Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.10.2011, 17:42

Сомнеж врз изборите од 5 јуни

Четири месеци подоцна, се отвораат дилеми зошто опозицијата ги призна резултатите и каква е врската меѓу попишувањето и гласањето

Александра М. Митевска



Во сенка на актуелните политички збиднувања, концентрирани на пропаднатиот попис и реакциите по извештајот на ЕК во кој нема датум за преговори, поминуваат обидите на двајца поранешни премиери да ги проблематизираат резу��татите од предвремените парламентарни избори, што се одржаа пред повеќе од четири месеци. Владо Бучковски и партијата на Љупчо Георгиевски (ВМРО-НП) деновиве, од различни агли, фрлија сенка на сомнеж врз изборите, со чиј исход ретко кој спореше ноќта на 5 јуни, така што и втората по ред Влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за десетина дена ќе ги заокружи првите сто дена на „Илинденска“.

Осврнувајќи се на состојбите во неговата матична партија - СДСМ, Бучковски оцени викендов дека опозицијата пропуштила можност да не ги признае избрните резултати, иако имало објективни околности што и' давале право да го направи тоа. Тој дури и се посомнева дека свесно се одело на губитничка варијанта. „Серијата потези што ги правеше власта, прв пат да нема консензус за Изборниот законик, да се потрошат или да се повлечат 220 милиони евра од ММФ за корупција на гласачкото тело, да бидат живи фатени со списоците со принуда на кој начин да гласа администрацијата и сето тоа да се голтне и на крајот да се признаат резултатите, за мене е неразбирливо до ден денес“, рече Бучковски.

ВМРО-НП, пак, деновиве побара веднаш да се закаже нов попис, бидејќи без пребројување не може да се оди на какви било избори. Од партијата на Георгиевски сметаат дека фијаското на пописот им оди во прилог на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, бидејќи резултатите од попишувањето можеле да ја доведат во прашање регуларноста на годинашниве избори. „Прекинувањето на пописот им одговара и на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што голема беше веројатноста бројот на попишани лица во одредени места во Македонија да биде многу помал од бројката на лица кои излегоа да гласаат на парламентарните избори 2011 година. Со тоа само ќе се потврдеа сомневањата околу регуларноста на парламентарните избори“, беше речено на прес-конференција на ВМРО-НП.

Има ли простор за сомневање во епилогот од вонредните избори, што се распишаа откако владејачките партии изгласаа измени во Изборниот законик, а потоа и распуштање на парламентот, додека опозицијата ги бојкотираше институциите? Многу прашања останаа неодговорени по финишот на бурната фаза низ која помина македонската политика, откако опозицијата реши да го напушти парламентот, оценувајќи дека во земјава не функционира демократијата: Дали е точно дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, до последен момент бил против одржување уште едни предвремени избори и за тоа преговарал со опозицијата? Зошто опозицијата го запали изборниот фитил, кога анкетите јасно укажуваа дека пулсот на јавноста се' уште не е на нејзина страна? Зошто владејачките партии го прифатија предизвикот (што само неколку месеци претходно го одбија), иако имаа проценка дека ќе ја изгубат супериорната позиција во парламентот?

Изборите од 5 јуни, кои беа претставувани како формула за излез од политичката криза, добија солидна оценка во годинешниов извештај на Европската комисија, што беше презентиран минатата недела. Во извештајот се наведува дека има напредок во спроведувањето на изборниот процес и дека изборите биле натпреварувачки и добро спроведени на територијата на целата држава. ЕК и препорачува на македонската влада целосно да ги реализира препораките на ОБСЕ-ОДИХР за подобрување на изборниот процес.

Ноќта по изборниот ден, лидерот на ДПА, Мендух Тачи прв го призна поразот од ДУИ, изразувајќи задоволство што резултатот, сепак, покажал дека неговата партија ја пребродила кризата низ кој помина. Потоа се јавија и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и опозициската кандидатка за премиер, Радмила Шекеринска, кои им честитаа на победниците, но не пропуштија да напоменат дека ова е „пирова победа“ и дека „народот е секогаш во право, дури и кога греши“. Од оваа временска дистанца и во еден поинаков политики контекст, ваквите изјави, во пакет со проблематизирањето на еден завршен процес, дефинитивно фрлаат поинаква сенка и отвораат многу дилеми и за актуелните случувања во политичката арена.


Статијата е прочитана 5199 пати.

Испрати коментар



Емирот од Катар најде инспирација во Македонија
За Емирот јагнешко печено и тиква за десерт
Што разговараа бизни смените на вечерата со Емирот
Пожарот ни ги затопли односите со Катар
Самите се фиромизираме, на странците се лутиме!
Милошоски
Реакции по интервјуто за МИА
Груевски не очекува брз компромис со Грција



Perec Kifla, 19.10.2011 00:04:53
Bidejki SDSM-Branko i VMRO-Grujo se vo tajna koalicija i se dogovorija site ostanati partii da gi odstranat od Parlamentot, normalno deka nema da reagiraat. Ednite ke glumat vlast, drugite opozicija , i se taka dodeka ovoj narod ne se probudi.
sdsm, 19.10.2011 00:23:47
Fakt e deka centralata na sdsm potfrli. Pred nejzini oci na denot na izborite na teren setaa drzavni sluzbenici, so sluzbeni vozila, delea socijalni pomosi, drva, pari itn. No nikoj od sdsm ne reagirase. Branko e umoren, nema energija za borbi vo politikata tolku e istrosen sto nema idei, se sobira po livadi, a partijata e stegnata vo negovi kandzi i ne dozvoluva nikakvi promeni, se posra od strav od buckoski i ako smeni nesto nezadovolnite da ne mu se odmetnat pa ne dozvoluva nisto. Da ama stapot ima dva kraja i tie sto rabotea a se nezadovolni ke mu ja skinat glavata na Branko i negovite gavazi. ne moze vo ovaa partija 60 000 da rmbaat a 40 pratenici da uzivaat i da gi priznaat izborite kade bese napraven najocigledniot falsifikat. Decki od sdsm igrata ne e zavrsena, nie ke izdvojuvame uste edna pobeda ovoj pat protiv vas poduenkovci, preku glava ni e da ve gledame vas nesposobni debili samo za vo parlament. Ili otvoreteja partijata i za drugi ili ke ve izbrkame od tamu sose Branko
Istocna Makedonija, 19.10.2011 07:42:55
Vakva,formalna i so upotreba na site raspolozivi, ne-demokratski sredstva i resursi,izborna pobeda kakva bese na 5-ti Juni e,verojatno,posledna mozna,duri i vo nasava krevka demokratija?!Na nekoi,naredni izbori,sepak ke pobedi sustinata, onie koi,barem,za promil nesto,na podobro ke promenat vo zemjava.Nisto spektakularno,ama sto ke imaat vizija sto ponatamu za izlez od apa- tijata,neperspektivnosta,ekonomskiot i socijalen kolaps.Ke pobedi,pomalku losiot!Normalno,popi- sot(regularen)bi otkril mnogu izborni anomalii i kontradikcii.Pr.selo so 2 ziteli,glasale 15-et!
Chicho Mile, 19.10.2011 08:13:29
Pa mnogu pologicno e vlasta da ne uspee da go izvede popisot zatoa sto saka da prikrie nesto, otkolku za da ne gi pobie rezultatite od prethodniot popis koj go organizirala druga partija i so toa da ja zakopa zasekogas. Imeno, ako se tolku sigurni deka brojkata na albancite na prethodniot popis e nerealno golema, tie so site sili i politicki pazari ke se trudea da go zavrsat popisot, da go dokazat svoeto tvrdenje i da go pratat SDSM vo istorijata. Vaka...?
Тето, 19.10.2011 08:47:48
Јас пак мислам обратно. МИслам дека доколку сега има избори на кој ќе ги нема драмите што ги приредуваше Рамковски, а во кои активна улога зеде и опозицијата разликата ќе беше уште поголема. Но знаете како вели народот: „Ќора кокошка, просо сонува“.
zedorf, 19.10.2011 10:20:12
vo sustina imavme mirni i uspesni izbori za site osvem za onie koj politikata na izbori ne ja razbiraat .a toa e sledno sto pogolem broj izlezeni makedonski izbiraci to poveke makedonci vo parlamentot .vtoro narodna na lubco mora vednas da koalicira so poveke etnicki partii ako saka na narednite izbori da osvoi mandat te lubco sega peka istoo ko albancite za edna izborna edinica. i taka da e lubcco nemoze da bide pratenik ako ne se zdruzi so lube liberalite i nekoi od etnickite partii.sega na ovie lokalni jas tipuvam deka vmro ke gi osvoi strumica i oxrid a ke zagubi vo pomalite opstini.
ФЕЛИКС, 19.10.2011 11:27:49
Еве сум заговорник на нови избори,ако треба за Нова година.Што мислат Бучковски и оние ептен јаките(кога би се зезале) од ВМРО-НП да редоследот на случувањата ќе биде поинаков.Уште повеќе ќе бидат урнисани и повторно овие од власта ќе имаат мандат со уште поголем број пратеници.Кога некого не го бива а ништо неправи да ја промени ситуацијата нештата му се преповторуваа во уште поголем негативен обем.Па токму Бучковски пред да се свесне и да му проработи ,,борбениот дух,,против лидерот-губитник се расфрлаше со пароли за вонредни избори жолтеникаво облечен. Зарем после скоро 4 месеци откри колку му вреди партија,и сега испорачува заговорничко сценарио.
nacional-patriot, 19.10.2011 16:59:49
Avtorkata na ovoj tekst e kontradiktorna.Prasuva kako i Buckovski,zosto opozicijata gi priznala rezultatite od izborite,a ponatamu pisuva deka pred izborite objetivnite anketi pokazuvaa prednost na vlasta.Bidejki gi izgubi izborite,na opozicijata ne i preostana nisto drugo nego da go priznae porazot.Nikakvi opravduvanja za porazot neka ne baraat.Uste posmesna e partijata na Ljubco koja za debaklot na NP bara nekakvo opravduvanja vo propagjanjeto na popisot.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |