Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
16.10.2011, 17:50

Меридијани

Во губат сите исто во кризата

Џефри Сакс

Цели 30 години САД одат во погрешна насока при што економската нееднаквост достигна висини невидени уште од големата депресија

Живееме во ера во која најважните сили што влијаат врз секоја економија се глобални, а не локални. Она што се случува „во странство“ – во Кина, Индија и на други места – моќно влијае дури и врз економија голема колку онаа на САД.

Економската глобализација, секако, продуцираше некои големи бенефити за светот, вклучувајќи брзо ширење на напредните технологии како Интернетот и мобилната телефонија. Тоа, исто така, сериозно ја намали сиромаштијата во многу економии во подем – всушност само од оваа причина светската економија треба да остане отворена и меѓусебно поврзана.

Сепак, глобализацијата, исто така, креираше и големи проблеми што треба да се решат. Прво, таа го зголеми обемот на даночните затајувања, што се должи на брзото распространување на даночните краеви низ светот. Мултинационалните компании имаат многу повеќе можности отколку порано да го избегнат плаќањето на нивниот фер и ефикасен дел од оданочувањето.

Освен тоа, глобализацијата креираше губитници и победници. Во земјите со високи приходи, особено САД, Европа и Јапонија, најголеми губитници се работниците што немаат соодветно образование за ефикасно да се натпреваруваат со слабо платените работници во земјите во развој. Милиони такви работници ги загубија своите работни места. Оние, пак, што ги задржаа работните места забележаа стагнација или намалување на платите.

Американската влада не успеа да ги разбере и да одговори на предизвиците на глобализацијата, откако таа почна да влијае на економијата во 70-тите години на минатиот век. Наместо да одговори на глобализацијата со поголеми владини трошоци во областа на образованието, инфраструктурата и технологијата, Роналд Реган го доби претседателскиот мандат во 1980 година со ветување за драстично намалување на владините трошоци и кратење на даноците.

Цели 30 години САД одат во погрешна насока, намалувајќи ја улогата на власта во домашната економија, наместо во промовирање на инвестиции за модернизирање на економијата и работната сила. Економската нееднаквост достигна висини невидени уште од големата депресија.

Овие негативни трендови се влошени од домашните политики. Богатите го користат нивното богатство да ја зајакнат контролата врз власта. Тие плаќаат за скапите кампањи за претседатели и за конгресмени, па така претседателите и конгресмените им помагаат на богатите - често на сметка на остатокот од општеството. Истиот синдром – во кој богатите добија контрола врз политичкиот систем (или ја зајакнаа нивната контрола врз него) – сега влијае врз многу други земји.

Сепак, има некои важни знаци низ светот дека луѓето се сити од влади што ги задоволуваат потребите на богатите додека, пак, ги игнорираат сите останати. Немирите во Тунис и Каиро беа првите што беа наречени Арапска пролет, бидејќи тие изгледа го зафатија арапскиот свет. Но, потоа бевме сведоци на протестите во Тел Авив, Сантијаго, Лондон и сега дури и во САД. Со овие протести, пред се', се бара посеопфатна политика, наместо корумпираната политика на олигархијата. Има зрак на надеж дека и Обама ќе застане во одбрана на поправична буџетска политика.

Неколку европски влади, вклучувајќи ги Шпанија, Данска и Грција, исто така, изгледа како да се движат во истата насока. Шпанија неодамна воведе нов данок за даночните обврзници што „тежат многу“. Данска избра централнолевичарска влада посветена на повисоки владини трошоци финансирани од новите даноци за богатите. И во Грција тукушто е изгласан нов данок на имот за да помогне да се затвори нејзиниот огромен фискален дефицит.

Денес, најуспешните економии во светот не се во Азија, туку во Скандинавија. Со користење високи даноци за финансирање на високи нивоа на владини услуги, овие земји ги држеа во рамнотежа големиот просперитет со социјалната правда и одржливост на животната средина. Ова е клучот за благосостојба во денешната глобализирана економија. Можеби повеќе делови на светот – и особено младите во светот – почнуваат да ја препознаваат оваа нова реалност.

(Авторот е професор

по економија и дел од мрежата

на „Проект синдикејт“.)


Статијата е прочитана 491 пати.

Испрати коментар



„Штипфест“
Абре, Македонче
Доста со Европа, ќе газиме националистички!



miki, 17.10.2011 08:54:47
Molam obrnete vnimanie na prevodot. Ocaen e. Ne moze direktno, bukvalno da se preveduva, tuku prevodot treba da go otslikuva duhot na originalot. Toa vazi za celiot tekst, a osobeno za naslovot

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 9°C

Облачно

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 18°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |