Прокредит ги зголеми каматите за штедачите
Прокредит банка ги зголеми каматните стапки за штедните влогови. „Прокредит банка почнувајќи од 1 октомври до крајот на годината ќе нуди промотивна камата од 5 отсто на депозитите во евра орочени на една година. Каматата може да биде исплатена месечно, квартално и на истекот на периодот на орочување. Каматата е фиксна и загарантирана за целиот период на орочување“, велат од Прокредит. (Ек.Р.) |