Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп
Хороскоп


Овен

Ситуацијата бара компромиси. Со години ги прифаќате, па и денеска слично ќе се однесувате. Избегнувајте површност спрема лицата што не го заслужуваат тоа. Не сте објективни, така што се давате максимално онаму каде што не би требало, а не во најблиското опкружување.



Бик

Поминувате подолг период во потрага по вредности. Не бидете патолошки скржави, ниедна особина која е претерана не е добра. Најдете средно решение, не само на материјален план туку и кога е во прашање исхраната. Почнете со диета.



Близнаци

Бидејќи почнавте да летате во воздух и да ја губите почвата под нозете, постои опасност да застраните. Во наредните денови е пожелно да бидете пореални. Партнерот е реален, со време ќе го слушнете неговото мислење. Добро отворете ги очите, кога се пријателите во прашање можно е разочарување.



Рак

Секогаш сте во ситуација на другите да им угодувате, па ќе посакате малку и тие да ви угодат вам. Многу припадници на знакот, бидејќи секогаш се незадоволни со партнерот, овие денови може да влетаат во непромислена авантура. Бидејќи нема да бидете во можност да ја официјализирате, добро размислете што правите.



Лав

Ќе бидете во ситуација да создавате хармонија во своето опкружување. Тоа ви се случува често, па оваа улога е необична, но сепак ќе ја исполните. Сфаќате дека луѓето немаат ништо против вас. Се што им забележувате паѓа во вода. Многу Лавови на извесен начин ќе бидат во врска со судството.



Девица

Денот е во знак на другите луѓе. Ќе бидете во ситуација да им правите услуги и нема да ви биде тешко, под услов тие да ги почитуваат вашите правила. Обидете се да размислувате за правилен начин на исхрана, а одговорот за извесни проблеми ќе го најдете во нервниот систем.



Терезија

Под услов да ја ослушнувате сопствената интуиција, ќе донесете правилна одлука. Може да добиете понуди за работи врзани за странство и учење. Бидејќи станува збор за добра заработка, прифатете ги сите предизвици. Немате што да изгубите. Опасноста е во вид на мрзливост и индиферентност.



Скорпија

Оптимистички сте расположени, бидејќи живеете во согласност со своите начела и од нив ни за момент не се оттргнувате. Во односите со спротивниот пол можни се љубоморни сцени и диктаторско однесување. Не се чудете ако некое лице ве избегнува. Строги сте спрема себе, а спрема другите претерувате.



Стрелец

Од партнерот ќе добиете подарок или нешто слично. Многу Стрелци ги очекува подобрување на финансиската ситуација, благодарение на некое наследство. Доколку се занимавате со духовни работи, психологија или пишување, не бидете мрзеливи, туку фатете се за работа.



Јарец

Амбициозни сте, така што општествениот успех е нормален след на случувањата. Бидејќи убавите нешта се случуваат во комплет, ќе имате среќа и во љубовта. Благодарение на изразената смисла за дипломатичност, што инаку не е ваша силна страна, ќе го натерате партнерот да донесе одлука која ќе влијае на врската.



Водолија

Уживате во убави работи. Бидејќи без причина сте незадоволни со изгледот, ќе се обидете нешто да промените, или ќе ја обновите гардеробата, или пак фризурата. Што и да направите, ќе биде полн погодок. Можеби сте помалку нарцисоидни? Па и нема ништо лошо во тоа.



Риби

Имате среќа во љубовта, со децата и во хобито. Добро сте расположени. Доколку ги почитувате барањата на организмот и бидете активни, ќе бидете задоволни и успешни. Во спротивно, вината ќе ја префрлите на нешто друго. Бидете практични.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 14°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |