokjna drzhava inaku nashiot premier kje zavojuvashe so Grcija |
| pece, 17.10.2011 11:00:25 | Se e na mesto osven optimistickiot zavrsetok. Avtorot ne se odvazil da izlozi kade edinstveno moze da vodi logickata konstrukcija koja ja izveduva. A odgovorot e jasen,medjuetnicki sudir ili poednostavno- vojna. |
| Rezzilov, 17.10.2011 11:05:38 | Како го роди мајка ова дете толку паметно та да стаса дури до “аналитичар на сдсм“?!Но наместо да го анализира сдсм заради неговите шест(!) последователни порази,тој го анализира г-динот Груевски притоа навредувајќи го со зборови на невоспитан вообразеник.А после,“слободата на зборот“ била ограничена! |
| Mark, 17.10.2011 12:00:37 | ...I uste nesto dami i drugari: AMERIKANCITE GO DRZAT! Koj mu dade ogromni pari pred izbori i mu dozvoli da korumpira? Koj otkjute na izborniot falsifikat? Koj ne pisna za apsenjata, terorot vrz mediumite, sramniov popis?? Aj podrazmislete bar, ako novinarive nemaat hrabrost toa javno da go napisat... |
| ФЕЛИКС, 17.10.2011 12:15:05 | Можеме и вака,,сакаме Европа по секоја цена,ќе газиме ако треба недостоинствено,со гумарабика рбет,само да сме заедно,,Уште еден доказ на тезата да малкумина со опозициски предзнак се задоволни кога посакуваната ЕУ ги апострофира како и сите нас со ,,некои,, а државата со ,,вашата земја,,.Одлично се чуствуваат така неиндентификувани ама барем власта беше искритикувана.Добар е аналитичаров со пописот ,,се тркала власта меѓу себно со фалсификати,,точно однесување на оној кој направи токму таков попис и тој дар го завитка во целофанската територијална поделба,оти подарокот мора да има и соодветна обвивка.Инаку НАДЕЖ-та ви е залудна,маските одамна паднаа дури почнавте меѓусебно внатре да се подјадувате а тоа електоратот го знае и постојано ве казнува. |
| Do Feliks, 17.10.2011 12:34:10 | Podolgo vreme gospodine se obiduvate (vprocem toa e svojstveno za DPMNE - neargumentirani napadi) da ja protnete tezata za falsifikuvan popis vo 2002 godina. Veruvam deka dobro znaete deka popisot zapocna na ist den koga se izbra novata vlada. A toa znaci deka site popisni komisii, popisuvaci instruktori i ostanati ucesnici vo popisot gi izbra dotogasnata vlast, a i site podgotovki gi napravi istata. A toa bese DPMNE. |
| malo crnice, 17.10.2011 12:35:08 | E ova e veke nesto, avtorot e analiticar od SDSM. So cool :) LIKE! |
| Do Rezzilov, 17.10.2011 12:59:53 | Koga zboruvas za 6 porazi da ti bide jasno edna rabota. I na vrabcite im e jasno deka samo prvite izbori dpmne gi dobi samo zaradi losata politika na sdsm za da gi kazni Bucko i ostanatite. Ottogas so instaliranje na fasisticki rezim vo Makedonija izborite se falsifikat. Koga Amerika ke odluci da go simne Grujo kako i Milosevic i Tugman togas ke sprestane ova ludilo. |
| tihi, 17.10.2011 13:04:19 | Go znaete vicot za orelot i polzhavot ,koga na prashanje na orelot ,kako polzhavot stignal do orlovskoto gnezdo ,toj odgovara: so ligavenje.Zashto neodolivo polzhavot me potsetuva na edna nasha politichka partija. Kolku za potsetuvanje ,dobivme preporaka za pochnuvanje na pregovori i pokraj toj rezil izveshtaj.Koj sekako kje bide odbien poradi nereshenoto prashanje za imeto so juzhniot sosed. |
| Феличита, 17.10.2011 14:53:44 | Точно Феликсе,се работи за власт со гумиарабика р’бет!Не сакаше ФИРОМ,а сега тужи во Хаг да биде ФИРОМ,не правеше коалиција со терористи,а сега автентично Грујо и другарчето Али автентично толкуваат тероризам,продавате име и знаме и поделивте 14 милиои евра,за попис за кој однапред се договоривте дека ќе го поништите и ќе ги поделите парите меѓу партиските војници!Никој не може да ве пофали дека сте интелигентни,но да не можете да организирате регуларен попис,единстени во светот, е стварно бисер.Ако ги објавевете досега попишаните , ќе излезеа 2,5 милиони Македонци и 1,2 милион Албанци, со 70 % попишани; а на крај Македонија ќе имаше 4,5 милиони жители.Главно , паричките ви легнаа на сметка! Процентот на население ќе го одредат пак Грујо и Али со автентично толкување! |
| Ајван Доктор®, 17.10.2011 15:11:46 | Деновиве од штабот на ЦК на ВеМеРеОто се активно се врши замена на тези во обид да се оцрни Извештајот на ЕК и да се претстави дека единственото барање (или услов) во него е промена на името!Очигледно,слепилото веќе станува трајно,па квалификацијата што е предуслов и на признавањето на Македонија во ОН,тие ја претставуваат како некаков си атак на националниот идентитет!Всушност,иако потенцирањето на античкото потекло на нашите „патриоти“е она што ги загрозува и нашиот национален идентитет и меѓународните позиции (служиме за потсмев),тие го тврдат сосема спротивното,дека секое посегање по решавање на спорот со името претставува задирање во националниот интерес!Иако тврдат дека „имаме археолошки наоѓалишта на Халкидик“,дека „Солун,Зевс и Александар се наши“,тие велат немаат никакви претензии кон соседот,а секое спротиставување на ваквото лудило го прогласуваат за „гумиарабика“и „виткање на кичмата“!Црнилата од извештајот се огледало на пустелијата што ја остава зад себе нашиот бладател! |
| nacional-patriot, 17.10.2011 17:10:19 | Baranjeto na DUI za dvojazicnost sto bi znacelo ramnopravnost na jazicite ne se prifati.Zakonot za znaminja go donese SDSM koga bese na vlast koj sto dozvoluvase znaminjata da bidat so ista golemina so makedonskite i da se koristat na mnogu mesta.Ovoj nov zakon dozvoluva da se koristi ograniceno i da bidat pomali od drzavnoto makedonsko zname.Tocno e toa deka SDSM sakase se da im dade.Na primer,sakase da im dade duri i premier.Razbiram zosto Ivor e razocaran sto raste nacionalniot adrenalin i gordost kaj Makedoncite.Taka uste povekje se stesnuva prostorot na predavnicite.Ti Ivor nikade ne napisa i ne go osudi izostovuvanjeto na makedonski od izvestajot od EU.Bas uvo te zabole.Tvojata nadez za svrtuvanje na narodot kon SDSM e lazna,isto onaka kako sto ti bese lazna nadezta pred izborite deka SDSM ke pobedel.Onoj so potpis Obratno neka znae deka dodavka na imeto nikogas nema da se prifati.Vekje povekje od tri godini fantazirate deka ke se menuva imeto,no toa e samo pusta zelba. |
| pero, 17.10.2011 21:24:25 | Odlicna analiza na kvazi-patriotskoto vladeenje na DPMNE. Inaku do avtorot: Razbirate li deka so ova stanavte eden golem predavnik, koe sto vaka ili taka deneska treba da pretstavuva kompliment vo Makedonija! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -2°C
Облачно
|
Среда
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -7°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
|