Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
18.10.2011, 17:41

Мислења

Хуморот во политиката

Нано Ружин

Во светот на политиката владее правилото дека ако сте присутен во политичкиот хумор значи дека сте присутен во политичката игра

„Честитки за интелигентноста на вашиот народ што ве избра по петти пат за претседател“, му ласкал Моамер ел-Гадафи на Садам Хусеин, при неговата посета на Багдад кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век. Слични комплименти изразил и Валери Жискар Дестен кон Бенизир Буто, тогашниот премиер на Пакистан (1995г.). „Вашиот народ имал интелигенција да ве избере два пати за премиер“. За оваа реченица стана и добитник на наградата за политички хумор на Франција организирана од страна на парискиот Прес-клуб.

И додека во демокрaтските системи политиката и хуморот одат заедно рака под рака, во авторитарните режими хуморот во политиката е строго контролирана дејност. Некогашниот романски дисидент Танас Вергиле, за поранешниот претседател и диктатор Николај Чаушеску запишал: „Состојбата со Чаушеску во Романија е слична со судбината на Адам. Кога Господ го правел светот ја создал единствената жена и му ја предложил на Адам со зборовите: ’Земи ја Ева, единствената жена на светот, а ти избирај која ја сакаш“. Така било и со изборот на Чаушеску. Тој бил единствениот кандидат за претседател на Романија, а Романците можеле да го изберат само него. Белки овој пример не асоцира на нашите незаменливи политичари. Во поранешната Чехословачка Милан Кундера во автобиографскиот роман „Шега“ ја опишал сопствената афера на дисидент чија судбина се сменила по јавно искажаната наивна шега во тогашна комунистичка Прага. Потоа морал да замине во Париз.

Во поранешна Југославија политичкиот хумор беше идеолошки ограничен. Во оптек беа голем број политички хуморески и шеги, но нивниот епилог беше бенигнен. Во сите досетки и вицеви Маршалот Тито излегуваше како победник меѓу неговиот советски пандан, Хрушчов или Брежнев, или американските претседатели Џонсон, Никсон. Во сеќавање се и шегите за синдикалецот Мика Шпиљак, Џемал Бједиќ, Стане Доланц, Мика Трипало, Савка Д. Кучар... Во времето на самоуправувањето главен јунак на сите згоди и незгоди беа или самоуправувачот и директорот на ГГ-претпријатието или националните стереотипи како Мујо и Хасо. Во СФРЈ постоеја и неколку сатирични неделници како белградски „Јеж”, македонскиот „Остен“ разни радиоемисии како „Хихириху“.

По стекнување на независноста демократскиот наплив се почувствува и во хуморот и сатирата. Јазикот стана подиректен и покритичен, но пак завиен и нашминкан. Неидентификуваниот политичар стана главниот јунак, секогаш како персонификација на корупција и протекција. Меѓутоа конкретни имиња не се вртеа во етерот. Со развитокот на македонската транзиција се појавија бројни политички шеги,сатири и досетки. Во зависност од тоа кој беше на власт по дефиниција беше поштедуван за сметка на политичкиот ривал. Меѓутоа и таквиот политички хумор беше дозиран и далеку од демократската сатира и хумор. До 1998 година хуморот и сатирата беа резервирани за десницата. По победата на ВМРО-ДПМНЕ, хумореските со политичка конотација се изедначија со блага наклонетост кон левицата. Претседателот Трајковски со својата незграпна фигура и наивност асоцираше на Калифот, за сметка на суетниот Б.Ц. во улога на Изногуд и секогаш добро расположениот Бучко во улога на Попај.

Меѓутоа, преголемата суета на лидерите, но и недоволната самостојност на медиумите, го маргинализираа политичкиот хумор. Главна сцена на политичкиот хумор во живо остана македонскиот Парламент. На граѓаните се' уште им се во сеќавање неколку смешни гафови како оние на Амди Бајрам и неговите 102,3 проценти или оние на славните раперски говори на Зинго. Во електронските медиуми освен полусатиричниот серијал на „Еднооки“ на телевизијата Канал 5 и К-15, кои согласно македонскиот комформистички дух ја загубија критичноста, најсилната емисија на политичкиот хумор се појави во денес згаснатата А1 на извонредниот млад хуморист Јофе. Со згаснувањето на А1 згасна и оваа популарна емисија. Денес во електронските медиуми политичкиот хумор е отсутен. Во пишуваните медиуми состојбата ја спасуваат „Пецко“ и „Фокус“. Интересно е да се констатира дека „Фокус“ речиси до 2009 година ексклузивно се фокализираше врз претседателот Црвенковски иако речиси цели три години и со два мандати во џепот со Македонија владееше Никола Груевски. Ова е период може да се оцени како аномаличен од аспект на политичкиот хумор. Дури од 2009 „Фокус“ се пренасочи кон владејачката елита на чело со Груевски и Иванов.

Денес во светот на политиката владее правилото дека доколку сте присутен во политичкиот хумор тоа значи дека сте присутен во политичката игра. Дали во Македонија политичарот сака да е објект на политичкиот хумор. Иако во државата не се правени истражувања, мнозинството политичари од РМ мечтаат да се најдат во цртежите на Стевац од „Фокус“ или на Дар-Мар во „Пецко“. Во западните демократии таквиот тренд е уште поизразен. Во Франција сите од власта и опозицијата мечтаат да се дел од марионетите Гињоли. Таму главен збор води нискиот француски претседател со голем нос и уши Никола Саркози. Неговиот претходник Ширак кој не е во добри односи со него, во емисијата го нарекува „нервозното џуџе“. Доминик Ш. Кан и Берлускони ги имаат епитетите на сексуални манијаци, Буш го сметаат за „откачен“, социјалистот Франсоа Холанд е претставен како човек со најглупaва насмевка.

Како е кај нас? Едно од најексплоатираните прашања во доменот на политичкиот хумор е прашањето дали нашите политичари создаваат материјал за политичкиот хумор? Поаѓајќи од гримасите, изразот на лицето и црвенилото, збунетоста, стилот на зборување, изјавите, тафтологијата, гафови, слабости до гласините што се шират за нив и семејствата, е доволно да се стокми шегата. Зарем има посатирични асоциации од оние кои потсетуваат на посетата на кралот на Хунзите, изгледот на нашата античка гарда, чудата од Паљурци до античките занеси, споменици, корупции и зделки до спектакуларните апсења, сомнежи и лакрдии со сточарите, земјоделците, тутунарите, стечајците, уништувањето на А1 и разграбувањето на неговите серии од страна на конкурентските електронски медиуми, уривањето на „Космос“, притисоците врз медиумите и луѓето, апологетизмот на лидерот, популизмот, парадирањето на политичката елита на чело со претседателот и премиерот.

Може да се направи сатира и од кавгата на премиерот со комесарот Фуле или внатрешно-политичките тенори, потоа за темите кои владата ги смета за огромни исчекори а ЕУ ги критикува, за апологетизмот слепата партиска послушност и идеолатријална до тајните договори со коалиционите партнери. При тоа треба да се има предвид дека и во овој вид комуникација имиџот на политичарот е во центарот на настаните. Имиџот на политичарот е значаен како за него така и за граѓаните. Во суштина се работи за јавна личност и за неговата претстава во општеството. Таа јавна претстава не му припаѓа исклучиво на политичарот. Таа се домоделира од страна на целото општество. Меѓутоа, познато е дека јасната граница меѓу приватниот и јавниот живот е невозможна и флуидна. Опасноста расте кога хумористот ќе навлезе во приватната сфера на политичарот и кога хуморот ќе еволуира во клевета или подбивање. На Запад политичарите не ги тужат хумористите, бидејќи не е ниту популарно ниту добро за нивниот дигнитет. Впрочем, политичарот е и инкарнација на општиот интерес. Тој треба да го претставува народот, а народот има развиено чуство за хумор.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 1058 пати.

Испрати коментар



Пеш на „Манаки“
ТроЈца мудреци и блокада
Политички тестамент
Сеќавање на Газа



jovan, 19.10.2011 00:34:45
Znaci nie sme najinteligentni. Na SEST izbori glasame za edni isti. Na nekoj sledni izbori predlagam ovoj narod dobro da razmisli za kogo ke glasa, bidejki navistina imame odlicen izbor za biranje. Kurto ili Murto. Zatoa razmislete dobro.
Сандо, 19.10.2011 09:58:27
Во зародишот на плурализмот ја гледавме британската тв серија „Да, министре“. На македонските тв нема доволно хумор. По се изгледа дека македонското мултикултурно општество е траги-комично, а на македонските граѓани не им до шеги на сопствена сметка. Чиниш депресивна магла ја завиткала Република Македонија. Во Тоталитарија политичките вицеви беа дело на АГИТПРОП-от. Дури и во тоталитаризмот Бугарија предначеше со шегите на сметка на бај Тошо. Во СФРЈ немаше виц со кој јавно се исмеваше најмилиот ни другар. Јофе беше ситна риба во споредба со Шоуто на Слави Трифунов, кое со години се емитува на БТВ. Кај нас има идеални услови да се направи слично шоу. Изгледа немаме такви шоумени.
Gorazd, 19.10.2011 11:09:17
Е мој драги професоре за да има хумор треба да постојат услови нее доволно само да постојат способни хумористи кои во РМ ги има. За жал кај нас освен неколку ислкучоци сеуште важи тоа што се случило на конгресот на КП на Советскиот сојуз по смртта на Сталин додека Хрушчов го критикувал режимот на Сталин за неговите глупости,некој дофрлил а каде бевте вие тогаш друже Хрушчов,на прашњјето кој тоа прашува,во салата настанал тајац.Тогаш Никита рекол :таму каде што си ти сега
ФЕЛИКС, 19.10.2011 11:55:48
Има и друга врста на хумор во политиката кога се нема доволно храброст да се критикува лицемерноста на светските водачи и секогаш ваквите како г-дин Ружин мислат како што мислат тие,иако мислењата во зависност од времето на презентирање се ептен различни.Па така се сеќаваме режимот на Египет беше бомбардиран од фалби за историскиот договор со Израел,иако овој режим го навлече гневот на Арапите.Сега имаме ,,овој режим не е добар и треба да се промени,,.Хумористичната поента е во тоа што разни аналитичари,политичари и др.се сложуваат со се и покрај контрадикцијата.
jovan, vlada @, 19.10.2011 12:29:15
ГОСПОДИНЕ РУЖИН, ЗАР НЕ МИСЛИТЕ ДЕКА ВИЕ СТЕ ХУМОР КАКО И ОСТАНАТА ОПОЗИЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОЈ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ДОЖИВЕАВТЕ СРАМ ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ, ВИЕ НЕ ОСВОИВТЕ НИТУ ЕДЕН ПРАТЕНИК А НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИОНА ПАРТИЈА СДСМ СО ОВИЕ ШТО ЈА ВОДАТ МОЖЕ КОМОТНО СО НИВНИТЕ ИЗЈАВИ И ПРЕСОВИ ДА ИМ ПАРИРААТ НА К-15!!
xxl, 19.10.2011 12:37:55
Vo skopje se zboruva deka K-15 veke dve godini ne pravi skecovi za aktuelnat vlast bidejki zena mu na Bubo Karov ja unapredija vo sudija; zatoa molcat. Slucajot so ednooki e jasen; tie se prodolzena raka na vlasta.
pero, 19.10.2011 14:25:01
Sando da pogodam li deka si vmron?
minister, 19.10.2011 23:37:44
Jofe vi bil smesen?:) Ha, ha, ha, kako go procitav ova, sega ne ke mozam da zaspijam od smeenje:) Gospodine Ruzin, vo politikitata makedonaka ne moze da ima humor, zasto nitu eden MK politicar nema nitu duh, nitu lucidnost, nitu individualnost. Se samo klonovi na liderite, koi gi imitiraat duri i vo frizurite i gestikulacijata... A humoristite ne se smesni, zasto sakaat da bidat politiciri... Smesni sme kolku sakame da bideme seriozni!

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |