Гаџа во Струмица, Дани со шоу во Виница
Популарниот пејач Адријан Гаџа продолжува со своите настапи во клубовите и во дискотеките низ Македонија. Овој викенд на ред е струмичката публика - настапот е закажан во сабота, во клубот „Трокадеро“ каде што Гаџа ќе ги изведе „Скандали“, „Верував“, „Заробена“, „Виртуал дива“..., а журот ќе биде надополнет и со интерпретациите во живо на неколку актуелни светски хитови и евергрини, сето тоа зачинето со неговите извонредни танцувачки способности.
Додека Адријан ги забавува струмичани, неговата колешка Даниела Димитровска - Дани ветува одлична журка во клубот „Ефект“ во Виница, каде што ќе настапи вечерва во придружба на својата гитаристка и придружен вокал Лиле Атанасова. Дел од настапот на Дани, покрај изведбата на своите најголеми хитови, ќе има и промоција на најновата песна „Не живеам за другите“, како и интерпретација на дел од најпознатите светски рокенрол-балади.
Организатор на настапите е промоторско-продуцентската куќа „Премиер продукција“. |