Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.10.2011, 18:01

Емирот од Катар најде инспирација во Македонија

Високата геостратешка политика и договорите за брза економска соработка беа во фокусот на средбите со Ал-Тани Катар

Слободанка Јовановска



Првиот лидер на арапска земја што досега престојувал во Македонија, шеикот Хамад бин Калифа ал-Тани ја издигна слободата на пиедестал во средбите со нашиот државен врв, кој, пак, со европска прагматичност преферираше да зборува за инвестиции. Најдиректно и најконкретно, високиот катарски гостин ги посочи сферите во кои оваа мала, но многу повлијателна држава од сопствениот географски формат, сака да гради подобри односи со Македонија и меѓусебно да се инспирираат.

„Ние ги споделуваме истите ставови и принципи со вашата земја, која во својата химна и со сонцето на знамето и' пее на слободата и на постојаните напори на вашиот народ за постигнување на своите права за слобода и за суверенитет. Деновиве, нашиот арапски свет, исто така, пее за слободата на сонцето, и тој е во прагот на еден нов период на својата историја. Ние се надеваме дека ова ќе го внесе арапскиот свет во пошироки хоризонти на инвенции, развој, продуктивност и за праведно владеење, рече вдахновено емирот Ал-Тани, правејќи спој меѓу состојбите во нашиот регион и во Блискиот Исток.

Според него, Македонија е лулка на најстарите цивилизации во светот, кои се вкоренети во длабоката историја на земјата и кои и' даваат можност да има активна улога во светската сцена. „Оваа цивилизација е сведок за длабоката испреплетена култура, која ги сочувала верските објекти и центрите на уметноста, поезијата и мудроста. Најдобар аргумент за тоа се светски познатите и признатите имиња, кои се родија токму тука во Скопје, како што се турскиот класичен поет Јахја Кемал Бејатли и Мајка Тереза“, истакна Eмирот од Катар, кој на свечената вечера се обрати првпат јавно.

На разговорите вчера на повеќе нивоа, освен што беа констатирани одлични билатерални односи, беше договорено да се искористат сите можности за поинтензивна соработка во сите сфери, а особено во економската.

„Денеска беа потпишани серија исклучително значајни билатерални договори. На одреден начин го исполнивме ветувањето што ви го дадовме на нашата прва средба во Њујорк, кога заемно констатиравме дека токму ова е препрека за поинтензивна соработка меѓу двете земји. Од денеска, таа препрека е зад нас“, порача претседателот Иванов на средбата. Ал-Тани, пак, најави дека многу брзо треба да се очекуваат инвестиции и дека Катар е заинтересиран за проекти во енергетскиот сектор, банкарството, земјоделството и за инфраструктурата.

Со Ал-Тани се сретнаа и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, со група парламентарци, кои му порачаа на шеикот дека Македонија високо ја цени улогата на Катар во стабилизацијата на Блискиот Исток и неговата независна мирољубива надворешна политика, како и доследната поддршка во однос на употребата на уставното име на Македонија, на билатерален и на меѓународен план. Како заеднички интерес, тој го нагласил отворањето на амбасада на Катар во Скопје. Емирот, пак, изнел отворени оценки за состојбата во Блискиот Исток, дотаму што рекол дека очекува големи проблеми во Ирак по повлекувањето на САД, дека само Господ може да му помогне на ирачкиот народ, дека режимот во Јемен може да падне наскоро и дека Катар е демократија, па се залага за нејзино промовирање во регионот и за независна палестинска држава.

По повеќето средби, емирот и претседателот Иванов заминаа во Старата чаршија, каде што заедно јадеа скара и печени пиперки во кафеаната „Дестан“. За време на прошетката шеикот ја покажа својата срдечна и непосредна страна, разгледувајќи ги занаетчиските дуќани, поздравувајќи се со присутните и прегрнувајќи ги децата. Наедно, тој ги посети Мустафа-пашината џамија пред која со голем билборд, испишан на арапски јазик, му беше посакано добредојде и Даут-пашиниот амам. Прошетката заврши во новоизградениот Музеј на македонската борба, каде што гостинот доби на подарок од претседателот Иванов македонска народна носија и комплетна гардиска униформа.

 


Статијата е прочитана 3857 пати.

Испрати коментар



За Емирот јагнешко печено и тиква за десерт
Што разговараа бизни смените на вечерата со Емирот
Пожарот ни ги затопли односите со Катар
Самите се фиромизираме, на странците се лутиме!
Милошоски
Реакции по интервјуто за МИА
Груевски не очекува брз компромис со Грција
Сомнеж врз изборите од 5 јуни



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Недела
Магла
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |