Џејми Грабс
Уапсена љубовницата на Тајгер Вудс
Џејми Грабс, позната како една од многуте љубовници на најдобриот голфер на денешницата, Тајгер Вудс, завчера беше уапсена во западен Холивуд. Во рутинската проверка на сообраќајната полицијата беше откриено дека таа управувала со својот „форд мустанг“, иако предходно и' била одземена возачката дозвола. Од станицата на шерифот во областа на Лос Анџелес објавија дека ова е трет нејзин ваков прекршок.
Таа е задржана во привремен притвор со доделена кауција од 30 илјади долари, а уште денес треба да се појави пред судот во Беверли Хилс. Во еден разговор со американскиот магазин „Ју-Ес викли“, Џејми Грабс, која инаку работи како келнерка, призна дека била една од многуте љубовници на Тајгер Вудс, веднаш по сообраќајната несреќа на црномурестиот голфер пред неговиот дом во Флорида во минатиот ноември. Исто така, таа за магазинот овозможи пристап до говорната пошта и СМС-пораките што ги добиваше од Вудс. |