„Олимписки ден на трчањето“ на кејот на Вардар
Вечерва со почеток во 19 часот на кејот на реката Вардар, спроти хотелот Александар Палас, ќе се одржи олимпискиот ден на трчањето. Во манифестацијата ќе учествуваат граѓани од сите возрасти, олимписките великани и спортистите. Ќе партиципираат и дипломатските претставништца во Р. Македонија.
Инаку, олимпискиот ден на трчањето е глобална активност на Олимпиското движење со која се промовира масовниот спорт. Меѓународниот олимписки комитет официјално е формиран на 23 јуни 1894 година и како сеќавање на денот на формирање, за прв пат, во 1987 година е организиран Олимпискиот ден на трчањето.
За сите учесници МОК обезбеди маички и дипломи потпишани од претседателот на ИОК, Жак Рог. Покровител на настанот е долгогодишниот спонзор на МОК, „Пивара Скопје АД“. |