Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Маркетите бадијала се бунат, новата давачка не им бега

И покрај тоа што газдите на најголемите синџири маркети жестоко протестираа, иако во тајност, поради најновите намери на власта да им воведе уште една давачка, во Собранието веќе на големо се тера процедурата околу усвојувањето на измените на Законот за трговија. Па, така, народните избраници вчера заклучија дека може да оди на натамошно читање предлогот за измени на Законот за трговија, со кој сите сопственици на над три продажни објекти, за лиценца за алкохол ќе мора да платат по 15.000 денари за секоја продавница, плус 0,05 проценти од вкупниот промет што го оствариле во минатата година. Тоа се големи пари што ќе треба да ги плаќаат сопствениците на маркетите, па од овие причини минатата недела тие до максимум ги вжештија телефоните на релација со Владата, за таа да отстапи од ваквите свои идеи. Но, очигледно дека сите интервенции биле попусти, бидејќи веќе е очигледно дека Собранието ќе го донесе законот.

Според заменик-министерот за економија, Методиј Хаџи Васков, измените се носеле за усогласување со европските директиви. „Ќе се допрецизира издавање на лиценците за алкохол и ќе се отвори можност за нивно продавање на зелените пазари, како и поедноставување на постапката за издавање лиценци“, рече Хаџи Васков.

Марјанчо Николов од СДСМ смета дека со измените се предвидува трговците да плаќаат нова ��авачка поради што СДСМ нема да го поддржи законот. Тој посочи дека од 2006 година ова е осма измена на Законот за трговија. „Главна цел на воведувањето лиценци за продажба на алкохол беше да се слеат средства во буџетот за издавање на лиценците. Сега повторно воведувате нова давачка за трговците, која повторно има цел да се соберат пари за буџетот“, рече Николов.

Тој праша со кое право се предвидува трговецот кој има над три продажни места да плаќа по 15.000 денари за лиценца плус 0,05 отсто од вкупниот промет што го остварил во минатата година, или околу 1.000 евра. „Зошто сега се бара повторно да се плаќа лиценца за продажба на алкохол и врз која основа за тоа треба да плаќа и 0,05 отсто од вкупниот промет, кога можеби само два отсто од него остварил од продажба на алкохол, а останатото од продажба на храна“, рече Николов.

И другите пратеници од опозицијата истакнаа дека новите давачки за лиценците за алкохол ќе одат на штета на потрошувачите и на вработените во трговијата и оти се воведуваат единствено за полнење на буџетот. (Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 1213 пати.

Испрати коментар

Од: Stojko
Датум: 07.10.2010 17:41:37
Za ova komentirav uste koga prv pat se objavi, ama ne mozam da se vozdrzam. Logicka posledica e da se prestane so prodazba na alkoholni pijaloci sekade. Toa ke dovede do toa da nasite mladi (srednoskolci pretezno) bidat pozdravi, poizdrzlivi i potporni. Normalno. posle toa ke im dadat besplatni (pokraj knigite) kratki pantaloni ili bermudi, a za sekoj slucaj (posto ne moze na sekoj da mu se potrefi broj) i tregeri. I na kraj, kako finale i kosuli, i toa crni, za da ne se prljaat mnogu, t.e. da ne se poznava. Nakraj, posto "cizma glavu cuva, ..." ke ima dadat i cizmi ili barem dlaboki konduri poznati kako cokuli. I slika ( i idnina se razbira) ke bide kompletna.

Најди! во Утрински
Економија
И јас сакам акции во „Кока-Кола“
Омилените парчиња облека сега ќе чинат многу повеќе
Извозниците ќе освојувале нови пазари
Прокредит ги зголеми каматите за штедачите
Близу половина од Македонците „висат“ на „Фејсбук“
Привремено вработените да се рамноправни со редовните






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma