Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Привремено вработените да се рамноправни со редовните

Луѓето кои работат преку агенциите за привремени вработувања да бидат подобро заштитени и да добијат рамноправен третман со редовно вработените. Ова е целта што би требало да се постигне со измените на Законот за агенциите за времени вработувања, за кои Собранието ја утврди потребата да се изгласаат.

Со предложените измени се врши усогласување на домашното трудово законодавство со легислативата на ЕУ, образложи заменик-министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

„Вака се формира заштитно правна рамка за привремените работници, која е недискриминациска, транспарентна и пропорционална. Со измените се вградува принципот на еднаков третман и исто ниво на здравје и безбедност при работа, без разлика дали лицата се редовно вработени или преку агенции, а се вршат и измени кај казнената политика“ рече Ристовски.

Опозицијата излезе со обвинувања дека овој Закон досега се користел за партиски вработувања и тоа дека Владата најмногу ги злоупотребувала овие вработувања за партиски потреби. „Се сомневам дека ќе престане злоупотребата. Во Македонија најголема злоупотреба на тие вработувања има од Владата и не гледам политичка волја да прекине тоа“, рече Радмила Шеќеринска од СДСМ. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 778 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
И јас сакам акции во „Кока-Кола“
Омилените парчиња облека сега ќе чинат многу повеќе
Маркетите бадијала се бунат, новата давачка не им бега
Извозниците ќе освојувале нови пазари
Прокредит ги зголеми каматите за штедачите
Близу половина од Македонците „висат“ на „Фејсбук“






EU considers its division on Kosovo status an advantage
Bulgaria's Borisov loses ground and temper
Romanian former tennis star enters Roma controversy