Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Кариерата на Надал на „стаклени“ колена

Ако повредите го отргнат Шпанецот од терените, тоа ќе биде загуба за тенисот како онаа кога Борг замина на 26 години

Тоа беше најтажната приказна на годинашниов Вимблдон, иако се случи три дена пред почетокот на турнирот. Кога рафаел Надал објави дека нема да ја брани минатогодишната титула, никој не можеше да остане рамнодушен. Вимблдон без најдобриот светски тенисер не е тоа што би бил кога таму би играл Надал во своето надобро издание. Тоа го признаа и Роже Федерер и Енди Мареј, иако Надал со неиграњето им ја олесни работата низ ждрепката. Веројатно единствено не им беше криво на фановите на неговите противници или пак на оние кои не го сакаат Шпанецот.

Вимблдон и Квинс клуб не се први турнири кои Надал мораше да ги пропушти поради болните колена. Проблемот со тендинитисот се појави пред две години Кога Надал прв пат заигра со бандажи под колената. Најновите откажувања повторно ја вратија во игра приказната за предвремен крај на кариерата, а за тоа се зборуваше уште пред четири години.

„Се надевам дека неговото тело ќе успее да ги наплати чековите кои ги испишува неговиот рекет“, изјави Андре Агаси во 2005 година, алудирајќи на беспоштедната борба на Надал за секој поен. И не се само мечевите во прашање. За да игра на тој начин и на тоа ниво, Надал мора да тренира многу поинтензивно, на пример, од Федерер. Во приказната која ја објавува лондонскиот „Гардијан“, Шон Корвин, стручњак за физичка подготовка, тврди дека Надал има колена на 33-годишен човек, и заклучува: „Многу спортисти поради такви повреди беа присилени пред време да заминат во пенија или пак, да го намалат квалитетот на нивната игра затоа што нивното тело не е способно да ги издржи напорните тренинзи“.

Проблемите на Рафаел надал со колената се хронични и веројатно ќе го следат до крајот на кариерата. Но, шпанските лекари тврдат дека повредата на Рафа е под контрола. Шпанските новинари, кои се во секојдневен контакт со Тони Надал, добили уверување дека наскоро Надал повторно ќе биде во акција.

„Веројатно нема да биде подготвен за четврт-финалето од Дејвис Купот против германија, но може да биде со тимот. Сите тврдат дека повредата е под контрола и дека Рафа од ден на ден е се' подобар. Главна цел е настап на УС опен, а првиот меч би требало да го одигра во Монтреал“, изјави Мигел Анхел Фернандез, новинар кој пишува за „Ел мундо депортиво“.


#
Статијата е прочитана 740 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Лотито- Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Вардар доби нови шпиц и полушпиц
Фудбалски вести
Без Русевски против Белорусија?
Федерер нервозно бара чаре за „бомбите“ од третиот кат
Во Белград старт на 25. Универзијада
Само Јаќимовиќ со подобрен рејтинг
„Олимписки ден на трчањето“ на кејот на Вардар
Ферари ќе го потврди Алонсо во Монца?