Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
18.10.2011, 17:46

Реплики

Политички тестамент

Соња Крамарска

За дел од македонската јавност оваа своевидна исповед на премиерот, или дури и политички тестамент проследен со жесток напад кон ЕУ ќе и дејствува симпатично

Премиерот Груевски по втор пат во оваа година даде опширно интервју за државната информативна агенција МИА во која соопшти работи кои досега не сме ги слушнале или сме ги слушнале во поблага форма. За разлика од првото интервју кое го даде зимоска и беше на тема достигнувањата на Владата, сегашното интервју е на тема односите на Македонија со ЕУ. Поточно, односите во триаголникот Македонија - ЕУ- Грција, ситуација која ако внимателно се чита премиерското интервју, лесно може да се претвори во бермудски триаголник за Македонија.

Груевски, во тоа интервју го напаѓа Брисел за пристрасност кон Грција и кон другите балкански држави кои добија позитивни извештаи од Европската комисија, и меѓу редови наведува на заклучокот дека светот, односно Европа - не ја сакаат Македонија.

Има и други проблематични работи кои произлегуваат од интервјуто на Груевски. Тој директно и најотворено досега ја обвинува меѓународната заедница дека врши притисок врз Македонија и врз него како премиер, да постигне договор со Грција за ново име наместо уставното име на нашата земја. И не само тоа туку тврди дека Брисел ја уценува Македонија или да го смени името или догодина ќе ја загуби препораката за одредување датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Понатаму, македонскиот премиер изнесува и тврдење дека ЕУ работи на проект за негово омаловажување во очите на домашната јавност, со цел да го намали неговиот углед и влијание во политиката што ја води Скопје во врска со прашањето за името. Вели и дека и претходно добивал закани дека ќе почнат кампања против него, но сега тие почнале да се реализираат.

Со еден збор Груевски ја обвини Европската унија за водење на подземна политика кон Македонија и играње на заткулисни игри кои имаат за цел да доведат до смена на овдешната Влада, и донесување на власт некои други политичари со кои, вели тој, Брисел може полесно да се договара. Притоа, премиерот на заобиколен начин искажува и несигурност кон јавното мислење и на каде тоа може да се сврти доколку на референдум се постави прашањето за ново име на Македонија.

Во вториот дел од интервјуто, пак, што МИА го објави вчера како продолжение на првиот дел од понеделникот, премиерот Никола Груевски практично ја прогласува за пропадната стратегијата што ја наметнаа негови неофицијални советници и политички кругови блиски на владејачката десница - дека Грција под товарот на економските тешкотии ќе биде лесен плен за Македонија.

Како што и самиот наведува, нивните процени се покажале погрешни. Иако значително економски ослабена и со нарушен деловен и политички углед, на Грција светот се' уште и играл „пиперевка“ - прилично нејасен збор во македонскиот речник кој Груевски го користи за да каже дека и покрај економските тешкотии што се закануваат да ја урнат еврозоната нашиот јужен сосед се' уште е на врвот на приоритетите на ЕУ. Груевски сфатил и дека Европа на Грција гледа како на темпирана бомба во своите редови и оттука ќе стори се' таа да не биде активирана. И во таа битка за нејзин спас Македонија, како што алудира тој, е колатералната штета. Спорот за името, пак, според неговата анализа на севкупната ситуација никогаш нема да се реши по чесен пат или со име кое би ја задоволило Македонија, а бидејќи ние нема да прифатиме било какво решение - ќе останеме на маргините на Европа.

Груевски во ова интервју за првпат признава и дека е промашен потегот на македонскиот државен врв за поднесување на тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Бидејќи, вели тој, Грција и да добие пресуда која е во полза на македонската страна, таа нема да ја почитува. Праќа и една многу важна порака до Европа и до САД дека притисокот на кој е изложена неговата Влада во спорот за името, е веќе контрапродуктивен и ќе резултира со оддалечување а не со доближување на двете страни до решение.

И она што е најважно во ова интервју е што Груевски како да се помирил со одземање на препораката за датум за почеток на преговорите. Тој вели дека е штета ако се случи тоа, но дека македонската Влада со ништо не заслужила таква драконска казна и дека ќе се носи и со една таква претпоставена ситуација. Со еден збор, ќе загине ако треба, но херојски. Се убиваме од работа, вели тој, повикувајќи го на крајот и Бог на помош.

За дел од македонската јавност која е против смена на името и која се' уште доминира како мнозинска во државава, можеби оваа своевидна исповед на премиерот, или дури и политички тестамент проследен со жесток напад кон ЕУ ќе и дејствува симпатично. Таква шлаканица кон ЕУ може привремено и сите нам да ни годи, но сепак главното прашање е - каква корист има Македонија од таков настап и што ново или каков квалитет таквиот настап ќе донесе на планот на надворешната политика.

Премиерот е избран за да нуди решенија за присутните проблеми а не да си наоѓа оправдувања за нивното нерешавање. Со тоа интервју Груевски безмалку самиот си даде негативна оцена за неговите премиерски и лидерски достигнувања затоа што ја прикажа сопствената позиција како немоќна и губитничка кога се во прашање големите игри на моќните држави.

Владата, по ова интервју има многу поводи за анализа на својата политика кон Брисел и кон прашањето за името. На пример зошто се поведе по прогнозите дека економскиот пад на Грција ќе ги ослаби нејзините позиции во преговорите со Македонија. Зошто потроши две и пол години на меѓународен судски спор од кој нема да има корист туку само залудна надеж.

Најпосле - што сака да каже Груевски во ова интервју, дека треба да останеме и натаму на маргините на Европа и да плачеме оти светот нема разбирање за нашите интереси и за големината и важноста на македонската нација? Да, светот е суров, но треба да опстанеме. А од интервјуто на нашиот премиер не се гледаат знаци на оптимизам и подготвеност за тешки одлуки. Или давање на алтернативни правци за развој ако веќе за Европа, како што вели, Македонија е несакано дете.


Статијата е прочитана 1819 пати.

Испрати коментар



Пеш на „Манаки“
ТроЈца мудреци и блокада
Сеќавање на Газа
Хуморот во политиката



Itar Pejo, 19.10.2011 00:42:12
Ako avtorkata gi procitala denesnite vesnici ce znaese deka alternativata e na povidok: Katar. Nie na Katar ce mu pdavame voda za zamena na nafta. Ne samo toa. Malata Makedonija mu ja otvora na Katar vratata kon golemiot evropski pazar na nafta a maliot Katar ni ja otvora vratata kon golemiot arapski pazar na voda. I taka Makedonija, slavnata tatkovina na Voinot na konj, ja ostvari drevnata idea: motor sto funkcionira na voda!
jovan, 19.10.2011 00:53:10
Deka Evropa ima problemi so Makedonska drzava ima, no ne celata Evropa. Ima i poinakva Evropa koja e prijatelski raspolozena kon Makedonija. Toa sto nie neznaevme po koj pat da odime, e nas problem. Inaku teoriite na Premierot deka site ne mrazat ne se daleku od vistinata. Edinstvena moja zabeleska e sto teorijata mozel da ja doprecizira, pa da kaze deka Hitler e ziv nekade vo Argentina(pie wisky so Elvis Prisli) i go sovetuva Brisel kako da ne istrebat. Ovaa teorija i te kako ke go podigne patriotskiot moral vo nasava drzava. Ke ne zblizi i sploti site nas okolu nasiot Premier i VMRO-Sitel. Toa sto veli deka sakale da go smenat so sila, neznam dali mu e alibi da pocne uste sega sam da si gi pakuva kuferite i da bega nekade (mozebi vo Argentina) ili pa bara sovet od narodov sto da pravi. Dali pak da raspise izbori i da moli boga da ne pobedi, pa taka drug da bide potoa kriv za propasta na ovaa drzava. Neka sprema i plan B, vo slucaj pak da pobedi. Loso ni se pisuva. Zatoa e ova.
Sejdo, 19.10.2011 07:04:11
Многу проблеми се наталожени кај нас,нее само името во прашање.Точео е дека во однос на името ЕУ има непринципиелен став кон нас, но сите други забелешки дадени во Извештајот, стојат и се дадени дури во многу поблага форма,отколку што се самите.Ред е веке да премиерот се сврти и да види што му се случува во локалните средини,што му прават малите арамбашии.Да види дека државата немилосрдно се ограбува-по сите основи.Нека почне да анализира од крајниот Исток и се ке му стане јасно.
Istocna Makedonija, 19.10.2011 07:50:55
Nekoj ubavo rekol,ne go luti onoj od kogo zavisis. Ne e taka odamna,bese eden porazvien,nas,se- veren sosed,dlaboko i zanosno penetriran vo nacionalna euforija.Duri i tolku,pretenciozno i ,,smelo,,vo karakiri stil zavojuva so NATO alian- sata,na celo so,,vozdot,,!Epilogot bese eksplici- ten.Narodot i den-denes nosi negativni konsek- venci i represalii!Bilo,da ne se povtori,pak rekle pametni luge.I setne,uci se na tugite primeri!Ne go luti posilniot,i da ne e vo pravo!Zalud gines! Strada i onaka napateniot narod.Ego-narcis!
Nekoj, 19.10.2011 10:08:40
Jas licno mislam deka postoi sudir na kultura i mentalitet i kolku i da sakate ne mozete da ja svatite EVropa, posebno onaa zapadnata ednostavno zasto poinaku razmilsuvate i ste na druga frekvencija-vo svetot na mrazenjeto i sakanjeto (namesto vo svetot na racinoalnoto i prakticnoto), vo svet na rekla kazala (namesto logicnoto i faktite) itn. Ednostavno turskiot mentalitet od pusto tursko ne vi dozvoluva da izlezete od konzervata vo koja ziveete i da vidite kako taa izgleda od nadvor. Zatoa Jovan ke fantazira deka ima zemj sto ne sakaat i ne ne sakaat, nekoj ke kaze deka Evropa ke se raspadne i kakvi ne drugi nesmisli. Ne e tesko da se pocne da se razmisluva poinkau, fali samo da nemate predrasudi, da svatite deka vo Evropa nema sakanje i mrazenje, deka sekoj se grizi edino za svojot zivot i problemi i sekoj se vodi spored pravilata. EU narodot voopsto ne go interesira politika. Ekonomijata ja diktira politikata a vo ekonomijata pak vazi konkuretnost, ideji, rabota. I koj ve mrazi?
navredeni i ponizheni, 19.10.2011 10:39:18
Nevozmozhno e premirot da ne znae deka vo politikata NEMA LJUBOV i prijatelstvo tuku samo INTERES. Zatoa, ovaa izjava e za domashna upotreba i mene me navreduva. On misli deka nie ne znaeme kako funkcionira svetot! Skandalozno e da ne PONIZHUVA na vakov neprimeren nachin! Go imitira Miloshevic koga vikashe deka svetot ne gi saka Srbite bidejki se nebeski narod
ONil podrzhuva prof. Igor Janev, 19.10.2011 10:40:33
По 20 години, период во кој името Република Македонија не предизвика меѓународни или домашни проблеми со Грција или со други земји, зошто да не се бара резолуција и потврда од ОН за користењето на името. Ова го истакна вчера амбасадорот Робин О Нил, првиот медијатор во грчко-македонскиот спор, во интервју за МТВ.
Aleksandar, 19.10.2011 11:35:59
Ova se poveke lici na 2001 i nacinot na koj dojdovme do Ohridskiot dogovor. Namesto sami da si najdeme resenie za sozivot so Albancite moraa da ni go nametnat. Ako imame sreka i sega ke bide taka a Grujo ke tresne ko kruska i toa skapana. A ako nemame sreka mislam deka odime pravo kon provalija koja moze da se pretvori vo podelba na Makedonija.
ФЕЛИКС, 19.10.2011 11:41:52
Ова е веќе можеби над 10-ти напис за премиерското писмо до ЕК.Да писмото може да се подели на два дела за кој може премиерот да се критику но и одобри пишување.Околу веќе познатите критики,судство,администрација медиумски газди,медиумска автоцензура и т.н по мене немаше потреба да премиерот реагира.Но во право е кога ЕК те обезвреднува со она фамозното,,вашиот и вашата,,.Реакцијата да со ова ЕК се става на страна на соседот е точна,да вршат непринципиелен притисок кон нас за името,самите не нудат решение а бараат решавање по терк на соседот.Факт е и тоа да поради одработувачите кој со својата љигава одработка тука придонесуваат да ЕК се однесува како што се однесува.
Makedonce, 19.10.2011 12:05:30
NE E MAKEDONIJA NESAKANO DETE TUKU TI, I PRIVATNO I POLITICKI!!! I NEMAS PRAVO DA NE DRZIS SITE ZALOZNICI NA TVOITE KOMPLEKSI, BASKA TI ZBOGATEN DO BESVEST A SITE OSIROMASENI DO KOSKA!!!
b, 19.10.2011 12:51:16
Ова плачење и кукулелекање на премиерот е недоволно. Треба погласно и појако, можда тогаш ке има фајде. Пред години беше убеден во успеси, кога се живо и диво преименуваше и провоцираше. Многу му велеа: немој, ке ти се удри од глава. И тогаш и сега, сите му се криви, сите се СДСМ-овци. Само тој, сиромашкиот секогаш и секаде е во право.
todor, 19.10.2011 14:59:46
zalno no vistinito. Ostani si makedonce kade sto si. Ti dadoa drzava a ti ne mozes da ja zacuvas.
Mitre na Lenka, 19.10.2011 15:26:16
bravi , makedonse....sosema si vo pravo !
Феличита, 19.10.2011 15:35:19
Историјата се повторува! И мене учителите ме мразеа.што поради тоа морав да работам повеќе! Пред тоа и јас плачев како Грујчо! Феликс бара решение Од ЕУ, а не од нас самите! Уште да објасни на кој јазик му е зборот „љигаво“?!
Ekspert, 19.10.2011 16:33:10
Соња, мислам дека самата си го сруши интелектуалниот рејтинг после анализава. Не дека анализата не ти е на место туку дека не смееше да ја правиш. Ова ќе му дојде како Роналдо да вложи голем труд за да постигне погодок од едно метро на празен гол. Мислам, интервјуто беше патетично смешно. Само тргни го името на Груевски и неговата функција и повторно прочитај го неговиот монолог, ќе видиш дека не е вреден за анализа. Како и да е, после ова Премиерско интервју, богами, многу повеќе сите треба да си ја цениме сопствената интелегенција и образование.
nacional-patriot, 19.10.2011 16:43:09
Od kade Sonja dobi vpecatok deka premierot ne e siguren vo raspolozenieto na narodot?Takvo nesto nema vo negovoto intervju.Tocno e toa deka se uste narodot e protiv dodavka na imeto na drzavata,no i sekogas narodot ke bide protiv bilo kakava dodavka na imeto.Onoj so potpis Aleksandar,bara da ni se nametne nekoe resenie za imeto.Kutriot, ne razbira deka dodavka ne moze da se nametne so sila i zatoa birokratite od Vasington i Brisel toa go znaat,a negovata glupost odi do tamu sto misli deka ke imalo podelba.Nikakava podelba nema da ima zatoa sto nedelivosta i unitarnosta na Makedonija e zagarantirana od narodot i bezbednosnite sili.Vo 2001 godina se pokaza i dokaza deka togasnata namera za podelba propadna poradi narodot i poradi bezbednosnite sili koi togas bea mnogu poslabi,nego sega.Zatoa ke nema ni podelba ni dodavka na imeto na drzavata.I ova im e mnogu jasno na birokratite od Vasington i Brisel.
Jован АН, 19.10.2011 22:20:46
Од интервјуто се гледа што сака Премиерот.Но од написот не се гледа што сака новинарката.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |