Ферари ќе го потврди Алонсо во Монца?
Ферари, наводно, ќе го потврди потпишувањето со Фернандо Алонсо на својата домашна трка, Големата награда на Италија. Гласиштата за доаѓањето на двократниот светски шампион во Ферари не престануваат веќе три години, но место во италијанскиот тим Шпанецот ја помина сезоната 2007 во Мекларен пред да се врати во Рено. Но, неговите денови во оваа екипа се тврти дека се изброени.
Шпанскиот дневен лист „Диарио ас“ пишува дека во петокот во рамките на гран-при викендот во Монца, каде што трката ќе се одржи на 13 септември, Ферари ќе објави дека Алонсо ќе вози за нив следната сезона, потпишувајќи петгодишен договор. Не се знае, сепак, кого ќе замени меѓу Кими Раиконен и Фелипе Маса, кои имаа многу лош старт на годинашнава сезона. Кој и да остане од нив двајцата, и тој нема долго да се задржи, бидејќи, ако му се верува на „Ас“, Ферари е заинтересиран и за Себастијан Фетел за сезоната 2011. |