Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Само Јаќимовиќ со подобрен рејтинг

Велемајсторот Драгољуб Јаќимовиќ е единствениот меѓу десеттемина најдобри македонски шахисти со повисок рејтинг на најновата листа на ФИДЕ со важност од денеска. Олимпискиот шампион од Истанбул 2000 освои десет поени на турнирот во српскиот град Гаџин Хан што се одржа на почетокот на јуни и неговиот нов рејтинг е 2417 поени, со кои е седми на листата на Шаховската федерација на Македонија.

Иако од 1 април до 1 јули загуби девет поени, ВМ Владимир Георгиев со новиот рејтинг 2530 остана на првото место на ранкингот на ШФМ, а на листата на ФИДЕ е 593. Во минативе три месеца тој одигра 38 рејтингувани партии на натпреварувања во Германија, во Италија, во Грција и во Бугарија.

Македонски топ 10: ВМ Владимир Георгиев 2530 (-9), ВМ Никола Митков 2526 (-4), ВМ Трајко Недев 2508 (0), ВМ Звонко Станојоски 2483 (-2), ИМ Александар Чоловиќ 2441 (-2), ИМ Дејан Стојановски 2432 (0), ВМ Драгољуб Јаќимовиќ 2427 (+10), ИМ Филип Панчевски 2422 (-1), ИМ Орце Данчевски 2411 (0) и ВМ Влатко Богдановски 2399 (0). (Р.Д.)


Статијата е прочитана 128 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Лотито- Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Вардар доби нови шпиц и полушпиц
Фудбалски вести
Без Русевски против Белорусија?
Федерер нервозно бара чаре за „бомбите“ од третиот кат
Кариерата на Надал на „стаклени“ колена
Во Белград старт на 25. Универзијада
„Олимписки ден на трчањето“ на кејот на Вардар
Ферари ќе го потврди Алонсо во Монца?