Извозниците ќе освојувале нови пазари
Власта треба да им помогне на извозниците со низа мерки, а приоритет за домашните компании треба да е освојувањето нови пазари, порачаа учесниците на вчерашната расправа: „Извозот - клучен фактор за пораст на производството и на вработеноста“, организирана од Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, што се одржа во Кавадарци. Според сопственикот на компанијата „ИГМ трејд“, Илија Гечев, Македонија е мал пазар и власта треба да им помогне на извозниците со повеќе мерки.
„Основно е дека треба да им се дозволи на купувачите слободно да се движат на македонскиот пазар. Незначителна мерка што би била од големо значење. Зошто да има хиперпродукција на вино или на други производи“, рече Гечев. Тој потенцира дека е неопходно освојувањето нови пазари, при што концентрацијата моментно е на западноевропскиот пазар. Таков став изнесе и претседателот на СКМ, Бранко Азески. „Кинеска стока има секаде во големи количини, но, сепак, Македонија има предност, а тоа е квалитетната работна рака, како и металургија што со државна помош ќе ги надмине комплетно проблемите што ги има“, рече Азески. (Ек.Р.) |