Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Забава

Лари Кинг

Славниот водител се разведува осми пат

Еден од најпознатите и најстарите телевизиски водители, Лери Кинг, побара развод од својата седма жена, Шоун Саутвик, поради „преголемите разлики“. Човекот што стана заштитно лице на Си-Ен-Ен одби подетално да зборува за причините за распадот на 13-годишниот брак. „Моментално, тој најмногу е загрижен за доброто на нивните две деца, па нема да коментира за разводот“, рече адвокатот на Лари.

Овој 76-годишен ТВ-водител се надева на „мирен развод“, тврдат неговите пријатели, а забележуваат и дека тој тешко ја поднесува целата ситуација. Како што наведуваат многумина, Шона ќе бара сопственост на нивниот досегашен дом во Беверли Хилс и на двата имота во државата Јута, а секако, ќе присобере финансии и од плаќањето алиментација на бившиот сопруг. Од друга страна, Кинг бара заедничко старателство над нивните две деца и не сака на сопругата да и' ги даде наведените имоти. На Лери Кинг ова му е осми развод досега, затоа што два ати беше оженет за Елен Еткинс.


#
Статијата е прочитана 1204 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Секирарски со елегантни и провокативни креации
Елена Ристеска ќе пее на „Суперѕвезда“
Насилниот актер ја изневерувал сопругата?
Уапсена љубовницата на Тајгер Вудс
Два и пол часа во љубов со Сергеј Ќетковиќ
Гаџа во Струмица, Дани со шоу во Виница
Свеж албум по долгогодишна зависност
Втор концерт на „Ареа“ в понеделник
„Едиторс“ утревечер во „Колосеум“