Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Забава
Чарли Шин

Насилниот актер ја изневерувал сопругата?



Контроверзните сопружници Чарли Шин и Брук Мјулер се само на чекор до развод. Откако на крајот од минатата година Чарли ја нападна својата сопруга, ставајќи и' нож под вратот, поради што може да добие затворска казна од три години на судењето во јули, Брук не поднесе барање за развод. Но, се чини дека сега ќе го стори тоа, бидејќи како што многумина изјавија, дознала за наводната љубовна афера на Шин.

Според гласиштата, Чарли ја изневерувал сопругата со манекенката за долна облека, Анџелина Трејси, а кога заминувал на тајните љубовни состаноци, тој се маскирал лепејќи лажни мустаќи на лицето. Дознавајќи за неверството, еден извор вели дека Брук одлучила да се разведе од насилниот сопруг, кој, исто како и неа, има проблеми со зависноста од дрога.

„Сега Брук навистина размислува за развод. Се' може да очекува од Чарли и ниту едно негово непристојно дело веќе не може да ја зачуди, но сака да биде добра мајка и да ги заштити близнаците Макс и Боб. Нејзина моментална преокупација се децата“, откри извор близок до парот.

Претставникот на Чарли Шин ги негираше гласиштата, наведувајќи дека Анџелина е само сестра на еден од пријателите на Чарли, кој работи во Центарот за рехабилитација, каде што престојува познатиот актер.

#
Статијата е прочитана 974 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Секирарски со елегантни и провокативни креации
Елена Ристеска ќе пее на „Суперѕвезда“
Уапсена љубовницата на Тајгер Вудс
Два и пол часа во љубов со Сергеј Ќетковиќ
Гаџа во Струмица, Дани со шоу во Виница
Свеж албум по долгогодишна зависност
Славниот водител се разведува осми пат
Втор концерт на „Ареа“ в понеделник
„Едиторс“ утревечер во „Колосеум“