Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Во Белград старт на 25. Универзијада

Од денеска до 12 јули Белград ќе биде домаќин на 25. Летни универзитетски спортски игри, попознати како Универзијада. Отворањето на јубилејното издание ќе се одржи вечерва во „Белградска арена“ наместо на стадионот на Црвена звезда поради непредвидливите временски услови деновиве. На ова натпреварување ќе настапат околу 9.000 спортисти од 140 земји, меѓу кои и тројца Македонци, атлетичарката Ивана Рожман и пливачите Сергеј Наумовски и Евгениј Поп Ацев, сите со исполнети норми.

Македонската делегација синоќа со автобус требаше да отпатува во српската престолнина и вечерва да се појави на отворањето. Од нашите претставници први ќе се појават пливачите: Наумовски во трките на 50 и 100 м. во слободно, а Поп Ацев на 400, 800 и 1.500 м слободно. Пливачките натпревари ќе се одржат од 5 до 10 јули на отворениот базен во СРЦ „Ташмајдан“. Атлетските, пак, се предвидени од 7 до 9 јули на белградска „Маракана“, а Ивана Рожман е пријавена за рките на 100 и 200 м и во скок во далечина.

Во репертоарот на Универзијадата во Белград се вклучени 15 спортови (атлетика, џудо, фудбал, кошарка, мечување, одбојка, пливање, ритмичка гимнастика, скокови во вода, спортска гимнастика, пинг-понг, стреличарство, тенис, теквондо и ватерполо). Спортистите ќе бидат сместени во универзитетското село во Нов Белград, новоизграден и модерен комплекс кое опфаќа околу 250.000 метри квадратни.

Независна Македонија по седми пат ќе учествува на Универзијадите. Досега македонското знаме се вееше на јарболите во Шефилд 1991, во Бафало 1993 (таму нашата универзитетска спортска федерација беше примена за полноправен член на Светската со седиште во Брисел), во Палермо 1997, во Палма де Мајорка 1999 и во Пекинг 2001. Ги пропуштивме Универзијадите во Јапонија (1995), во Јужна Кореја (2003), Турција (2005) и Тајланд (2007).

Домаќин на 26. Универзијада во 2011 година ќе биде кинескиот град Шенжен. (С.Д.)


#
Статијата е прочитана 194 пати.

Испрати коментар

Од: ilijevski
Датум: 01.07.2009 14:27:18
navistina jakla zemja sme 9000sportista a od mak samo 3 i toa so rezultati na nivo na pioneri........

Најди! во Утрински
Спорт
Лотито- Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Вардар доби нови шпиц и полушпиц
Фудбалски вести
Без Русевски против Белорусија?
Федерер нервозно бара чаре за „бомбите“ од третиот кат
Кариерата на Надал на „стаклени“ колена
Само Јаќимовиќ со подобрен рејтинг
„Олимписки ден на трчањето“ на кејот на Вардар
Ферари ќе го потврди Алонсо во Монца?