Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Свет
18.10.2011, 18:19

Прашање за милион: Што ќе донесе новото утро за Грција?

Денеска и утре штрајкува цела Грција, не можете да купите ниту леб, ниту бензин, ниту весници, а ниту ќе можете да влезете во земјата

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ



Атина - На Грција и' претстојат два интензивно пеколни дена, парализирани улици, генерален штрајк на државниот и на дел од приватниот сектор. Генералниот штрајк ќе ги затвори сите држа��ни служби, пристаништата и аеродромите, банките, а ќе ги затвори и бензинските пумпи, пекарите, бутиците и продавниците.

Државата е повторно во ситуација на критична недела на политички и економски план, во исчекување на одлука на европските држави за нејзин спас, легендарната шеста рата од кредитот, можно отпишување на долгот, шпекулации за нова техничка влада и веројатно насилни немири и судири меѓу полицијата и граѓаните за време на 48- часовните протести.

Дел од коментаторите во медиумите забележуваат дека веќе секоја нова недела во Грција е критична недела, така што нема ништо ново на кое не се навикнале од досегашните штрајкови и политички превирања. „Се сеќавате како на есен обично одбројувавме денови до Божик и Нова година, а не до новата одлука од Самитот на ЕУ“, забележа еден грчки граѓанин на „Твитер“.

Општеството дејствува како да е во постојан грч меѓу тоа дали ќе дојде до промена на актуелната влада или до промена на статусот на грчкиот долг, а за релаксирање од тој грч едноставно нема време поради постојаното најавување на нови даноци и кратење на дел од бонусите и придонесите. Токму поради најавите за кратење на плати, но и кратења на персонал во државниот сектор преку отпуштања и затварање на дел на службите работничките синдикати не престануваат со штрајкови.



Денешниот штрајк на трите големи синдикати во државата беше предвиден да трае 24 часа, меѓутоа се продолжи на уште едно деноноќие. Јавниот превоз ќе биде ограничен, таксистите излегуваат на дводневен штрајк, железницата и пристаништата имаат прекин на работата, затворени ќе останат училиштата, болниците, управите за јавни приходи, целиот државен сектор, банките, судовите, адвокатските канцеларии, бензинските каде и онака пресушуваат залихите на бензин и нафта за греење поради штрајкот на цариниците кој ќе трае до петок, стоматолошките и ветеринарните ординации, поштите, дел од аптеките. Денес затворени се и продавниците, бутиците, пекарите и трафиките поради штрајк на асоцијацијата на трговци кои истакнаа дека ги затвораат продавниците на еден ден за да не ги затворат засекогаш.

На улиците на Атина скапуваат повеќе од 30.000 тони ѓубре, а приватните камиони кои на барање на градот и владата собираат дел од сметот од главните улици, се движат со засилена полициска придружба со цел да се спречат инциденти од страна на вработените во јавните комуналии кои реагираат поради пореметување на нивниот штрајк и собирање на сметот.

Вчера еден ден пред почетокот на 48-часовните масовни штрајкови во Грција настапи уште еден 24-часовен медиумски молк. На улица во знак на протест против владината одлука да се укинат синдикалните договори за работа во медиумите излегоа новинарите од државните медиуми, но и голем дел од вработените во приватните медиуми против намалувањето на платите и големите отпуштања во државните и приватните медиуми. Кон штрајкот се приклучија и од генералниот секретаријат за комуникации, но и од вработените во прес-канцелариите на грчките министерства. Вработените во државната телевизија, радиостаниците и информативната агенција веќе една недела штрајкуваат со неемитување на информативна програма поради владината одлука со која велат дека државата ја руши сигурноста на нивното работно место и ги третира како државни службеници иако самата професија и работно време не се ни оддалеку исти со оние на државните службеници,

Додека синдикатите отворено демонстрираат, тешко е да се дознае што зад затворени врати договараат грчкиот премиер Јоргос Папандреу и Андонис Самарас кои имаа планирано средба вчера вечерта. По целодневната неизвесност во јуни и драмата од неколку чина околу тоа дали Папандреу ќе формира техничка влада со Самарас вчера повторно во воздух стоеше прашањето дали ќе биде најавена можност за нова техничка влада за спас или пак двајцата поранешни факултетски цимери ќе разговараат за стратегијата на Грција на Самитот на ЕУ закажан за претстојниот викенд, од кој Грција очекува конечно решение и одговор за тоа што ќе се случува и со нејзината и со европската криза.



Грчките медиуми се нафрлија на идејата дека Папандреу и Самарас ќе разговараат за заедничка влада и голема промена на домашната политичка сцена прво поради едночасовната средба со грчкиот претседател во понеделникот, а потоа и поради изјавата на Папандреу за време на министерскиот состанок каде споменува дека се води борба за да се спречи национална катастрофа, а за тоа во овие критични моменти потребно е во државата да има обединет фронт од кој никој не смее да отсуствува. Папандреу нагласи и дека сите мора да преземат одговорност и да покажат солидарност, а во таа категорија ги вклучи и политичките партии, но и синдикатите, бизнисмените и медиумите.

Во текот на вчерашниот ден до затворањето на весникот не се знаеше каков исход ќе има средбата на двајцата лидери, иако Самарас веќе неколку месеци отворено бара избори и промена на власта, наводно засилен и од подобриот рејтинг на Нова демократија пред владеачката ПАСОК. Весникот „Та неа“ шпекулира дека доколку Самарас повторно побара избори или одбие потенцијална соработка за заедничка влада можно е премиерот да му понуди заедно да одат на Самитот во Брисел в недела, додека пак „Катимерини“ коментира дека можно би било ПАСОК да предложи заедничка влада со Нова демократија и за сегашниот и следниот парламентарен мандат.

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пак, во репортажа за желбата на Самарас да стане нов премиер и зголемените шанси за победа на грчката опозиција поставува клучно прашање: „Зошто некој би сакал во овој момент да биде на власт во Грција?“


Статијата е прочитана 2806 пати.

Испрати коментар



Мексиканските сили убија 22 члена на наркобанда
Миланскиот суд го ослободи Берлускони
Клинтон во Триполи, силите на Гадафи во контранапад
Путин се претстави како гарант за иднината
Еден израелски војник за 1.000 Палестинци



Gavran, 19.10.2011 00:40:32
Kako si ja nadrobija corbata taka i neka si ja isrkaat.
jovan, 19.10.2011 00:55:52
Nisto. Ke si pijuckaat uzo, ke si mezat maslinki so sirence posipano so maslinov zejtin, letoska ke si se suncaat i plivaat, a EU neka mu ja misli sto ke bide utre. Niv im gori pod noze, ne tolku na Grcite.
Ljubotan-Trade Name, 19.10.2011 04:57:31
KAZUVAM,A znam za Grcija e vo Dobit, Grcija za EU, e Kako Mona Liza za Umetnosta,Bez Cena! Grcija e Ekonomska Triunfalna Kapija na Eu ,za sredniot i dalecniot Istok, The Soloniki -Solun e klucot so Suetskiot Kana za Evropa. Ako se saka da se odi podaleku Razmine preku Otran Kapija,a ne od Solun, Transpornite davacki ce porasdnat 10% pogolemi,Kazuvam za Grcija e vo Dobit, Grcija za EU, e Kako Mona Liza za Umetnosta,Bez Cena! Grcija e Ekonomska Triunfalna Kapija na Eu ,za sredniot i dalecniot Istok, The Soloniki -Solun e klucot so Suetskiot Kana za Evropa. Ako se saka da se odi podaleku Razmine preku Otran Kapija,a ne od Solun, Transpornite davacki ce porasdnat 10% pogolemi, Ps kazuvam za Grcija e vo Dobit, Grcija za EU, e Kako Mona Liza za Umetnosta,Bez Cena! Grcija e Ekonomska Triunfalna Kapija na Eu ,za sredniot i dalecniot Istok, The Soloniki -Solun e klucot so Suetskiot Kana za Evropa.
Александар М., 19.10.2011 08:44:57
Одговор, без пари. Б А Н К Р О Т.
Istocna Makedonija, 19.10.2011 09:19:59
Ne se raduvaj na deklasirana,inferiorna i krizna sosotojba kaj sosedot,kaj nikoj!Sovremenici sme, kako i osobeno vo nekoi pristrasni mediumi,kata- dnevno vo udarni tajminzi se bombardira medij- skiot konsument,so aktuelnite sostojbi vo Grcija. Dali e toa taktika za svrtuvanje na vnimanieto i koncentracijata vo druga nasoka,kutete ima i po- loso!E sega,realno,Grkot uste od raspadot na eks Jy so siot nejzin totalitarizam,NIKOGAS ne ziveel poloso,vo prosek,od prosecniot nas graga- nin!Zatoa,da se ostavat tugite dvorovi na sose dot,tie se negovi.Nasive da gi iscistime,jasno!
Tina, 19.10.2011 13:05:25
Golema depresija. Grcite se soucuvat so vistinata koi se i sto se. Toa e depresivno. Tesko da se gltne. Grcite napravile golema greska koga gi zatvorile granicite. Bar turistite ke gi mrdnat malce so rabota i humanosta. Sega se kao dete koje neznae sto da pravi, i si sedi vo kose i molce. A moze bi da Grcite sakat da se vo mir i da si planirat nov poteg na samostojno izdrzuvanje. Kako selanite rabotat. Si ja rastat hranata i jadat. I ne ke odgovarat na nikoj. Narocito na EU ili na Papandreu. Sepak, depresijata ke gi kosta poveke. Gubenje na spokojstvo, i razbirlivost. Cuvaj te gi granicite. Voa lici na mir pred bura.
tihi, 19.10.2011 15:17:53
Gi stigna evrejskata kletva ,da dade gospod da imash pa da nemash.So ova nesakam da im se sitam ,zatoa shto shto ni se komshii i posledicite kje gi pochustvuvame i nie.Ama tie si go zasluzhija a nam ni gi otvorija ochite.
ПОЛОШО УТРЕ, 19.10.2011 20:42:03
Секој штрајк секое нешто скршено или запалено носи поголеми трошоци и загуби до побрз банкрот. Пред 25 години беа како Бугарија по економнија и од диктатура оп во ЕУ. Европ никаква си.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |