Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Мислења

Одличен тим ривали

Хенри А. Кисинџер

Новиот тим за национална безбедност е надеж дека Америка се обидува да дејствува над нејзините поделби, до нејзините можности

Според својот состав, тимот што Барак Обама го именуваше за политиката на национална безбедност прекршува некои максими на конвенционалниот разум: именувањето во лица со автономно изборно тело кои поради тоа тешко се разрешуваат ја ограничува претседателската контрола; именувањето советник за безбедност, државен секретар и секретар за одбрана, лица со утврдени политички ставови, може да ја апсорбира енергијата на претседателот во решавање на спорови меѓу советниците со силна волја.

Беше потребна храброст новоизбраниот претседател да избере ваква констелација и ни малку внатрешна увереност - два суштински квалитета за справување со предизвикот на извлекување ред од меѓународен систем во распаѓање. Во такви околности, игнорирањето на конвенционалниот разум може да се покаже како предуслов за креативност. И новоизбраниот претседател, и идниот државен секретар, Хилари Клинтон, сигурно заклучиле дека државата и нивната заложба за јавната служба бара нивна соработка. Оние кои буквално ја сфаќаат фразата „тим ривали“ не ја разбираат суштината на односите меѓу претседател и државен секретар. Не познавам исклучок на принципот дека државните секретари се влијателни само и ако само се сметаат за продолжение на претседателот. Каков било друг курс го ослабува претседателот и го маргинализира државниот секретар.



Системот „белтвеј“ на објавување информации и инсинуации немилосрдно ќе се обиде да продлабочи дури и едвај видлив расцеп. Странските влади ќе ја искористат пукнатината, водејќи алтернативна дипломатија Бела куќа - Стејт департмент. Ефективна надворешна политика и значајна уло��а за Стејт департментот во неа значи дека претседателот и државниот секретар делат заедничка визија за меѓународниот поредок, за севкупната стратегија и тактичките мерки. Неизбежните несогласувања треба приватно да се решаваат; всушност способноста на секретарот да предупреди или да постави прашање е во директен сооднос со дискрецијата со која се изразува тоа. Како што укажа новоизбраниот претседател, ниту еден од претпоставените не би можел да се обврзе за нивниот нов однос, освен ако не дошле до слични заклучоци. Успехот и неформалната потврда како водечка организација ќе ја дефинираат улогата на Стејт департментот. Ниту еден претседател нема да се чувствува обврзан да прими совет, бидејќи тоа го бара организациската табела.



Службата на САД за надворешни односи е неспоредлив инструмент усовршен од доживотна посветена служба. Како и секоја друга елитна служба, не избегнува одредена приврзаност. Мислењата на оние кои не се издигнале во нејзините редови не се сфаќаат секогаш доволно сериозно. Државните секретари се фрустрирани од нејзините комплексни внатрешни расчистувања, а претседателите се жалеа во нивните мемоари за бавноста на нејзините реакции. Всушност, во секојдневната работа, Стејт департментот е голема машина за телеграми која одговара на илјадници пристигнати дописи од поштите низ цел свет. Обработени од различни помошници-секретари за официјална акција, само мал процент од тие телеграми некогаш стигнуваат до секретарот, а уште помал број до Белата куќа. Оставен на себе, системот инволвира серија латерални расчистувања, постигнати со балансирање на посебни интереси. Никој не може да постави прашање за потенцијалот за раководење на идниот државен секретар, за пробивање низ закоравените шаблони или нејзиното импресивно присуство на преговори. Нејзини најнепосредни предизвици се да обезбеди стратегиска насока и да го реорганизира одделот така што имплементирањето да одговара на извонредното известување.

Заштитник на процесот на спроведување долгорочна надворешна политика е советникот за национална безбедност, институциски неопходен иако третиран со резервираност од традиционалните оддели. Никој како генерал Џејмс Џонс не бил именуван за советник за безбедност, со оглед на неговото искуство како поранешен командант на марински корпус и командант на НАТО. Работата на советникот за безбедност во сегашната форма се појави во 1961 година, кај Кенеди, бидејќи ниту еден чисто административен кадар не би можел да се справи со приливот документи во Белата куќа. Доколку приливот на меморандуми не е контролиран во дефинирани опции, претседателот би трошел поголем дел од неговото време арбитирајќи внатрешни спорови. Всушност, кога советникот за безбедност е слаб, аргументите меѓу одделите се особено интензивни.



Советникот за безбедност мора да се грижи дека претседателот ги добива сите релевантни опции и дека извршувањето на политиката го одразува духот на првичната одлука. Тоа е тешка задача, бидејќи одделите настојуваат да го изедначат внатрешниот морал со усвојување на нивните препораки. Максимата дека советникот за безбедност треба да дејствува како сообраќаец, а не учесник во политичкиот процес, е повеќе теоретска. Лицата кои се доволно способни да го надгледуваат развојот на опциите ќе бидат доволно информирани да придонесат за нивната содржина. А секојдневната фреквенција на контакти на советникот за безбедност со претседателот ја прави разликата психолошки неодржлива. Советникот за безбедност неминовно ја има предноста на блискост. Неговиот кабинет е во близина на оној на претседателот; државниот секретар е на оддалеченост од 10 минути. Потоа, институциски, советникот за безбедност работи речиси исклучиво на проблеми од интерес за претседателот. Државниот секретар има многу клиенти од светот кои бараат внимание, понекогаш не од преголем интерес за претседателот. Државниот секретар често патува; советникот за безбедност речиси секогаш е блиску до претседателот. Олеснувачката функција на советникот за безбедност е проследена со улога во креирањето политика врз основа на огромното, речиси уникатно искуство. Неговиот специјален однос со претседателот бара деликатност во однесувањето која не секогаш се постигнува кај советниците за безбедност, вклучувајќи го и авторот.

Продолжувањето на функцијата на Роберт Гејтс, како секретар за одбрана, е важен балансирачки елемент во тој процес. Сам меѓу клучните играчи, тој е на крајот, не на почетокот на неговата политичка улога. Согласувајќи се да остане на привремена улога, тој не може да биде заинтересиран за неминовното маневрирање кое ги следи сите нови администрации. Новата администрација мораше да го именува него свесна дека тој нема да ги смени убедувањата. Тој мора да го направи тешкото приспособување од една администрација на друга. Тој е гарант на континуитетот, но и водич на потребната иновација.

Секако, процесот не е замена за суштината. Но, дури и со ова предупредување, новиот тим за национална безбедност ја поттикнува надежта дека Америка се обидува да дејствува над нејзините поделби до нејзините можности.

(Авторот беше советник за национална безбедност и државен секретар во администрациите на претседателите Никсон и Форд)


Статијата е прочитана 209 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Собранието издиша по спринтот
Од Владата бараме поддршка, а не пари
Македонија и Грција на 19 јануари во Хаг
Претходен број
Зденко
Многу промотори за инвестиции, малку резултати
Британија ќе се повлекува од Ирак
Безгласни студенти
Вербатим
Студентите обвинуваат дека нивниот глас е замолчен
Се заокружува истрагата за смртта на кичевскиот новинар
Следува клуч на врата за „Лотарија на Македонија“
Политички брендови
Соња од ТАТ лапнала уште половина милион евра